Кинески бизнисмен порачал медицинска маска со брилијанти од 1.5 милиони долари


Shankar Kurhade (48), shows his face mask made out of gold as he poses for a photograph amidst the spread of the coronavirus disease (COVID-19) in Pune, India, July 4, 2020. Kurhade claims the mask weighs 50 grams and costs around $3870. REUTERS/Stringer REUTERS/Stringer NO ARCHIVES. NO RESALES.

Израел– Израелски дизајнери работат на изработка на најскапата медицинска маска во светот. Цената, како што се предвидува, ќе изнесува скоро 1,5 милиони долари.

– Маската се состои од 18-каратно бело злато, а ќе биде украсена со 3.600 бели и црни брилијанти. По желба на клиентот, може да бидат додадени филтри Н-99, изјави дизајнерот Исак Леви, на компанијата за накит.

Порачката за една таква маска е на кинески бизнисмен кој живее во САД. Според изработувачите, маската ќе тежи околу 270 грама, што е речиси 100 пати повеќе од обичната медицинска маска.

– Една ваква маска може да биде сериозен предизвик во време на економска криза, кога стотици милиони луѓе ги загубија своите приходи, смета Леви.

Од друга страна пак, нарачката е добродојдена за неговата фирма којашто како и цел свет се соочува со корона-кризата.