Силно невреме го зафати Рим: Врнежи од дожд и силен ветер (видео)


Фото: Б. Грданоски

Силно невреме вчера ја погоди италијанската престолнина Рим.

Меѓу најзагрозените населби се оние на северозападот на Рим, од Камилучија до Трионфало, каде што некои луѓе останаа заробени во автомобили. Тие мораше да бидат спасени од пожарникарите.

Врнежи од дожд и силен ветер се забележани и во Тор Бела Монака, Корнелија, Париоли, Саларио, Остија, Понте Галерија, Балдуина, Фламини, како и во центарот на италијанската престолнина.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, небото во еден момент поцрнело, а неколку минути подоцна започнал силен дожд со силен ветер.

Улиците беа поплавени, а во некои делови наврнаа и околу 50 мм дожд.

Поради поплавите сообраќајот се одвива отежнато, а некои улици се целосно непроодни.

Метро станицата Батистини е поплавена и е затворена до понатамошно известување. Многу градски транспортни линии се сменети.
Силен ветер како торнадо е регистриран и на аеродромот Фиумичино.