Кендал Џенер позира на коњ во кампањата на Стела Мекартни


Ако веќе не сте знаеле, Кендал Џенер е горда девојка со коњи. „Отсекогаш сум сакала животни. Јавав коњи 10 години, па мислев дека ќе бидам професионален јавач, а потоа ветеринар“, изјави таа за Harper’s Bazaar во 2016 година.

Судбината, се разбира, имаше различни планови за втора најмлада членка на кланот Кар-Џенер, а заврши во модната индустрија, позирајќи за многу брендови- од линијата за облекување на нејзината сестра Ким Скимс до Келвин Клајн. Сега, таа ги комбинира двете страсти – манекенството и коњите – за Стела Макартни.

Снимени од Харли Веир, на фотографиите е основачкатана Текила 818 во солените предели Камарг во Франција, опкружена со познатите бели коњчиња во регионот, кои ги тренирал шепотот и спасувачот на коњи Жан-Франсоа Пињон. Секако, искуството на Џенер во јавање и грижа за коњи ја направи совршено лице на кампањата, според основачот Стела Макартни.

„Знаев дека девојката Стела од оваа сезона мора да ги сака коњите исто како и јас“, вели дизајнерката на нејзината последна колекција. „Кендал јава од мала, исто како мене, и има свој ранч; можете да видите колку е пријатна таа околу овие чувствителни суштества и тие со неа“.

За кампањата Џенер позира во низа пози со стадото, во модлеи од познатата британска модна линија без крзно. Иновации за вегански материјали од Мекартни оваа сезона вклучуваат материјал со ефект на крокодил, кожа создадена од отпад од грозје и јаболка и додатоци направени од мицелиум од габи. Компанијата е фокусирана да понуди повеќе алтернативи од кожа и крзно кои користат природни состојки, за разлика од пластиката.

„Колекцијата подготвена за носење е направена од 92%  еколошки материјали, што ја прави најодговорната зимска понуда на Стела Макартни досега“, тврди брендот во соопштението за печатот.

Кампањата, од друга страна, докажува дека да се биде љубител на животни во светот на модата може да биде исто толку гламурозна, толку и етичка. 

Stella McCartney Winter 2023 ќе биде достапна за купување во бутици, избрани трговци на мало ширум светот и на stellamccartney.com од август 2023 година.