Рогозин му сугерирал на Путин да ја погоди Украина со вселенска ракета полна со ТНТ

Германскиот весник „Билд“ објавува аудио снимки на кои поранешниот директор на Роскосмос го претставува планот за уништување на голем град во Украина


Дмитриј Рогозин и Владимир Путин

 

На почетокот на јануари 2023 година, поранешниот шеф на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, предложи рускиот претседател Владимир Путин да погоди голем украински град со вселенска ракета „Сојуз“ исполнета со експлозив, пишува „Билд“.

„Билд“ дошол до аудио снимки од разговори во кои, наводно, Рогозин разговара за деталите за организирање на ударот со генералниот директор на ракетниот и вселенски центар „Прогрес“, Дмитриј Баранов. Снимката ја објавува и телеграмскиот канал VChK-OGPU.

На снимката, Рогозин и Баранов разговараат за можноста ракетата да се движи кон Украина „доаѓа од север, а не од исток“, односно од рускиот космодром Плесецк во регионот Архангелск, наместо космодромот Восточни на границата со Кина. Така, таа би можела да носи повеќе повеќе експлозив.

„Од исток ќе биде 7,5 тони, од север – 10 тони. Па, можеш да одземеш тон за безбедност, значи е 6,5 и 9 тони“, објаснува Баранов.

Баранов тврди дека 50-метарската ракета може да биде насочена „во која насока сакаме“, но има проблем: поради суперсоничното повторно влегување, постоечките тешки високоексплозивни бомби или наведувани боеви глави ќе се прегреат со брзина од 6 километри во секунда.

„Ова е суперсонично повторно влегување, а постоечките тешки „фаб“ [тешки авијациски бомби ФАБ-500 – ТМТ] не функционираат, тие почнуваат да се прегреваат, во нив се уништува ТНТ [тринитротолуен, вид експлозив – ТМТ], и соодветно, моќноста критично паѓа. А тој што е контролиран е исто така суперсоничен, исто така не е дизајниран за ова и нема заштита од прегревање“, вели Баранов.

По ова, Рогозин ветува дека ќе се консултира за ова со главниот дизајнер на Московскиот институт за топлинско инженерство, Јуриј Соломонов.

Друг ризик за кој разговараат Рогозин и Баранов е дека делови од ракетата би можеле да паднат на руска територија. Тие исто така се загрижени дека грешката во ударот може да се движи од 50 до 100 километри. Рогозин бара од Баранов да ги пресмета овие детали и прашува колку време ќе биде потребно за да се подготви операцијата. „Шест месеци е плафонот“, одговара директорот на „Прогрес“.

Поранешниот шеф на Роскосмос го нарекува Владимир Путин „наш голем и страшен“ и вели дека планот ќе му го пренесе преку шефот на претседателската администрација, Антон Ваино. Подоцна во телефонски разговор, тој му кажува на Баранов дека Ваино „бил многу заинтересиран“ и побарал „хартија“ да му ја даде на Путин.

Според „Билд“, на рускиот претседател планот му бил упатен на 16 јануари. Не се знае како тој реагирал на тоа.

Во јули 2022 година, Рогозин беше отпуштен од функцијата шеф на Роскосмос. По напуштањето на државната корпорација, тој најави создавање на група воени советници, „Царските волци“, кои се ангажирани во воено-техничка поддршка за борбените единици на самопрогласените народни републики Донецк и Луганск.

По заминувањето од Роскосмос, Рогозин почна активно да ја коментира војната во Украина. Меѓу другото, тој предложи употреба на тактичко нуклеарно оружје како одговор на украинската контраофанзива.

Во септември 2023 година, Рогозин беше назначен за сенатор од анектираната област Запорожје.