„Коалиција на подготвените“: Доколку нема мир, да се зголемат санкциите врз Русија

По денешниот виртуелен состанок на „Коалицијата на подготвените“, имаше повеќе изјави од европските лидери кои учествуваа во разговорите насочени кон заштита на мировниот договор за Украина.
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на европските лидери им порача во случај да нема прекин на огнот во Украина, Европската Унија и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија.
„Мора да се почитува сувереното право на Украина да ги утврди условите за мир“, рече Коста на платформата X.
Финскиот претседател Александар Стуб рече дека „постои силен консензус меѓу земјите од коалицијата за потребата да се продолжи со поддршката на Украина“.
Чешкиот премиер Петр Фиала рече дека коалицијата се согласила дека непосреден приоритет мора да биде запирање на убивањето.
Виртуелната средба ја предводеа британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски учествуваше во видео повикот од Брисел, каде што го помина попладнето во друштво на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Средбата се одржа пред утрешното патување на повеќе европски лидери во Вашингтон, каде што ќе му се придружат на Зеленски на состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп.
Полскиот министер за надворешни работи, Радослав Сикорски рече дека „за време на разговорот, нагласив дека, за да се постигне мир, притисокот мора да биде насочен кон агресорот, а не кон жртвата, рече Сикорски.