Кинезите и Русите ја тестираат Јужна Кореја – нестабилност во регионот


Кина и Русија денес спроведоа заедничка воздушна патрола над Источнокинеското Море и западниот Тихи Океан, додека Јужна Кореја соопшти дека кинеските и руските авиони накратко влегле во зоната на нејзината воздушна одбрана.

Во соопштението на кинеското министерство се додава дека патролата е извршена во согласност со годишниот план за соработка на кинеската и руската армија.

Според официјалните информации, ова е десеттата стратешка воздушна патрола што двете армии ја организирале од 2019 година, објавува кинескиот „Глобал тајмс“.

Порано денес, јужнокорејската војска соопшти дека формација од девет кинески и руски воени авиони накратко влегла, а потоа ја напуштила зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја над водите источно и јужно од копното на земјата.

Во соопштението се наведува дека руските и кинеските воени авиони не го нарушиле воздушниот простор на Јужна Кореја и се додава дека авионите биле откриени пред да влезат во зоната на операции на јужнокорејските воздушни одбранбени сили.