ЕУ нема да признае незаконски обид за промена на статусот на украинските територии


Брисел – Русија ги усоврши инструментите на теророт и прогонот што ги применуваше на Крим во текот на изминатите девет години и сега вршат злосторства во градовите и селата низ цела Украина, од кои многу претставуваат воени злосторства, порача денеска претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел во своето видео обраќање на Третиот самит на Кримската […]

Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија


Мека – Силно невреме ја погоди Мека во Саудиска Арабија. Ветерот соборувал луѓе и превртел тешки метални конструкции. Националниот метеоролошки центар (НКМ) и за денеска издаде црвено метео предупредување во покраината и некои области на Кралството. Голем број видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат како аџии брзаат да се засолнат, додека вработените во Големата џамија […]

Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан


Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција. Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив. Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина […]

Четворица загинати и четворица повредени во напад врз училиште во североисточна Украина


Четворица просветни работници загинаа, а четири лица се повредени во руски напад врз училиште во градот Ромни во североисточна Украина, изјави министерот за внатрешни работи Ихор Клименко. Тој додаде дека спасувачите од урнатините ги извлекле телата на директорот на училиштето, заменик – директорот, секретарот и библиотекарката. „Четворица мештани се повредени додека минувале покрај училиштето, рече […]

Повторно истребување на Викинзите? Сè помал бројот на Скандинавци во институциите на ЕУ


Изумираме во Брисел.Тоа е егзистенцијален повик од  Данска, Шведска и Финска, кои велат дека Европската унија мора да ги промени своите навики за вработување или ризикува практично да ги елиминира нордиските функционери од Европската комисија, моќната извршна власт на ЕУ што ја пишува легислативата што управува со цел континент. Додека овие земји во моментов се […]

Германската Влада го одобри Законот за двојно државјанство


Германската Влада го одобри долгоочекуваниот закон за модернизација на законот за државјанство, јавува Анадолија. На прес-конференција во Берлин, министерката за внатрешни работи Ненси Фезер соопшти дека предложениот закон ќе го рационализира процесот на натурализација и ќе овозможи двојно или повеќекратно државјанство за имигрантите. – Воведуваме модерен закон за имиграција кој подобро ќе и служи на нашата […]

Си повика на забрзано проширување на БРИКС


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска повика на забрзано проширување на БРИКС, групата земји што ја сочинуваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република. -Треба да дозволиме повеќе земји да се приклучат на семејството на БРИКС за да го направиме глобалното владеење поправедно, рече Си на самитот на лидерите на БРИКС во Јоханесбург. Кинескиот лидер оцени […]

(Видео) Индија стана четвртата земја која безбедно слета вселенско летало на Месечината


  Индија е на Месечината, ова се зборовите со кои земјата влезе во историјата како само четврта земја во светот која безбедно го спуштила своето вселенско летало на површината на природениот Земјен сателит. Громогласен аплауз избувна во центарот на Индиската организација за вселенско истражување (ИСРО), каде неколку стотици луѓе внимателно ги следеа податоците на екранот […]

ЕК го одобри планот на Чешка за поддршка на компаниите погодени од руската инвазија врз Украина


Брисел – Европската комисија го одобри планот за помош на Чешка во износ од околу 800 милиони евра наменети за поддршка на чешките компании што се сочуваат со зголемени трошоци за енергија поради војната во Украина.  Како што јави специјалниот изветувач на МИА, планот е одобрен согласно Привремената рамка за државна помош во услови на криза […]

ФБИ: Најмалку 115 луѓе загинаа во пожарите на Хаваи


Хонолулу – Најмалку 115 лица загинаа, а 1.100 се водат како исчезнати во пожарите што ги зафатија Хаваи, соопшти денеска американското Федерално истражно биро (ФБИ).  Во извештајот објавен од ФБИ, две недели по пожарите што го зафатија островот Мауи, е испратена покана до роднините кои би можеле да ја олеснат потрагата по исчезнатите. Се претпоставува […]

Русија именуваше нов, привремен врховен командант на воздухопловно-вселенските сили


Москва– Русија назначи нов привремен врховен командант на воздухопловно-вселенските сили, кој доаѓа на местото на Сергеј Суровикин, наречен „генерал Армагедон“, кој исчезна од очите на јавноста откако платениците на Вагнер се побунија против највисокорангираљните луѓе од војската. „Поранешниот шеф на руските воздушни сили, Сергеј Суровикин, сега е разрешен од должноста, додека генерал-полковник Виктор Афзалов, началникот […]

Скандинавците недоволнo застапени, а Балканците презастапени во институциите на ЕУ


Брисел – Иако се релативно добро застапени на повиски нивоа во администрацијата на ЕУ, граѓаните на скандинвските земји се помалубројни помеѓу пониските слоеви на бриселската бирократија, како резултат на фактот што овие работни места не се премногу привлчени за Скандинавците, пред се за помладите генерации. Токму затоа, скандинавската тројка во ЕУ – Данска, Шведска и Финска, […]

МиГ-29 или Ф-16: Кој борбен авион е подобар?


При свртување огромна гравитациска сила го прицврстува пилотот за седиштето. Губењето на свеста се спречува само со врвна кондиција и специјални хеланки кои ја туркаат крвта од нозете. Брзината на летот ретко е под 900 километри на час.   Линк до целиот текст тука

Дрон удри во зграда во изградба во Москва, а други два беа соборени


Москва – Беспилотно летало удри во зграда во изградба во московскиот деловен кварт, а други две биле соборени од руската противвоздушна одбрана во близина на главниот град. Во нападот извршен ноќеска нема повредени лица, соопшти руското Министерство за одбрана. Се наведува дека беспилотните летала биле украински. Засега нема реакција од Украина. Во соопштението на руското МО […]

Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД


Вашингтон – Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од […]

Њујорк тајмс: Украинските сили се погрешно распоредени


Вашингтон – Украинската војска се измачува да ја пробие руската одбрана во голем дел затоа што има премногу војници на погрешни места вклучително и некои од нејзините најдобри борбени единици, објави денеска Њујорк Тајмс, цитирајќи неименувани американски претставници. Еден од нив наведува дека главната цел на контраофанзивата треба да биде прекинување на руските линии за снабдување […]

Шпанскиот крал Фелипе му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативците, Алберто Нунес Феихо


Шпанскиот крал Фелипе Шести му го врачи мандатот за формирање влада на лидерот на конзервативната Народна партија (НП), Алберто Нунес Феихо. Монархот, кој е шеф на шпанската држава, ја донел одлуката по консултациите со претставниците на политичките сили кои најдоа место во Парламентот по изборите на 23 јули, кои не дадоа јасен победник. Феихо сега […]

Путин: Процесот на дедоларизација во БРИКС е неповратен


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека процесот на дедоларизација меѓу членките на БРИКС е неповратен. „Неповратниот процес на дедоларизација зема замав, се прават напори да се развијат ефикасни механизми за меѓусебно порамнување и монетарна и финансиска контрола“, рече Путин во видео обраќањето за време на самитот на БРИКС во Јоханесбург. Тој додаде дека се […]

Спасени сите деца од жичарницата што висеше над провалија во Пакистан (ВИДЕО)


Пакистанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека сите осум лица, од кои шест деца, се извлечени од жичарницата која висеше над провалија на висина од над 300 метри, јави „Би-Би-Си“. Спасувачката операција во која беа вклучени командоси од армијата на Пакистан е официјално завршена. На жичницата утринава кога децата оделе на училиште пукнале жици, а […]

Марош Шефчович именуван за нов извршен потпретседател на Европската комисија


 Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска го именува потпретседателот на ЕК за меѓуинстутционални односи Марош Шефчович за нов извршен потпретседател на Комисијата задолжен за спроведување на Европскиот зелен договор. Шефчович доаѓа на местото на Франс Тимерманс, кој се повлече од Европската комисија за да биде кандидат за холандски премиер на блокот на […]