Ќе се продаваат слики и мебел од осум резиденции на Карл Лагерфелд во Франција и во Монако


Франција– Колекциите на уметнички дела и мебел од легендарниот германски моден дизајнер Карл Лагерфелд ќе бидат продадени на аукција во Монако оваа есен, се вели во соопштението на аукциската куќа Сотби.

Сотби рече дека ќе бидат потребни околу два месеци да се направи попис на сите предмети во осум резиденции на Лагерфелд во Франција и Монако.

Лагерфелд, кој почина на 19 февруари 2019 година, беше компулсивен колекционер, кој исто така редовно продаваше некои свои колекции во текот на неговиот живот. Колекција на мебел и предмети од „Арт Деко“ продадени од Сотби во 2003 година собра близу 7 милиони евра.

Сотби изјави дека е прерано да се процени колку може да собере аукцијата.

“Само што започнуваме со пописот. Во продажбата на колекции на такви големи глобални личности, вредноста на предметите е тесно поврзана со нивната потекло”, изјави за Ројтерс потпретседателот на Сотби во Франција, Пјер Мотос.

Во 2009 година, продажбата на предмети што им припаѓале на дизајнерот Ив Сен Лоран и неговиот партнер Пјер Берге собрале 373 милиони евра. (Ројтерс)