Кејт и Вилијам на божикна турнеја како благодарност на организациите во борба против Ковид-19


Англија– Војводата и војвотката од Кембриџ започнаа со својата тридневна турнеја со Кралскиот воз, напуштајќи ја синоќа лондонската станица Еустон.

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се сретнаа со вработените во транспортот на станицата за да им се заблагодарат за напорната работа во текот на пандемијата Ковид-19. Шејкин Стивенс го изведе својот празничен хит „Среќен Божиќ на сите“ за кралската двојка додека заминуваа на турнејата.

Како што е откриено во соопштението за печатот од палатата Кенсингтон, војвотката Кејт и принцот Вилијам ќе изведат тридневна турнеја со кралски воз „пред Божиќните празници за да им оддадат почит на неверојатната работа на поединци и организации во надминувањето на  пандемијата на коронавирусот“.

Кејт и Вилијам „ќе поминат 1250 милји и ќе преземат работни посети, ќе се состанат со работници од прва линија, волонтери, домашен персонал, наставници, ученици и млади за да слушнат за нивните искуства, жртви и инспиративната работа што ја завршија во текот на оваа предизвикувачка година “.

Според портпаролот на палатата Кенсингтон, „Војводата и војвотката со нетрпение очекуваат да посведочат на неверојатната работа што е направена низ целата земја во текот на оваа тешка година и да ја споделат нивната благодарност во име на нацијата за сите оние што ги поддржуваат нивните локалните заедници пред Божиќните празници “.