Кинезите купуваат калапи за бебињата да имаат округла глава


Во Кина одненадеж се појави мода дека е убаво да се има округла глава, па родителите се почесто купуваат скапи „корективни калапи“ за да го обликуваат черепот на своите нбебиња.

Како што се наведува во извештајот на „Тенсент њус“, а пренесува „Инсајдер“, трендот за ставање на корективни калапи на главите на бебињата почнал овој октомври, а родителите побрзале в продавница да набават кациги за своите потомци.

Овие калапи потсетуваат на топка за куглање и наводно се наменети за бебињата чии глави имаат рамни тилови. Калапот во текот на поголемиот дел од денот се става на главата и се верува дека тоа ќе помогне во обликување на главата затоа што таа додека сме бебиња е мека, се уште се развива. А кружниот облик е на цена деновиве во кина.

Весникот „Саут Чајна морнинг пост“ објави репортажа за мајка која го објавила своето искуство на социјалните мрежи, каде вели дека со лацигата успеала да му го подобри обликот на главата на своето бебе.

Под наслов „Го одведов бебето на корекција на обликот на главата, покрај протестите од семејството“, мајката наведува дека со својата седуммесечна ќерка отишла во медицинска установа да ѝ направат „опрема за корекција на главата“, прилагодена за неа.

„Мислам дека носењето кацига за обликување на главата е како носење протеза за заби, а тоа помага да се исправи некој дел од телото и да се направи убав“. напиша неименуваната мајка во објава која потоа е избришана.

„Имам рамна глава назад и знам колку е болно за жените на кои им значи убаво да изгледаат. Не сакам моето дете да расте и цел живот да страда поради овој дел од своето тело“, наведува друга жена.

Не се знае колку оваа мајка го платила калапот за главата на ќерката, но како што наведува кинеската траница „Соху“, такви уреди може да чинат и до 4.300 долари.

Желбата за округла глава е промена на модните трендови во Кина

До пред неколку децении луѓето во Кина веруваа дека рамно теме и високо чело се знак за среќа. Некои родители ги тераа децата да спијат на книги или на дрвени штици за да им се израмни темето.

 

Меѓутоа, според медицинските стручњаци, раниот развој на детето најдобро е да се препушти на мајката природа.

Покрај тоа, интернет продавницата „Таобао“ во сопственост на „Алибаба“, кинеската верзија на „Амазон“, продава разни помагала за корекција на главата на бебето. Тие се движат од перници за корекција од 20 долати сдо кациги од 3 долари, или простирки за спиење од 15 долари кои спречувата бебето да спие на грб и да „добие рана на главата“,

Желбата да имаат округла глава се проширила и на корисниците на социјалната мрежа „Веибо“, кои почнаа да делат совети и трикови како да се „простите од рамната глава“, предлагајќи разни техники за обликување на фризурата која ќе створи илузија за совршено округла глава.

Дебата за трендот на кинескиот портал сличен на „Редит“, под назив „Како настанува рамна глава“, покрена околу 32.000 теми за кои се расправа за тоа како да се „исправи“ или да се сокрие обликот на главата.

„Обликот на главата ја одредува вашата привлечност. Дајте им на децата добар почеток и исправете ги нивните коски додека можете“, наши аеден корисник.

Педијатар од Нанкинг наведува дека вакви кациги користат само во болнички третмани доколку постои медицинска причина за нивна примена и дека родителите треба да се обратат на стручњаци за дијагноза.

„Но, бесмислено е да се корегира обликот на главата кај бебињата само за тоа да биде убаво. Можеби во прашање се само фрустрации на родителите“, вели педијатарот.