Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април, почина во затворот во Штип
Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за 27 април почина во затворот во Штип. Тоа за МИА го потврди Дејан Здравков, директорот на Казнено поправниот дом „Затвор Штип“.
Тој вели дека во моментов не може да споделува повеќе информации, бидејќи очекуваат насоки од Основното јавно обвинителство.
Ѓорѓиевски беше осуден на казна затвор од 13 години.