Руди Џулијани поднесе барање за стечај


Руди Џулијани, сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, денеска поднесе барање за стечај, неколку дена откако поротата одлучи дека тој мора да плати отштета од 148 милиони долари на поранешните изборни работници во државата Џорџија. Џулијани лажно ги обвини дека помогнале во местење на изборите во 2020 година, на кои победи претседателот Џозеф Бајден. […]

Убиецот од Прага е 24-годишен студент, кој претходно си го убил таткото


Чешката полиција соопшти дека напаѓачот на универзитетот во Прага е 24-годишниот студент Давид Козак, чиј крвав пир заврши со 15 жртви и 24 повредени. Претходно денеска, по него, полицијата распишала потерница поради сомнение дека утринава го убил својот татко во селото Кладенско. Потоа стана јасно дека бараниот е тој што попладнево уби десет лица на […]

Чешки министер за внатрешни работи: Пукањето во Прага не е поврзано со „тероризам


Пукањето на универзитетот во центарот на Прага, во кое загинаа  15 луѓе, не е поврзано со меѓународен тероризам, соопшти чешката влада. „Нема индикации дека ова злосторство има каква било поврзаност со меѓународен тероризам“, изјави министерот за внатрешни работи Вит Ракусан на прес конференција за пукањето во зградата на Карловиот универзитет. Повеќе од 15 лица загинаа, […]

Пукање во Прага: 10 мртви и многу повредени на Филозофскиот факултет (Фото и видео)


  Чешката полиција соопшти дека 10 луѓе се убиени и повредени во пукање во Филозофскиот факултет на Карловиот универзитет во центарот на Прага. Уште девет лица се тешко повредени, а десетина други полесно. Напаѓачот е убиен и со него бројот на загинати е 11. Инцидентот се случил на Филозофскиот факултет кој е веднаш до Карловиот […]

Русија истрелала над 7.000 проектили врз Украина од почетокот на војната


Руските сили истрелале 7.400 проектили против Украина од почетокот на војната, рече Јуриј Игнат. Од 24 февруари 2022 година, руската армија истрелала 7.400 проектили од различен тип кон Украина, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Игнат, пренесоа украинските медиуми. -Од почетокот на целосната инвазија, руската окупаторска армија истрела 7.400 проектили од различни типови. Од […]

Жената која беше тепана од сопругот, па потоа го уби, е обесена во Иран


  Иран ја обеси 30-годишната Самира Сабзијан, која беше осудена на смрт за убиството на нејзиниот сопруг и помина 10 години во затвор. Егзекуцијата на Сабзијан беше пријавена од организацијата Човекови права во Иран. Според активистите за човекови права, Сабзијан бил погубен на 20 декември во затворот Гезел Кесар во предградието на Техеран. Егзекуцијата на […]

Украинскиот министер за одбрана најави враќање на Крим во 2024


  Украина ќе може да го врати Крим припоен од Русија во 2024 година. Ова го изјави украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров во интервју за германски „Билд“. „Јас сум 100 отсто сигурен. Ова е нашата стратешка цел – да се вратиме на меѓународно признатите граници. Ние сме во состојба да го направиме тоа со […]

Орбан: ЕУ ја уценува Унгарија


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави во четвртокот дека Европската комисија ја уценува Унгарија со задржување на милијарди замрзнати средства поради загриженоста за владеењето на правото. Орбан рече дека уцената е „факт“, дури и признаена од самите уценувачи – членови на Европскиот парламент. „Според нас, Унгарија ги исполнува сите квалитети на владеењето на правото, и […]

Шпанија нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ за поморска патрола и набљудувачки операции


Шпанското Министерство за одбрана нарача 16 авиони „Ербас Ц295“ наменети за поморска патрола и набљудувачки операции, јави ДПА, повикувајќи се на европската авиокомпанија. Новиот авион ќе и овозможи на шпанската армија „да го зајакне националниот капацитет за борба со подморници и да ги зголеми и подобри единиците за надзор,разузнавање, пребарување и спасување“, се вели во […]

Папата Франциск донесе историска одлука за геј паровите и ги нападна конзервативците


Папата Франциск денеска предупреди на нефлексибилните идеолошки позиции кои би можеле да ја спречат Црквата да ја види реалноста и да продолжи напред, говорејќи неколку дена откако конзервативците ја осудија декларацијата со која се дозволува благослов на истополови двојки. Папата, кој во неделата наполни 87 години, ги даде своите коментари во традиционалната божиќна честитка до […]

Макрон застана зад актерот Депардје во „ловот по него“


Францускиот претседател Емануел Макрон застана на страната на филмската ѕвезда Жерар Депардје и се спротивстави на, како што рече, „ловот“ што се води по него. Тој се огради од барањето на француската влада да му го одземе на актерот највисокото одликување на Франција, медалот Легија на честа, по обвинувањата за сексизам и сексуален напад. „Јас […]

Дуда ја осуди реформата на медиумите


Новата полска влада, предводена од премиерот Доналд Туск, спроведува реформи во државните медиуми кои се слични на „анархија“, изјави денеска претседателот Анджеј Дуда. Како што пренесуваат агенциите, тензиите се зголемија меѓу Дуда и новата проевропска влада на Туск, која во средата го исклучи јавниот канал за вести и ги отпушти директорите на државните медиуми „во […]

Во Германија се трага по 14-годишната Вера


Во германскиот град Росток продолжува потрагата по 14-годишната Вера Хрустиќ. Како што информираат од локалната полиција, таа последен пат била видена во вторникот попладне на 19 декември околу 16 часот во сместување за бегалци во областа Тојтенвинкел. Оттогаш ѝ се губи секаква трага. Полициската потрага засега е неуспешна, додаваат оттаму. Вера е витка, висока 160 […]

Кои се јеменските бунтовници Хути и зошто напаѓаат бродови?


  Бунтовниците Хути, кои контролираат големи делови од Јемен, предупредија дека ќе ги нападнат сите бродови што пловат низ Црвеното Море на пат кон Израел. Во ноември, тие киднапираа товарен брод со врски со израелски имот во Црвеното Море. Во изминатите два месеци тие нападнаа уште неколку трговски бродови со проектили и беспилотни летала. Како […]

САД имаат план за испраќање сојузнички астронаути на Месечината


 САД планираат да испратат астронаути од сојузничките земји на Месечината како дел од својата вселенска програма, најави потпретседателката на САД Камала Харис.  Испраќањето граѓани на други земји на површината на Месечината ќе се одвива како дел од програмата „Артемис“ на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), јавува Си-Ен-Ен.  -Како признание за суштинската улога што […]

Се урна хеликоптер на ТВ станица од Филаделфија, загинаа пилотот и снимателот


Хеликоптер на ТВ станицата ВПВИ-ТВ 6 од Филаделфија се урна недалеку од Вашингтон, додека се враќаше од новинарска задача во Њу Џерси, при што загинаа пилотот и снимателот, соопштија денеска локалните власти. Истражителите денеска трагаат по докази за причината за урнувањето на хеликоптерот. Телевизиската станица од Филаделфија го идентификуваше пилотот како 67-годишната Монро Смит од […]

Нов ноќен напад од Русија врз Украина со 35 дронови „Шахед“


Украина денеска соопшти за нов ноќен напад од Русија – со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени. Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, кој се наоѓа во близина […]

Ким Џонг-Ун се заканува со „одлучен нуклеарен одговор“


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун предупреди дека официјален Пјонгјанг нема да се двоуми да изврши нуклеарен напад доколку непријателот го испровоцира со нуклеарно оружје, објавија денеска по локално време севернокорејските државни медиуми. Официјалната државна новинска агенција објави дека Ким го издал ова предупредување за време на состанокот со севернокорејските воени лидери во командата на ракетните […]

Украинската одбрана се повеќе се потпира на дронови


Украина се повеќе се потпира на различни видови беспилотни летала во одбрана од руската инвазија, изјави ноќеска украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на редовното видео обраќање до Украинците. – Тоа е очигледен приоритет на Украина и конкретен начин за заштита на животите на нашите борци, рече Зеленски за развојот на борбената тактика со беспилотни […]

Големи протести во Аргентина поради владиниот план за штедење


Илјадници луѓе излегоа вчера на улиците на Буенос Аирес за да протестираат против владините мерки за штедење, што се сметаше за прв вистински тест за новоизбраниот претседател на Аргентина, Хавиер Милеа. Демонстрантите се движеа кон главниот плоштад, Плаза де Мајо, историско собирно место пред претседателската палата, барајќи поголема финансиска поддршка за сиромашните. Милеи ја презеде […]