Ким Кардашијан и Кање Вест се разведуваат по седум години брак
САД– Ѕвездата на реално шоу Ким Кардашијан поднесе барање за развод на бракот од раперот Канје Вест, пренесуваат американските медиуми. Двојката е во брак речиси седум години и имат четири деца.
Според американските медиуми, 40-годишната ѕвезда од реалното шоу на семејството Кардашијан, поднела барање за развод и за старателство на децата. Ниту еден од нив двајцата засега јавно не коментираше.
Веста за ТМЗ ја потврди портпарол на Судот во Лос Анџелес, дека документите биле поднесени минатиот петок.
Кардашијан постигна успех и во други области, од мода, до мобилни апликации и шминка, а „Форбс“ го проценува нејзиниото богатство на 780 милиони долари. Веста за разводот следи по неколкумесечни шпекулации за нивните односи. Славниот рапер лани неуспешно се кандидираше за претседател на САД, имаше доста јавни испади, по што Кардашијан кажа дека тој има биполарна болест, и дека е „комплицирана, но прекрасна личност“.
Пријателите велат дека Кање е потиштен од целата ситуација, а Ким полесно го поминува разводот посветувајќи се на работата и на децата.