Следна цел на Русија може да бидат Молдавија и Балтикот, предупреди началникот на белгиската армија


По Украина, следните цели на Русија би можеле да бидат Молдавија и балтичките земји, а Европа мора да се подготви и да стави до знаење дека може да се брани, предупреди началникот на Генералштабот на белгиската армија, Мишел Хофман. Хофман за белгискиот весник ВРТ за време на посетата на белгиските војници стационирани во Романија изјави […]

Најмалку девет лица се ранети во бомбардирање на Херсон, со дронови нападнати Киев и Харков


Најмалку девет лица се ранети во бомбардирање на Херсон на југот на Украина, а Русите синоќа со дронови ги гаѓале и главниот град Киев и Харков во западниот дел на земјата, соопштија локалните власти. Во бомбашкиот напад на Херсон, девет лица се повредени, меѓу кои четири деца, соопшти градоначалникот Роман Мрочко на Телеграм. Украинската противвоздушна […]

Украинската армија бара мобилизација на уште 500.000 војници


Украинската армија ќе мобилизира уште 500.000 војници, изјави синоќа претседателот Володимир Зеленски и додаде дека „побарал од военото раководство“ да даде детали за оваа „многу чувствителна работа“ пред тој да одлучи „дали ќе ја исполни нивната желба“. „Таквата голема мобилизација ќе ја чини Украина неверојатни 500 милијарди гривни (12,2 милијарди евра)“, рече Зеленски на прес-конференција. […]

Четворица мажи уапсени во западна Германија откако пукале пред паб


Германската полиција уапси четворица мажи по пукање пред паб во Нојнкирхен, околу 170 километри југозападно од Франкфурт, јави ДПА. Маж (53) синоќа е повреден во ногата со два истрели, соопшти портпаролот на полицијата. По инцидентот осомничените избегале со автомобил од местото на настанот, изјави тој и додаде дека во тек е истрага. Полицијата соопшти дека […]

Оставка на францускиот министер за здравство поради новите строги закони за имиграција


Францускиот министер за здравство Орелиен Русо поднесе оставка по усвојувањето на контроверзниот закон за имиграција во парламентот, јавија француските медиуми доцна синоќа. Весниците Фигаро и Паризиен објавија за оставката на Русо, но соопштија дека не е јасно дали премиерката Елизабет Борн ја прифатила. Русо е дел од левото крило на владата и беше противник на […]

Врховниот суд на Колорадо му забрани учество на Трамп на примарните избори во таа држава


  Со мнозинство од четири од седум судии, Врховниот суд во Колорадо го направи Доналд Трамп првиот претседателски кандидат во историјата на САД кој се смета дека не е подобен за Белата куќа според ретко користената одредба од Уставот на САД со која се забрануваат службеници кои биле ангажирани во „востание“ за извршување на функцијата. […]

Фицо си отвара пат за корупција, ќе го укинува специјалното обвинителство


Во градовите на Словачка денеска повторно протестираа илјадници луѓе поради планот на новата влада на премиерот Роберт Фицo за измена на Кривичниот законик, за кој треба да расправа Парламентот, каде владејачката коалиција има мнозинство. Со измените предложени од коалициската влада се предлага до средината на јануари да се укине специјалното обвинителство кое се занимава со […]

Би-би-си: Лажни видеа ги шират руските лаги до милиони гледачи на ТикТок


Руска пропагандна кампања која вклучува илјадници лажни кориснички сметки на ТикТок што шират дезинформации за војната во Украина, е откриена од страна на Би-би-си. Видеата рутински привлекуваат милиони прегледи и имаат очигледна цел да ја поткопаат поддршката на Западот, пишува Би-би-си. Корисниците во неколку европски земји биле подложени на лажни тврдења дека високи украински функционери […]

Интензивни преговори во Советот за безбедност за резолуција за Газа за да се избегне американското вето


  Членовите на Советот за безбедност на ОН во вторникот беа во интензивни преговори за резолуција спонзорирана од Арапите за поттикнување на очајно потребната хуманитарна помош во Газа за време на некој вид запирање на борбите, обидувајќи се да избегнат ново вето од страна на Соединетите Dржави. Гласањето, првично закажано за понеделник попладне, беше одложено […]

Анкета во САД: Широко незадоволство од политиката на Бајден кон Газа


  Гласачите генерално не го одобруваат начинот на кој претседателот Џо Бајден се справува со крвавите судири меѓу Израелците и Хамас, покажа анкетата на „Њујорк тајмс“/Колеџот Сиена, при што помладите Американци се многу покритични од постарите гласачи и за однесувањето на Израел и за одговорот на администрацијата на војна во појасот Газа. Гласачите, исто така, […]

Затвореници од Германија одбија да бидат ослободени: Сакаат Божик да го поминат в затвор


Повеќе од 670 затвореници се ослободени од германските затвори за да можат да го прослават Божиќ дома. Меѓутоа, божиќната амнестија, според ДПА, ја искористиле многу помалку затвореници.  Затворениците, кои сепак би биле ослободени на крајот на годината, може да бидат амнестирани според законот, но има и такви кои одбиле предвремено ослободување и сакаат да го […]

Столтенберг им правеше палачинки на вработените во НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по повод божиќните празници им правеше палачинки на вработените во НАТО. -Многу е убаво да се соберат сите 4.000 вработени во седиштето на НАТО во Брисел на палачинки. Еден од келнерите беше малку неискусен, но со малку тренирање се помина добро. Наскоро, повеќето луѓе ќе добијат заслужен божиќен одмор, […]

Обилни дождови во Индија, пет лица загинаа, а 500 се заглавени на железничка станица


Најмалку пет лица загинаа, додека околу 500 луѓе се блокирани на железничка станица откако силен дожд парализира неколку делови на јужната индиска држава Тамил Наду, поплавувајќи ги патиштата и нарушувајќи го одвивањето на железничкиот сообраќај. Во Тамил Наду ноќта меѓу завчера и вчера наврнале речиси 50 милиметри дожд, а во овој период од годината вообичаено […]

Што мисли светот за рејтингот на Зеленски?


Украинскиот претседател Володомир Зеленски според последната анкета има 62% поддршка од народот, наспроти 84 отсто во декември 2022 година. Тоа беше околу 10-тиот месец од целосната инвазија на Русија, кога јавниот морал беше многу висок. Многумина побрзаа да оценат дека Зеленски ја губи популарноста во земјата, уште повеќе што Валериј Залужни, главниот командант на украинската […]

СЗО прогласи голема епидемија на мајмунски сипаници во Конго


Светската здравствена организација (СЗО) прогласи голема епидемија на Мпокс (порано позната како мајмунска сипаница) во Демократска Република Конго и во делови од светот. Како што соопшти организацијата на ОН во Женева на 15 декември, од јануари до средината на ноември годинава во Конго се појавиле повеќе од 13 илјади сомнителни случаи и повеќе од 600 […]

Зеленски задоволен од новите санкции кон Русија – ќе ја намали економската сила


Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера. – Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање. ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз […]

(Видео) Еруптираше вулкан на Исланд, евакуирани 4.000 луѓе


Вулкан во југозападен Исланд еруптираше по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти Метеоролошката служба на земјата. На полуостровот Рејкјанес, властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Плава лагуна. „Предупредување: Ерупцијата започна северно од Гриндавик во близина на Хагафел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница. WATCH: Volcano erupts […]

Војните ги зголемуваат изгледите за профит на американската одбранбена индустрија во 2024 година


Кога Пентагон, непосредно по инвазијата на Русија во Украина, ги собра најголемите светски добавувачи во одбранбената индустрија за да им каже да го зголемат производството, еден од извршните директори се двоумеше, велејќи дека не сакаат да бидат заглавени со полни магацини проектили откако ќе престанат борбите, раскажуваат три извори запознаени со тие разговори. Речиси две […]

Најмалку 116 лица загинаа во земјотресот во Кина


Најмалку 116 лица загинаа во силниот земјотрес во северозападна Кина, јави државната новинска агенција Ксинхуа, повикувајќи се на властите. Земјотресот со јачина од 6,2 степени е регистриран вчера една минута пред полноќ по локално време. Се случил на длабочина од 10 километри, со епицентар во провинцијата Гансу. Досега е потврдена смртта на 105 лица во […]

Ќе се формира коалиција од десет земји за да се спротивстави на нападите на јеменските Хути


Американскиот министер за одбрана Лојд Остин објави формирање коалиција во Црвеното Море со цел да се спротивстави на „неодговорните напади“ на јеменските бунтовници Хути врз поморскиот сообраќај, составена од 10 земји, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија. „Неодамнешната ескалација на безобѕирните напади од страна на јеменските Хути го загрозува слободниот проток на трговија, ги загрозува […]