Кина: Вакцините не нѝ се многу делотворни, може ќе ги мешаме


 

Шефот на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести во неделата рече дека поради „помала делотворност на моментално расположливите вакцини се разгледува можноста за комбинирање на различни вакцини против Ковид-19“.

ДОстапните податоци покажуваат дека кинеските вакцини заостануваат зад другите по делотворност, вклучително и производите на „Фајзер“ и „Модерна“, но полесно е да се складираат затоа што не бараат толку строги контролни температури.

„Вакцините кои во моментот се достапни немаат висока стапка на делотворност. Се разгледува користење на вакцини од различни технолошки линии“, рече Гао Фу.

Според него, „оптимизација“ на постапката за вакцинирање, вклучувајќи го менувањето бројот на дози и временската дистанца меѓу дозите, „дефинитивно“ е решение за делотворност на вакцините.

Кина разви четири домашни вакцини кои се одобрени за јавна употреба.

Во сабоатата функционер од Националниот здравствен секретасријат рече дека Кина до крајот на годината најверојатно ќе произведе три милијарди дози вакцини против Ковид-19.

Двете вакцини на „Синофарм“ покажаа делотворност од 79,4 и 72,5 отсто. Кинеската вакцина „Синовак“, како што покажаа клиничките испитувања во Бразил, имаат делотворност нешто повеќе од 50 отсто, додека во Турција испитувањето на таа вакцина покажа делотворност од 83,5 отсто.

Кина испорача милиони дози вакцини во други земји. Пекинг се уште не одобри никакви странски вакцини да се употребуваат во Кина, каде корона вирусот се појави кон крајот на 2019 година.

Досега Пекинг горливо ги бранеше своите вакцини, истовремено доведувајќи ја во сомнеж сигурноста и логистичките капацитети на останатите вакцини.