Кина со еден потег ја крена цената на челикот на 150 долари за тон
Цената на железната руда го надмина нивото од 150 долари за тон, бидејќи Кина го помести рокот за домашната гигантска индустрија за челик да почне да ги намалува емисиите на јаглерод за пет години, давајќи му приоритет на економскиот раст.
Емисиите на јаглерод од огромниот и високо загадувачки сектор на челик во Кина се очекува да достигнат врв во 2030 година, додека претходниот рок беше 2025 година, се вели во владиното соопштение објавено во понеделникот, пишува Блумберг.
Според њујоршката агенција, ова е сигнал дека властите ја рекалибрираат климатската стратегија во однос на минатогодишните скокови на цените на суровините и дека подготвуваат посилни стимулации за економските сектори кои бараат јаглерод.
Инвеститорите одмеруваат колку стимулации ќе даде владата за стабилизација на кинеската економија, која почна да забавува. Повисоката градежна активност, по правило, значи поголемо производство на челик, што пак ја зајакнува побарувачката на железна руда, што значи повисоки емисии на стакленички гасови, се додава во текстот.
Производството на челик сочинува околу 15 отсто од емисиите на јаглерод во Кина.