Кажете „не“ на трошењето пари за суплементи: Изедете ги овие намирници


Магнезиумот е многу важен за нашето здравје, особено во неговата природна форма. Еве каде можете да го најдете!

Без витамини и минерали не можеме да функционираме нормално. Ги има насекаде во нашата храна, некогаш повеќе, а некогаш помалку. Еден од нив е магнезиумот, кој му помага на здравјето на нашиот мозок. Најмногу може да се најде во бадемите и спанаќот.

Една нова студија сугерира дека диетите богати со магнезиум го штитат мозокот и му помагаат да остане здрав подолго време. Исто така, храна која е богата со магнезиум се лиснат зеленчук и јаткасти плодови.

Повеќето нутриционисти забележуваат дека е важно сите да имаме урамнотежена исхрана, дека не треба да ги земаме популарните „додатоци за оддржување на мозокот“. Најкомплексниот орган во телото е заштитен со природна храна. Една неодамнешна студија покажа дека луѓето кои јадат храна богата со магнезиум имаат подобра меморија дури и додека стареат. Добри резултати се забележани кај жени во постменопауза.

Националниот институт за здравје на Австралија препорачува земање од 320 до 430 милиграми магнезиум дневно.
Зголемувањето на внесот на магнезиум „може да доведе до значително подобро здравје на мозокот, што исто така се очекува да придонесе за поголемо когнитивно зачувување и помал ризик или одложен почеток на деменција во подоцнежниот живот“, велат истражувачите.

Една нова студија покажува дека трошењето пари на скапи суплементи не е неопходно за да се подобри функцијата на мозокот – само повеќе спанаќ во исхраната може да биде доволно за добри физички, ментални и други здравствени способности. Магнезиумот помага и за релаксација и поквалитетен сон. Промовира мускулна релаксација со блокирање на калциумот во телото.

Заклучокот од студијата е дека е подобро да се зема храна богата со магнезиум отколку да се користат суплементи. Тие често може да предизвикаат дијареа и други проблеми со дигестивниот тракт. Големите количини на магнезиум доведуваат до намалување на крвниот притисок, летаргија, конфузија и депресија.