Кога Кејт Аптон, најсексапилната жена на планетата, ѝ пркоси на гравитацијата (галерија)
САД- Кејт Аптон, супермодел и актерка, во 2011 го освои светот на модата со облините, харизмата и убавината, а „Максим“ ја избра за најсексипилна жена за 2018 година.
Оттогаш, не се симнува од пиедесталот на најубави жени во светот, и е една од најангажираните манекенки во престижните модни магазини, меѓу кои и „Спортс илустрејтед“.
Нејзините фотосесии ширум светот, од егзотични локации до Антарктикот, се легендарни, но таа од 2014 е незаборавна, кога Аптон ѝ пркоси на гравитацијата кога „плови во вселената“ за фотосесија со нулта гравитација во Кејп Канаверал со фотографот Џејмс Мацари.
Во летовите Zero G, бестежинскиот феномен обично се доживува во интервали од 30 секунди, така што екипажот и Аптон немаа многу време да ја постигнат совршената снимка.
Во еден момент, Мацари може да се слушне како вели: „Не ми оди баш најдобро, но мислам дека Кејт работи неверојатно! Количината на умешност и промисленост што влегоа во ова снимање е неверојатна.
Аптон, сега е мајка на Женевиев и е мажена со безбол играчот, Џастин Верландер и се уште е активна како манекенка.
Подолу се нашите омилени фотографии од фотосесијата на Аптон која ѝ пркоси на гравитацијата во 2014 година. („Спортс илустрејтед“)






