Килограм тартуфи продаден за 130.000 евра


На 24-та светска аукција на бели тартуфи, одржана во Италија, најскапиот тартуф тежеше 1.004 грама и беше продаден за 130.000 евра.

На лицитацијата за над 30.000 евра се продадени уште три тартуфи од 315, 250 и 48 грама. И овој приход ќе оди во добротворни цели. Слично беше и минатата година кога тартуф тежок 950 грама беше продаден за 184.000 евра.