САД привремено го затворија граничниот премин со Мексико во Тексас


Американското Министерство за домашна безбедност презеде привремена мерка за затворање на граничниот премин Тексас-Мексико за „да се запре големото движење на мигрантите кои пристигнуваат со железница и да се заштити здравјето и безбедноста на својот персонал “, соопшти денеска Белата куќа. „Ние тесно соработуваме со мексиканската Влада за да се обидеме да го решиме ова […]

Макрон: Борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа


Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во интервјуз а француската телевизија „Франс 5“ изјави дека борбата против терористите не значи уништување на Појасот Газа и неселективни напади врз цивилното население.  Макрон го повика Израел да престане со ваквиот пристап во борбата против терористите бидејќи не е соодветен и посочи дека сите животи се подеднакво вредни и […]

Времената мерка на ЕУ за заштита на децата од онлајн сексуална злоупотреба продолжена за уште три години


Постојаните претставници на земјите членки на ЕУ се согласија за продолжување на привремената мерка за заштита на децата од сексуална злоупотреба преку Интернет за уште три години.  Со оваа мерка, воведена во 2021 година, на провајдерите на онлајн услуги им се овозможува да отстапуваат од правилата за заштита на приватноста на податоците при електронски комуникации. […]

Кампањата на Бајден го спореди Трамп со Хитлер


Во еден од најагресивните напади врз конкурентонт Доналд Трамп, кампањата на Џо Бајден во твит објавен синоќа ја спореди реториката на експретседателот со онаа на нацистичкиот лидер. Се работи за три цитати од говорите на Трамп што многумина во САД ги потсети на некои зборови кажани од Хитлер. Во твит на кампањата на Бајден на […]

СЗО го прогласи сојот JN.1 на Ковид-19 за „варијанта од интерес“


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира сојот JN.1 на вирусот Ковид-19 како „варијанта од интерес“, додавајќи дека според достапните докази, тој претставува низок глобален ризик за јавното здравје. Сепак, СЗО предупредува дека JN.1 може да го зголеми товарот на респираторните инфекции во многу земји со почетокот на зимата на северната хемисфера. Според здравствената […]

Швајцарија наскоро може да го легализира кокаинот


Главниот град на Швајцарија размислува за пилот-проект што ќе овозможи продажба на кокаин за рекреативна употреба. Парламентот во Берн ја поддржа идејата, но сега треба да се справи со противењето на градските власти. Доколку предлогот биде прифатен, ќе биде неопходно да се промени националното право. Во целиот свет методите и политиките на борба против дрогата […]

Врвниот суд на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович


  Врвниот суд на Европската унија ја отфрли жалбата на рускиот тајкун Роман Абрамович против санкциите што му беа наметнати по руската инвазија на Украина, пресудувајќи дека мерките се оправдани и треба да продолжат. „Општиот суд ја отфрла тужбата поднесена од г-дин Абрамович, со што ги потврди рестриктивните мерки преземени против него“, одлучи во средата […]

Закана за бомба во Версајската палата


Версајската палата, една од најпосетуваните знаменитости во Франција, денеска беше затворена за посетители два часа поради закана за бомба. Зградата била евакуирана околу 10:20 часот, а била отворена околу 13 часот, соопшти управата на замокот по полициска проверка. Полицијата извршила увид и на големиот плоштад пред Версајската палата за „можен сомнителен пакет“. Околу две илјади […]

Новата полска влада ги смени шефовите на државната телевизија и радиото


  Новата полска администрација објави дека ги отпушта директорите на државните медиуми кои нашироко се сметаа за гласноговорници на владата во текот на осумте години на власт на десничарската популистичка партија Право и правда (ПиС). Претседавачите и одборите на државната телевизија, радио и новинските агенции се отстранети, соопшти во средата полското Министерство за култура, наведувајќи […]

Намалена вулканската активност на Исланд


 Вулканската активност на Исланд е намалена, соопшти денеска тамошната метеоролошка служба, но и предупреди дека наскоро може да се очекуваат нови ерупции. Ерупцијата на полуостровот Рејкјанес се случи по неколкунеделни интензивни земјотреси. Околу 4.000 луѓе беа евакуирани минатиот месец од Гриндавик, рибарскиот град кој беше најзагрозен, јави Би-Би-Си. Нема информации за повредени, но се стравува […]

Судот на ЕУ ги потврди санкциите против Роман Абрамович


Луксембург – Судот на Европската унија денеска ги потврди санкциите за рускиот милијардер Роман Абрамович, кои му се воведени по нападот на Русија врз Украина. ЕУ по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година воведе санкции за многу руски функционери и бизнисмени, вклучително и Абрамович, и ги замрзна руските средства во вредност од стотици […]

Документарен филм ја поттикна белгиската држава на акција против сепсата


Белгиските власти донесоа одлука да формираат специјализиран тим со задача да изработи Акцискиот план за борба против сепсата, јави дописникот на МИА од Брисел. Одлуката следува по неодамнешното емитување на документарниот филм „Пано“ на белгиската национална телевизија посветен на сепсата, што предизвика реакции во јавноста, но и во Федералниот парламент на Белгија. Објавувајќи ја одлуката […]

Лекарите специјализанти во Англија започнаа тридневен штрајк


Лекарите приправници во Англија денеска започнаа тридневен штрајк и најавија нов шестдневен штрајк од 3 до 9 јануари поради спорот за зголемувањето на платите, соопшти Британската медицинска асоцијација (БМА), која застапува околу 50.000 членови. Општата болница во Челтенхем соопшти дека ќе го затвори одделот за итни случаи, додека менаџерите на болниците во Лондон ја повикаа […]

Новиот кувајтски емир положи заклетва пред Парламентот


Новиот емир на Кувајт, шеикот Мешал ал-Ахмад ал-Сабах денеска положи заклетва пред Парламентот на земјата и со тоа формално ја презеде функцијата, откако неговиот претходник, емирот Наваф ал-Ахмад ал-Џабер Ал-Сабах почина минатата сабота. Тој по заклетвата рече дека е неопходно „да се преиспита моменталната реалност на Кувајт“, особено во однос на безбедноста, економијата и условите […]

Израел му предложи на Хамас седумдневен прекин на огнот во замена за заложници


 Израел му понуди на Хамас седумдневна пауза во борбите во Појасот Газа во замена за ослободување на околу четириесет заложници кои ги држеше палестинската милитантна група, изјави Барак Равид, аналитичар за политички и надворешни работи на Си-ен-рн, цитирајќи два израелски извори. Во израелскиот предлог, кој прв го објави порталот Аксиос, се наведува барањето за ослободување […]

ЕУ постигна договор за мигрантите. Левицата: Ова е црн ден за Европа


Преговорите од Европскиот парламент и Советот утринава постигнаа политички договор за миграција и азил. „Успеавме“, напиша Илва Јохансон, комесар за внатрешни работи на ЕУ. Според договорот, кој е прелиминарен и сè уште треба формално да биде ратификуван од Европскиот парламент и Советот, земјите од границите на јужна Европа ќе воведат построги процедури за азил за […]

Пакистанка (18) била убиена во Италија од нејзините родители и вујко поради честа


Родителите и вујкото на 18-годишната девојка од Пакистан се осудени за нејзино убиство. Телото на Саман Абас беше ископано во ноември минатата година во напуштена фарма во близина на поле во северна Италија каде што работел нејзиниот татко, година и пол откако последен пат беше видена на снимките од надзорните камери како шета со нејзините […]

Лавров пристигна во Мароко на руско-арапскиот форум


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во мароканскиот град Маракеш за да учествува на Форумот за руско-арапска соработка. Авионот на Лавров слета на аеродромот „Маракеш Менара“. Претходната сесија на овој форум се одржа во Москва во април 2019 година, а состанокот беше прекинат поради пандемијата на корона вирусот. Руското Министерство за надворешни […]

Русија ја зацврстува соработката со Кина: Средба Си – Мишустин во Пекинг


Односите меѓу Русија и Кина се на цврста основа, а способноста на двете земји да се соочат со предизвиците станува се посилна, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг на средбата со рускиот премиер Михаил Мишустин во Пекинг. – Денеска поставивме цврста основа за интеракција, чиј обем и квалитет се зголемуваат, а нашата способност да се […]

Трагедија во САД: Пет деца загинаа во пожар додека нивниот татко бил на божиќен пазар


Пет деца во САД загинаа во пожар во двокатна зграда, кој избувнал додека нивниот татко бил на божиќен шопинг, пишува Скај Њуз. Трагедијата во која животот го загубија едно девојче и четири момчиња се случи во саботата во Булхед Сити, во Аризона. Децата на возраст од две, четири, пет и 13 години кои загинаа се […]