Русите се уморни од пропагандата: Секој трет престанал да гледа телевизија


  Државната пропагандна машина, што се спроведува во Русија на ниво без преседан од советско време, брзо ја губи својата публика. Иако Владата годишно издвојува сума споредлива со буџетот на еден голем регион за одржување на државните медиуми, бројот на граѓани кои гледаат телевизија опаѓа веќе пет години. Од 2018 до 2023 година, уделот на […]

Словачка ја суспендира воената помош за Украина


  Словачката претседателка Зузана Чапутова денеска го отфрли планот на привремената влада за испраќање нова воена помош за Украина, велејќи дека владата нема овластување и оти партиите кои се противат на таквата поддршка преговараат за формирање влада по минатонеделните избори. Претседателскиот кабинет денеска соопшти дека актуелната техничка влада има само ограничени овластувања, бидејќи на 15 […]

Во руски ракетен напад во продавница и кафуле во украинско село загинаа 49 лица


  Најмалку 49 цивили беа убиени во четвртокот во руски ракетен напад врз селска продавница во источна Украина, еден од најсмртоносните напади во последниве месеци што дојде кога украинскиот претседател Володимир Зеленски присуствуваше на самитот на околу 50 европски лидери во Шпанија за да добие поддршка од сојузниците на земјата. Зеленски го осуди нападот врз […]

Германската полиција заплени суперлуксузни автомобили на рускиот олигарх Алишер Усманов


  Во четвртокот наутро, царинските и полициските службеници запленија имот во вила во Ротах-Егерн ам Тегернзе во германската покраина Баварија, за кои се вели дека се поврзани со рускиот олигарх Алишер Усманов. Меѓу другото, се вели дека се пренесени неколку висококвалитетни луксузни возила – истражителите во оваа земја веруваат дека милијардерот со узбекистанско потекло има […]

Емотивен говор на Зеленски во Гранада: Децата во Харков учат во метрото


ГРАНАДА, Шпанија – Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди европските лидери дека Русија може да ги обнови своите воени капацитети и да нападне други земји во рок од пет години, доколку континентот се колеба во својата поддршка за Киев. Зеленски, кој присуствува на самитот на Европската политичка заедница во Гранада, исто така рече дека останува […]

Азербејџан е „подготвен“ за разговори со Ерменија со посредство на ЕУ


Азербејџан вели дека е „подготвен“ за разговори предводени од ЕУ со Ерменија, но остро ја критикуваше „политиката за милитаризација“ на Франција во Јужен Кавказ. „Азербејџан е подготвен за трипартитни состаноци во Брисел наскоро во формат на Европската унија, Азербејџан и Ерменија“, рече претседателскиот помошник Хикмет Хаџиев. Претседателот Илхам Алиев ја одби средбата со ерменскиот лидер […]

Австралиски долари со ликот на Чарлс Трети наскоро во оптек


Повеќе од една година по смртта на британската кралица Елизабета Втора, ликoт на сегашниот британски крал Чарлс Трети наскоро ќе се појави на австралиските долари, соопштија денеска властите. Златниот австралиски долар ќе биде прв со ликот на новиот британски монарх, кој официјално е и шеф на државата Австралија. Извршниот директор на Кралската монетарна парична единица […]

Самит за намалување на штетите од тутунот: Сѐ повеќе алтернативи, а сѐ поголем број пушачи


Отпорот кон намалувањето на штети се зголемува како што расте пенетрацијата на алтернативите на цигарите е една од пораките на 6. издание на Самитот за намалување на штети од тутун во Атина, во организација на Интернационалната асоцијација за контрола на пушењето SCOHRE. На Самитот се водеа дискусии помеѓу еминентни експерти за намалувањето на штети, лекари и научници, вкупно 250 од сите континенти, […]

Силен земјотрес во Јапонија: издадено предупредување за цунами, па повлечено


апонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено. Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима, на околу 580 километри јужно од Токио. Нема информации за жртви или материјална штета. 

Џејмс О’Брајан е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија


Вашингтон – Американскиот Сенат го потврди назначувањето на Џејмс О’Брајан за помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. За именувањето на О’Брајан гласаа 67 сенатори, а против беа 31 сенатор, соопшти Сенатот. О’Брајан ќе ја замени Јури Ким, некогашна американска амбасадорка во Албанија, на местото помошник државен секретар за Европа и Евроазија. О’Брајан, кој […]

САД: Ќе испратиме запленето иранско оружје на Украинците


Вашингтон – САД испратија на Украина повеќе од милион парчиња иранска муниција кои беа запленети минатата година во водите на Индискиот Океан, соопшти американската војска. Централната команда на САД, која е одговорна за воените операции на Блискиот Исток, објави дека во Украина биле испратени околу 1,1 милион куршуми од калибар 7,62 мм. -САД се посветени да […]

Масовно пукање во Масачусетс, убиени се повеќемина (видео)


Повеќе лица се убиени во масовно пукање во Масачусетс. Пукањето се случило во Холиок на раскрсницата на улиците „Мејпл“ и „Сарџент“ околу 13 часот по локално време.   „Можеме да потврдиме дека има повеќе жртви и ова е активна и тековна истрага. Ве молиме избегнувајте ја областа, ќе обезбедиме ново ажурирање ова попладне“, соопшти полицијата […]

Администрацијата на Бајден отпишува девет милијарди долари студентски кредити за 125.000 Американци


 Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска соопшти дека отпишува девет милијарди долари студентски кредити на 125.000 зајмувачи, чекорот доаѓа откако отплаќањето на студентските кредити се реактивира овој месец по пауза од повеќе од три години поради Ковид-19 пандемијата.  Простувањето на долговите е дел од напорите на Белата куќа да отпише дел од овие кредити, […]

Индија ги откри токсичните сирупи поврзани со смртта на 141 дете ширум светот


Индискиот регулатор за лекови открил дека сирупите за кашлица и за алергија направени од Норис Медицинс се токсични, според владиниот извештај, неколку месеци откако индиските сирупи за кашлица беа поврзани со смртта на 141 дете ширум светот. Лековите биле контаминирани со диетилен гликол или етилен гликол, кој е пронајден во сирупите за кашлица кои предизвикуваат […]

„Волстрит џорнал“: Прекинот на финансирањето од САД се заканува на економската стабилност на Украина


 САД не плаќаат само за испораките на оружје за Украина, туку и за сметките на владата во Киев и буџетскиот сектор, па поради тоа се очекува следниот месец да престане со работа американскиот систем за финансирање на платите на Украинците и државните трошоци, пред се, поради недостиг на нови парични инјекции од американскиот Конгрес, јави […]

Новото проширување ќе ги чини земјите членки на ЕУ 256 милијарди евра


Проширувањето на бројот на земји-членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Украина, ќе ги чини постојните членки повеќе од 256 милијарди евра, пишува „Гардијан“. Огромната цена за проширувањето е обелоденета додека европските лидери се подготвуваат за собирот во шпанскиот град Гранада на средба на Европската политичка заедница, каде ќе се разговара за следните чекори за деветте […]

Русија соборила сопствен авион-ловец „Су-35С“ кај украинскиот град Токмак


  Руската противвоздушна одбрана во областа Токмак во Украина „со голема веројатност“ го соборила сопствениот авион-ловец „Су-35С“, се вели во извештајот на Британската одбранбена разузнавачка агенција. Ова се случило на 28 септември, приближно 20 километри зад линијата на фронтот. Според веб-страницата „Орикс“, која ги брои документираните загуби на опрема, Русија веќе изгубила 92 авиони (наспроти […]

На „Октоберфест“ годинава вкупно 7,2 милиони посетители


Германскиот Фестивал на пивото во Минхен, „Октоберфест“ годинава го посетиле рекордни 7,2 милиони луѓе. Настанот траеше од 16 септември до вчера, 3 октомври. Ова е само третпат во историјата, по 1984. и 1985 година, овој настан да биде посетен од повеќе од седум милиони луѓе, пишува „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk). Собирот годинава траеше 18 дена […]

Пратениците на ЕУ го поддржаа Вопке Хоекстра за висока позиција во ЕУ за климата


Брисел – Пратениците на ЕУ ја поддржаа кандидатурата на поранешниот холандски министер за надворешни работи, Вопке Хоекстра, за висока позиција во ЕУ за климата, и покрај загриженоста за неговите минати врски со нафтената индустрија. Европратениците од Комитетот за животна средина, исто така, му дадоа зелено светло на словачкиот комесар Марош Шефчович да го надгледува амбициозниот климатски […]

Мишел: Украина може да се приклучи во ЕУ во 2030 година


Брисел – Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека Украина би можела да се приклучи на Европската унија во 2030 година „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“. „Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Ние во ЕУ треба да […]