Колумбиските герилци ќе прекинат со киднапирањата


Герилците на Ослободителната национална армија (ЕЛН) денеска се договорија со Владата на Колумбија да ги запрат киднапирањата за откуп. Ова е резултатот од петтата рунда мировни преговори што почнаа на 4 декември во Мексико Сити. Според договорот, ЕЛН, „како дел од продолжувањето на примирјето, ќе ги запре киднапирањата за економски цели“ во Колумбија, се вели […]

Северна Кореја изврши ново тестирање на интерконтинентална балистичка ракета


Северна Кореја истрела интерконтинентална балистичка ракета во морето и продолжи со ракетни тестови од висок профил, ветувајќи силен одговор на потезите на САД и Јужна Кореја за зајакнување на плановите за нуклеарно одвраќање, соопшти војската на Јужна Кореја. Официјален Сеул остро ја осуди „непромислената провокација на Северна Кореја“, додавајќи дека Пјонгјанг ќе биде одговорен за […]

Во израелските напади врз кампот Џабалија загинале 90 Палестинци


Во израелските напади врз бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Газа, загинаа 90 Палестинци, соопшти синоќа Министерството за здравство во Газа. На објавени видеа на Интернет, како што велат оттаму, се гледа последицата од најновиот израелски напад, Палестинците копаат низ урнатините со раце и лопати во потрага по преживеани, јавува Би-Би-Си. По еден од […]

Влегле на забава и пукале: Најмалку 11 убиени и 12 повредени во вооружен напад во Мексико


Најмалку 11 лица загинаа, а 12 се повредени во престрелка во Мексико, соопштија властите. Престрелката се случила вчератро на забава на една поранешна хациенда во градот Салватиери, наведуваат медиумите. Напаѓачите, наводно, влегле во забавата и отвориле оган врз присутните. Според медиумите, на забавата присуствувале само млади луѓе. Општинската администрација преку соопштение наведува дека повредените се […]

Пронајден досега најголемиот тунел што го користел Хамас во Појасот Газа


Тел Авив – Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади. Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да […]

Путин предупреди на проблеми со Финска бидејќи земјата стана членка на НАТО


Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на „проблеми“ со соседна Финска откако таа се приклучи на НАТО оваа година, во интервју објавено на државната телевизија „Россија“, пренесе Гардијан. Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, се приклучи на НАТО во април годинава. Во последните недели, Хелсинки ја обвини Москва за „хибридна војна“ со туркање на барателите […]

Шпански уметници објавија манифест: Не можеме да молчиме за злосторствата на Израел


Мадрид – Неколку стотини шпански музичари, писатели и актери, вклучително и филмскиот режисер Педро Алмодовар, објавија манифест во кој бараат итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа, во кој досега загинаа околу 19.000 палестински цивили. „Израел врши воени злосторства пред кои не можеме да останеме пасивни“, се вели во манифестот објавен во шпанскиот дневен весник […]

Температурата во одделни делови на Кина достигнаа рекордно ниско ниво


Пекинг – Температурите во некои делови на Кина, вклучително и провинциите Шанси, Хебеј и Лиаонинг, достигнаа најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, јави денеска кинеската државна телевизија. Според прогнозите, градот Јичун, во покраината Хеилонгџанг, може да забележи рекордно ниска температура од минус 47,9 степени Целзиусови, пренесуваат британските медиуми. Кинескиот претседател Си Џинпинг пред два […]

Погребан кувајтскиот емир Шеик Наваф Ал Ахмад Ал Џабер Ал Сабах


Кувајт Сити – Кувајтскиот емир шеик Наваф ал Ахмад ал Џабер ал Сабах, кој почина вчера, денеска е погребан по молитвата во џамија во Кувајт, јавија британските медиуми. Досегашниот престолонаследник и од вчера новиот емир на Кувајт, 83-годишниот шеик Мешаал ал-Ахмад ал-Џабер ал-Сабах, беше виден како лее солзи за време на молитвата, на која присуствуваа членови […]

Почина француски дипломат кој во средата беше повреден во бомбашки напад во Газа


Париз – Француски дипломатски функционер почина од повредите здобиени неделава за време на израелски бомбашки напад во Појасот Газа, соопшти француското Министерство за надворешни работи, пренесе ДПА. Службеникот се засолнил во куќата на еден од неговите колеги од францускиот конзулат во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, во близина на границата со Египет, со уште […]

Почина и трет украински камионџија на блокадата на полската граница


Варшава – Трет украински камионџија умира на блокадата на полската граница, организирана од полските камионџии, јави украинската јавна телевизија Суспилне. Цитирајќи официјален претставник на Украинската меѓународна асоцијација на транспортери, телевизијата објави дека на возачот му се слошило на преминот Кракивец-Коршова, што е една од четирите точки зафатени од протестите. Суспилне додава дека минатиот месец на […]

Најмалку 13 загинати од силно невреме во крајбрежниот аргентински град Баија Бланка


Баија Бланка – Најмалку 13 лица загинаа во аргентинскиот град Баија Бланка, изјави градоначалникот на овој крајбрежен град, откако силна бура го погоди атлантскиот брег на оваа јужноамериканска земја. Федерико Сусбиелс, градоначалникот на Баија Бланка, ја потврди бројката на загинати во објава на социјалната мрежа Х. Градот се наоѓа во близина на јужниот крај на провинцијата […]

Израел ја открил машината за пари на Хамас уште во 2018. Никој не презел ништо, открива „Њујорк тајмс“


  Израелските разузнавачи добија сеопфатни детали за огромните финансиски операции на Хамас во 2018 година, но не направија ништо за да ги затворат и да го запрат протокот на средства за милитантната група, се вели во извештајот од саботата. Овие исти средства веројатно биле клучни за подготовките на Хамас за смртоносните напади на 7 октомври, […]

Мелони и Сунак се договорија да го плаќаат враќањето на илегалните мигранти во земјата на потекло


Италијанската премиерка Џорџа Мелони и британскиот премиер Риши Сунак денеска се договорија во Рим нивните земји да кофинансираат заеднички проект за доброволно враќање на мигрантите во нивните земји на потекло, пренесоа агенциите. -Масовните незаконски пристигнувања на мигранти на островот Лампедуза се недозволиви и неморални, рече Сунак на состанокот на партијата „Браќа на Италија“ во Рим […]

Хамас испрати порака до Израел: Во ковчег или живи, изборот е ваш


Палестинското движење Хамас се огласи откако израелските војници убија тројца заложници во Газа, велејќи дека тоа е показател за тоа колку владата во Тел Авив се грижи за своите граѓани. Портпаролот на Хамас Абу Обеид изјави дека Израел не се грижи за чувствата на семејствата на затворениците. „Ционистичкиот непријател се коцка со животите на своите […]

Судот во Ватикан го осуди кардиналот Бечиу на пет и пол години затвор


 Судот во Ватикан денеска го осуди италијанскиот кардинал Анџело Бечиу на пет години и шест месеци затвор за повеќе кривични дела. Судскиот процес против Бечиу траеше две и пол години во кој тој беше обвинет за проневера, злоупотреба на службената положба и обид за лажно сведочење, пренесуваат британските медиуми. Папата Франциск во 2020 година го […]

Маск: Имиграцијата не може да го реши падот на населението


Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони. Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто […]

Стејт департмент: Русија ќе биде повикана на одговорност за судбината на Навални


Американскиот Стејт департмент синоќа излезе со соопштение во кое се наведува дека меѓународната заедница ќе ја повика Русија на одговорност за тоа „што се случува“ со рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој речиси три години е во затвор.  Адвокатите и соборците на Навални се немаат слушнато од него веќе десетина дена.  -Комунициравме со руската Влада […]

Топлотен бран во Австралија се очекуваат 46 степени. „Опасноста е екстремна“


Големи делови од Австралија беа преплавени во услови на топлотен бран денеска, што ја натера Националната метеоролошка служба да издаде предупредувања за шумски пожари во неколку држави. Во Нов Јужен Велс, најнаселената австралиска држава, денеска горат повеќе од 50 пожари и воведена е целосна забрана за пожари во многу области, вклучувајќи го и Сиднеј, соопшти […]

Како израелската војска ги уби заложниците: Носеле бело знаме


  Израелските безбедносни сили (ИДФ) дадоа нови детали за вчерашниот инцидент во во градот Газа, во кој тројца израелски заложници кои успеаја да побегнат од заробеништво на Хамас беа застрелани од војници. Според висок офицер во Јужната команда, цитирајќи ја првичната истрага, инцидентот започнал откако еден војник стациониран во зграда идентификувал три сомнителни личности кои […]