Кој е Лук Блек, претставник на Србија на Евросонг 2023?


Младиот поп пејач Лук Блек  (30) ја однесе победата на српскиот избор за песна на Евровизија, во мај во  Ливерпул, со електронската поп-песна „Само ми се спава“.
Лук Блек или Лука Ивановиќ е од Чачак. Тој е кантавтор и прв соло изведувач со ексклузивен
договор со Universal Music Group.
Со авторска музика се занимавал од 2005 година. На 12 години почнал да пишува текстови,
а на 16 да компонира музика и да пишува аранжмани. Снимил 6 албуми, кои ги слушнале само неговите најблиски пријатели.

Сега „излезе на површина“ неговото интервју од пред три години во кое зборува негативно за „Песна на Евровизија“.

„Не сакам ни да ја гледам, ужасно ми е тоа, мразете ме слободно. За мене тоа е треш“, изјави тогаш Лука.

@IAMNINOSLAV

 

LUKE CRNI #FORYOU #BALKANTIKTOK #FORYOUPAGE #MACEDONIA #CAPCUT #CROATIA #MAC2023 #BULGARIA #SERBIA #ALBANIA #ALBANIA #FY #BALKAN #PABLOVITAR #MILICAPAVLOVIC #WHITESOCKS #VOYAGE #GYM #FITNESS #KONSTRAKTA

♬ ORIGINAL SOUND – IAMNINOSLAV

 

Лук во првите интервјуа по победата на Евровизија се осврна и на оваа снимка.

„Јас не ја нареков Песна за евровизија ѓубре. Можеби го нареков нешто што, како уметник кој не е дел од српската култура, во тој момент, со тој мозок за време на пандемијата, сето тоа ми беше треш. Но, претходно сум рекол дека Евровизија е феноменална“, се оправдуваше Лука.

Наводно, внук е на ланската евровизиска претставничка Констракта и  веќе 6 години живее и работи во Лондон каде и ја создал песната со која ќе се обиде да победи на Евросонг.

Во јавноста се огласи и Констракта. Таа прво го коментираше својот „наследник“ и истакна дека верува во неговата намера.

„Лук Блек ми се чини дека е најдобриот материјал што може добро да комуницира на Евровизија, но ми се допаднаа и Филип Балош и Џипси и Егрет. Имаше песни што ми се допаднаа и во кои видов можност да одат понатаму. Има и пропратен визуал што тоа го поддржува, а исто така и анплагува, ги исклучува играчите на сцената и тоа чудовиште умира… Темата е актуелна, но никогаш не се знае дали има шанса во Ливерпул“, објасни таа.

Таа потоа ги коментираше наводите дека е поврзана со годинешниот победник:

“Тоа мене ме забавува. Се вели и дека сум му напишашала песна во рок од три минути додека спиел. Можеби метафорично сум му тетка”, додаде Констракта за српските медиуми.