Кејт Мидлтон со симболичен накит на погребот на принцот Филип


Англија- Познато е дека и војводата и војвотката од Кембриџ уживаа во блиски односи со принцот Филип во текот на целиот живот, како и силна врска со кралицата, нешто на што Кејт му оддаде почит преку изборот на накит за денешниот погреб во Виндзор, му присуство на семејството.

Кејт се одлучи да носи црн превез, и црна тоалета на Роланд Муре заедно со бисерни обетки и бисерен четиреден ѓердан со дијамантски привезок за кој се тврди дека се позајмени  од Нејзиното височество (и дел од личната колекција на кралицата). Носењето накит на кралицата е посебен начин Кејт да ја покаже својата лојалност кон вдовицата монарх.

Кејт ѓерданот го носеше и за време на свечената вечера за 70-годишнината од бракот на кралицата и принцот Филип. Легендарниот ѓердан во 1982 година го носеше и леди Дијана, мајката на принцовите Вилијам и Хари на вечера во палатата Хемптон Кор.

Самата кралица го носеше ѓерданот за време на 70-от роденден на британската премиерка Маргарет Тачер. (според агенциите)