Во Тексас нелегалната имиграција ќе се смета за државно злосторство


Гувернерот на Тексас Грег Абот синоќа потпиша закон според кој нелегалната имиграција се смета за државно злосторство, а во обид да се запре рекордно зголемениот проток на имигранти во земјата.  Според законот, фатените имигранти ќе се соочат со повеќе години затвор, но ќе имаат избор – можат да бидат ослободени ако се согласат да се […]

Нов пакет санкции на ЕУ заради руската агресија врз Украина, на листата речиси 1.950 физички и правни лица


Советот на ЕУ донесе одлука за вклучување на дополнителни 61 поединци и 86 субјекти на листата на физички и правни лица кон кои се воведени санкции поради нивните активности за поткопување или загрозување на украинскиот територијален интегритет, суверенитет и независност, како надополнување на вчера усвоениот 12-ти пакет економски и индивидуални рестриктивни мерки поврзани со руска […]

Руски судови прекинаа седум рочишта против Навални откако тој исчезна


  Руските судии ја прекинаа новата кривична постапка за затворениот опозициски лидер Алексеј Навални, a поддржувачите велат дека тој не контактирал со своите адвокати речиси две недели, а официјален претставник на ОН рече дека неговото отсуство значи „присилно исчезнување“. Судовите во понеделникот прекинаа седум судски рочишта „додека не се утврди каде се наоѓа [Навални]“, рекоа […]

Риши Сунак: Премногу цивили се убиени во конфликтот Израел-Хамас


 Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека премногу цивили загинале во конфликтот меѓу Израел и Хамас и го обнови својот повик за „одржлив прекин на огнот“ за да се овозможи ослободување на заложниците. Портпаролот на Сунак посочи дека одржливиот прекин на огнот значи траен прекин, но додаде дека Велика Британија не се залага за целосен […]

Ватикан одобри: Свештениците може да благословуваат истополови парови


Ватикан, во историска одлука одобрена од папата Франциск, денеска објави дека римокатоличките свештеници ќе можат да вршат обреди на благослов за истополовите парови, под услов обредите да не бидат дел од редовните католички ритуали или литургија. Во документ од ватиканската администрација за доктрина се наведува дека таквите благослови нема да ги озаконат неправилните ситуации, туку […]

Извлечени три деца од под ѕидот што се урна во училиште во Романија


Сид од домот на средното училиште Тамаси Арон во Одореј Секуеску, Романија, попладнево се урна, а спасувачките екипи се на терен. Сомнежите се  дека до уривање дошло откако работници вршеле работи на приклучување на објектот со канализационата мрежа. Според портпаролката на градскиот совет, Зорга Ноеми, во училишниот двор се изведувале работи за приклучување на канализационата […]

Путин ги достави документите за регистрација за претседателските избори следната година во Русија


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги доставил своите документи до Централната изборна комисија на Русија за да се регистрира како кандидат за претседателските избори во земјата во 2024 година. „Тој ги достави“, потврди портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руските државни медиуми. Поддржувачите на Путин минатата сабота официјално ја започнаа неговата кандидатура за претседателските избори […]

Во Шпанија 18 училишта беа затворени поради лажни закани за бомби


Неколку меѓународни училишта во Шпанија денеска беа затворени поради извештаи за закани со бомби, за кои полицијата соопшти дека по проверките биле лажни. Извор од полицијата во Сарагоса потврди дека четири меѓународни училишта во тој град добиле закана преку електронска пошта и дека француската гимназија „Молиер“ денеска е затворена. Три британски училишта во Мадрид потврдија […]

Судските рочишта во процесот против Навални одложени за јануари


Двете судски рочишта во судскиот процес против притворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, закажани за денеска, се одложени за јануари, објавија денеска британските медиуми, повикувајќи се на судски документи. Рочиштата се одложени за 11 и 16 јануари. Соработниците на Навални, кои се подготвуваа за неговиот очекуван трансфер во колонијата на „специјалниот режим“, односно најстрогата во […]

Конференција на ОЛАФ за борба против фалсификувањето на играчки


Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) во соработка со Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) и Даночната агенција на Шпанија, денеска и утре во шпанскиот град Аликанте организира Конференција за борба против фалсификувањето играчки. Како што соопшти денеска ОЛАФ, околу 60 учесници на дводневната конференција ќе разговараат за идентификување на најновите криминални трендови […]

ЕК започна формална постапка против Икс за можно кршење на Законот за дигитални услуги на ЕУ


Европската комисија започна формална постапка за да процени дали социјалната мрежа Икс го прекршила Законот за дигитални услуги (ДСА) на ЕУ поврзано со управувањето со ризици, умереноста на објавените содржини, транспарентноста на рекламирањето и пристапот на истражувачите до податоците на платформата, соопшти денеска портпаролот на ЕК за дигитална економија, истражување и иновации Јоханес Барке.  Тој […]

Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19


Берлин – Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо. Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот. Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе […]

Во ЕУ годишно над 3.900 лица заболуваат од карциноми поврзани со професијата


Во периодот од 2013 од 2021 година во ЕУ се официјално регистрирани вкупно 33.712 случаи на „професионални карциноми“ или во просек 3.909 случаи годишно, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.   Под терминот „професионален карцином“ се подразбира заболување од рак како последица на долготрајна изложеност на канцерогени фактори на работното место. Најчестите типови […]

Чиле го отфрли на референдум новиот конзервативен устав


  Чилеанците гласаа да го отфрлат новиот конзервативен устав за да го заменат својот тековен текст, во национален плебисцит, при што опцијата „против“ освои повеќе од 55%. Уставот во 1980 година, подготвен за време на крвавата диктатура на генералот Августо Пиноче, сега ќе остане во функција, со што резултатот е горчлив за прогресивците на Чиле […]

Прислушуван командантот на вооружените сили на Украина, Залужни


  Уредите за прислушање беа пронајдени во кабинетот на главниот командант на вооружените сили на Украина (АФУ) Валериј Залужни, изјавија извори за „Украинска правда“. Според нив, една од „бубачките“ била во новата канцеларија на главниот командант, која била проверена пред да се пресели Залужни. Безбедносната служба на Украина (СБУ) ги потврди овие податоци и отвори […]

Во Белгија почнува судскиот процес против 124 обвинети за меѓународна трговија со накротици


Во Брисел денеска почнува судскиот процес против 124 обвинети за нелегален увоз и шверц на дрога, јавија локалните медиуми. Изрекувањето на пресудата се очекува кон средината на следната година. Истрагата беше покрената откако полициските служби во Белгија, Холандија и Франција соработуваа за да упаднат во шифрирана телефонска мрежа. Во овој случај, осомничените сторители комуницирале преку […]

(Видео) Со автомобил удри во возило на тајната служба што го обезбедуваше Бајден


Аавтомобил удри во паркиран теренец кој ја чуваше колоната на американскиот претседател. Џо Бајден во тој момент го напушташе својот изборен штаб. Американскиот лидер и прва дама Џил Бајден не се повредени. Додека Бајден одеше од предизборната канцеларија до неговиот блиндиран теренец, автомобилот удри во возило на тајната служба што се користеше за затворање на […]

(Видео) Поплави во Австралија, градот ќе се евакуира. Крокодил плива низ улиците


Реекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд. Властите наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците дури е забележан и крокодил, пишува Би-би-си.   Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишно количество дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени […]

Чилеанците го отфрлија текстот на уставот што требаше да го замени оној од времето на Пиноче


Чилеанците вчера го отфрлија новиот конзервативен текст на уставот кој требаше да го замени оној од времето на диктатурата на Аугусто Пиноче. По пребројувањето на 99,65 отсто од гласовите, вкупно 55,76 отсто од Чилеанците го отфрлија новиот текст, додека за него гласаа 44,24 отсто. Тоа е втор нацрт-устав што чилеанските гласачи го отфрлија како замена […]

Во Советот за безбедност на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа


Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „ итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на […]