Бразил испраќа војска на аеродромите и пристаништата со цел борба против организираниот криминал


Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва најави дека ќе испрати војска на најважните аеродроми и пристаништа во земјата и на границите, за да ја зајакне безбедноста во обид да се бори против организираниот криминал во најголемата земја во Јужна Америка. Бразил ќе испрати 3.600 армиски, морнарички и воздухопловни сили да ги засилат патролите и […]

Почна третото испуштање на прочистена радиоактивна вода од Фукушима во океанот


Третото испуштање на 7.800 тони прочистена радиоактивна отпадна вода во океанот започна денеска од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима. Јапонските власти соопштија дека двете претходни испуштања на прочистена радиоактивна вода поминаа без проблем. Операторот на нуклеарната централа ТЕПКО, наводно, испуштил 7.800 тони прочистена вода во првите две испуштања и планира да испушти иста количина во […]

Поранешниот премиер на Израел: Ќе ја изгубиме поддршката од светот поради реакцијата на нападот на Хамас


Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ за својот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври. Барак изјави за FP дека „целта е да се ограничат воените и владините можности на Хамас […]

Израелската армија ја проби првата линија на одбрана на Хамас


Израелската армија утрово соопшти дека уште еден војник загинал во борбите во северниот дел на Појасот Газа. Вкупно 17 израелски војници се убиени од 27 октомври кога почна копнената операција врз Појасот Газа минатиот петок. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари посочи дека војниците ги пробиле првите линии на одбрана на Хамас во северниот дел […]

Што е преминот Рафа, последната надеж на Газанците за бегство од војната, и како работи?


  Мал број Палестинци и странски државјани конечно успеаја да ја напуштат Газа, откако неколку недели интензивни преговори резултираа со делумно отворање на преминот Рафа со Египет. Границата на југот на опколената енклава се смета за последна надеж за Газанците да избегаат додека израелските бомби паѓаат во појасот. Во средата, некои ја напуштија Газа преку […]

Бајден ги нарече цивилните жртви во Газа „трагедија“


  Американскиот претседател Џо Бајден го поздрави отворањето на портата граничниот премин Рафа за ранетите Палестинци и странски државјани во средата. Тој рече дека САД ќе продолжат да го притискаат Израел да се придржува до меѓународните закони кои ги штитат цивилите во конфликтот. Говорејќи во штала на фарма за свињи и пченка во рурална Минесота, […]

Дижарик: Генералниот секретар на ОН е „згрозен“ од ескалацијата на насилството во Газа


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол. – Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите […]

Чешка ја продолжи контролата на границата со Словачка: Мора да ја спречиме илегалната миграција


Чешката  влада најави дека ќе ги продолжи проверките по случаен избор на границата со Словачка за 20 дена, до 22 ноември, за да се спречи илегалната имиграција. Австрија, Чешка и Полска на почетокот на октомври воведоа контрола на границата со Словачка, а потоа ја продолжија до 2 ноември. Неодамна, Словачка бележи зголемување на бројот на […]

Северна Европа се подготвува за силно невреме, се очекува ветер и до 170 километри на час


Силната бура Сиаран предизвикува проблеми во јужна Англија. Според прогнозите, најлошото допрва доаѓа. Се очекуваат ветрови до 170 километри на час. Фериботите се откажани и издадено е црвено предупредување за временската прогноза за Каналските Острови поради бурата Сиаран што ја зафати јужна Англија. Каналските Острови или Англо-Нормандиските Острови се наоѓаат во Ла Манш, западно од […]

Столтенберг: Војната во Газа не смее да ја ослабне поддршката за Украина


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната на Блискиот Исток не смее да ја ослабне поддршката за Украина и ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди повеќе оружје на земјата во борбата против Русија. Нема знаци дека Русија планира мир, напротив, планираат уште војна, рече Столтенберг на 75-от Нордиски совет во Осло, Норвешка, […]

Чешката влада ја продолжи контролата на границата со Словачка


Чешката влада денеска донерсе одлука до 22 ноември да ги продолжи привремено воведените контроли за луѓето кои влегуваат на границата со Словачка,јави ДПА. „Се додека не се обезбеди ефикасна заштита на надворешните граници на ЕУ, ние мора да го решиме проблемот со илегалната миграција на внатрешните граници на Шенген“, кажа министерот за внатрешни работи Вит […]

Единствената болница за онколошки пациенти во Газа не работи поради немање гориво


Единствената болница за лекување болни од рак во Појасот Газа престана да работи откако остана без гориво, соопштија денеска здравствените власти. Директорот на болницата за турско-палестинско пријателство, Субхи Скаик, на прес-конференцијата што ја пренесува телевизијата Ал Џезира изјави дека болницата, во која главно се сместени болните од рак, останала без гориво и сега не работи. […]

Русија гранатирала повеќе од 100 населени места во Украина за 24 часа


 Украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко денеска соопшти дека Русија гранатирала повеќе од 100 населени места во изминатите 24 часа, повеќе од кој било друг ден оваа година. Руските сили истрелаа милиони гранати врз украинските градови и села долж линијата на фронтот откако ја започнаа офанзивата минатиот февруари, со што многу места во источна […]

Скандинавските држави ја зајакнуваат соработката за депортација на мигранти


Министрите од Данска, Шведска, Норвешка, Финска и Исланд постигнаа договор за поблиска соработка меѓу нивните земји за депортирање на одбиените баратели на азил и други странци без дозвола за престој, јави ДПА. На дводневната средба во Копенхаген, скандинавските земји се договорија за заедничките интереси, изјави вчера данската министерка за имиграција и интеграција Коре Дубвад. Министрите […]

Запалени еврејските гробишта во Виена, нацртани и кукасти крстови – Давидова ѕвезда во Париз


Непознати сторители синоќа запалиле предмети во еврејскиот дел на централните гробишта во Виена и притоа сликале антисемитски симболи, меѓу кои и кукасти крстови. Дел од салата за погребни церемонии беше изгорена, а на надворешните ѕидови беа насликани кукасти крстови, изјави Оскар Дојч, претседател на израелската културна заедница во Виена, по обиколката на гробиштата. Според информациите […]

Синот на Евгениј Пригожин го презеде Вагнер


Групацијата Вагнер продолжи со регрутирање на борци во Перм и Новосибирск, објавија руски медиуми. Претставник на групата Вагнер во Перм им изјави на новинарите дека единицата е вградена во Росгвардија (руската Национална гарда) и е предводена од Павел Пригожин, син на нејзиниот основач, Евгениј Пригожин. „Регрутираме луѓе кои веќе имаат борбено искуство, вклучително и луѓе […]

Русија: Поддршката за продолжување на војната на најниско ниво


  „Воената партија“ во руското општество продолжува да се намалува додека инвазијата на Украина се одолговлекува, бројот на жртви се множи, а наративите на државната пропаганда го губат својот поранешен хипнотизирачки ефект. Уделот на граѓаните за продолжување на непријателствата се намали на 37% во октомври 2023 година, што е ново најниско ниво од есента 2022 […]

Хамас: Израелците убија седум заложници во нападот на бегалскиот камп


Хамас тврди дека седум заложници биле убиени во вчерашниот израелски воздушен напад врз бегалскиот камп „Џабалија“ во северниот дел на Појасот Газа. Милитантната група рече дека тројца заложници биле странци. „Бригадите Ал-Касам (военото крило на Хамас) го потврдија убиството на седуммина нивни цивилни затвореници во масакрот во ‘Џабалија’ вчера, вклучително и тројца сопственици на странски […]

Расте бројот на загинати израелски војници во Газа


  Единаесет војници загинаа во борбите длабоко во Појасот Газа во вторникот, објавија израелските власти рано во средата, со што бројот на загинати на трупите на денот се искачи на 13, додека водачите предупредија на „големиот данок“ што го плаќаат војниците за елиминирање на Хамас. Израелските сили продолжија да напаѓаат цели во текот на ноќта […]

Репортери без граници поднесе жалба за воени злосторства против палестински новинари во Газа


Невладината организација Репортери без граници (РСФ) поднесе жалба за воени злосторства извршени против палестински новинари во Газа – трета таква жалба од 2018 година – и против израелски новинар. „РСФ поднесе жалба  за воени злосторства до Канцеларијата на јавниот обвинител на МКС на 31 октомври 2023 година. Во претставката се опишуваат случаите на девет од […]