Кој ќе биде посилно погоден од американските царини: Европа или САД?

Американскиот претседател Доналд Трамп најави зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум. Какви последици ќе има овој потег за Европската унија, а какви последици за САД?
Килскиот институт за светска економија (IfW) спроведе симулација и доби недвосмислен одговор: повисоките царини ќе ги чинат САД повеќе.
Според пресметките на IfW, новата царинска стапка ќе го намали бруто домашниот производ на ЕУ за само 0,02 отсто. Имено, производите од челик и алуминиум сочинуваат само пет проценти од европскиот извоз, а само мал дел од тоа оди во САД.
Од друга страна, ефектот од поскапувањето на овие производи во САД ќе биде многу повидлив. Цената ќе скокне за 0,47 отсто, што ќе ја поттикне инфлацијата, а се предвидува пад на извозот во САД за 1,37 отсто.
Имено, значителното зголемување на цената на увозот на челик и алуминиум ќе ги поскапи американските индустриски погони, што ќе ја наруши нивната конкурентност на меѓународниот пазар.
„Тарифите како протекционистички потег може да имаат ефект во контекст на слоганот „Америка на прво место“, но, во крајна линија, тие се против американските економски интереси“, рече Џулиона Нинц од IfW.
Пресметката на IfW не го зеде предвид одговорот на ЕУ на трговската политика на Трамп и можната ескалација.
Трамп најави зголемување на тарифите за целиот увоз на челик и алуминиум на 25 отсто во февруари, а мерката ќе стапи на сила во среда.