Кинескиот амбасадор во Париз бил зафатен за да оди во француското МНР

Државниот секретар за европски прашања на француската Влада, Клемент Бон, потврди дека кинескиот амбасадор во Франција одбил да се појави на поканата во Кеј Д’Орсеј, оправдувајќи го одбивањето со проблем со агендата, јави дописникот на МИА.
Бон потврди дека амбасадорот навистина бил повикан, но дека тој одбил, наведувајќи проблем со дневниот ред.
-Проблем со агендата. Не верувам премногу во тоа и тоа не функционира во таа насока, рече тој.
„Ниту Франција, ниту Европа не се бришки за чевли. Кога некој е повикан, кога е амбасадор, се оди на покана до Министерството за надворешни работи . Чекаме што е можно поскоро оваа покана да биде почестена“, додаде тој.
Кинеската амбасада во Франција се оправда за недоаѓањето на поканата е проблем со агендата на амбасадорот, за да го оправда нејзиното одбивање да присуствува на повикувањето во Кеј Д’Орсеј.
Покрај навредите изречени кон француски научници од страна на официјалниот профил на Твитер на кинеската амбасада во Франција, Париз ја оцени и одлуката на Пекинг да санкционира десет европски државјани, вклучително и еден француски европратеник и четири организации, како „неприфатлива“ ова како одмазда за европските Санкции на Унијата за насилството на Пекинг врз муслиманското малцинство Ујгури.