Две изненадувања во новата француска влада


Рашида Дати беше министерка за правда во владата на Никола Саркози, а сега ќе биде министерка за култура

 

Новата влада на францускиот премиер Габриел Атал беше објавена во четвртокот со само една голема промена во Министерството за надворешни работи, повеќето високи членови на кабинетот останаа непроменети, но има уште едно големо изненадување.

Министрите за внатрешни работи, финансии, одбрана и правда остануваат на своите места, се вели во соопштението на француското претседателство. Членовите на владата беа договорени од 34-годишниот Атал, кој е најмладиот француски премиер досега, и претседателот Емануел Макрон.

Стефан Сежурне (38) е именуван за министер за надворешни работи на Франција, наследувајќи ја Кетрин Колона. Сежурне е шеф на партијата Ренесанса на Макрон и лидер на групата либерални, проевропски пратеници Обнови ја Европа во Европскиот парламент.

Тој е и поранешен партнер на Атал. Атал, првиот отворено геј премиер на Франција, ја објави нивната врска кога првпат ѝ се приклучи на владата на Макрон во 2018 година.

Двајцата мажи никогаш јавно не го потврдија нивното раскинување, но во неговата изјава во октомври до Високата управа за транспарентност во јавниот живот, која собира изјави од високи функционери за да забележи потенцијален конфликт на интереси, Атал изјави дека нема партнер.

Министерката за спорт Амели Удеа-Кастера ја задржува својата работа помалку од шест месеци пред Олимпијадата во Париз, а дополнително го добива и портфолиото за образование – улога што претходно ја имаше Атал.

Министерството за култура изнандувачки оди кај Рашида Дати, членка на конзервативната партија Републиканците. Дати беше министер за правда на конзервативниот претседател Никола Саркози.

Дати ја извршува функцијата градоначалник на 7 арондисман. Таа пораснала на имот со ниски приходи на периферијата на градот Шалон-сур-Саон, во Бургундија.

Во 2007 година, Саркози рече дека назначувањето на Дати испратило порака „до сите деца на Франција дека со заслуги и труд сè станува возможно“. Во последниве години, Дати стана клучна фигура на десницата во Париз и гласен критичар на социјалистичката градоначалничка на Париз, Ана Идалго.

Ерик Чиоти, шефот на Републиканците, веднаш објави дека Дати ќе биде исклучен од партијата.

Во 2021 година, Дати беше ставена под официјална истрага од француската единица за финансиски криминал поради нејзините зделки со поранешниот шеф на „Рено“, Карлос Гон.

Атал беше назначен во вторникот за шеф на владата, при што претседателот Емануел Макрон бара нов почеток за остатокот од неговиот мандат во услови на зголемен политички притисок од екстремната десница.