Кинеска мода на Моден викенд Скопје: Вечер на естетски спектакл од свила (фото)


Фото: Б. Грданоски

Деликатна модна приказна од свила во експлозија на бои и дезени кои го слават културното богатство на Кина и уникатната рачна изработка што ја отсликува богатата и разновидна кинеска модна сцена, раскажаа три кинески модни и накит дизајнери, со поддршка на Амбасадата на Кина во Македониј. Вечерва, на отворањето на 32. Моден викенд Скопје, под будното око на Света Богова-Јовановска и нејзиниот тим. 

Фото: Б. Грданоски

Ревијата посветена на кинеските дизајнери Zhou Jin, Gong Hangyu, Jiang Xiaoxi и Chen Ziyue, беше исклучително визуелно и естетско доживување, и ексклузивен почеток на еден нов возбудлив Моден викенд во главниот град  кој ветува мода како економска и културна сила, индустрија што создава вредности, ја поттикнува дигиталната трансформација и ја нормализира одржливоста како дел од новата деловна етика.

Фото: Б. Грданоски

Многубројната публика, ВИП гостите од бизнисот и естрадата , како и претставници од дипломатскиот кор во земјата, во новиот современ урбан простор  во „Дајмонд мол“ ги поздрави Кинеската Амбасадорка во Македонија, г-ѓа Џианг Сјаојен .

Фото: Б. Грданоски

Публиката искуси синтеза на традиционални и современи естетики, кои не се обидуваа да објаснат култура, туку ја претставуваа како континуитет. Различни естетики, но со заедничка дисциплина и јасна свест за потеклото и неговата современа форма.

Фото: Б. Грданоски

Атмосферата од ревијата, публиката, и изложбата со традиционални кинески силуети и витринската презентација на накит во урбаниот простор на модното случување, ви ја пренесуваме со фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски. 

Л. Сабит

Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б: Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски