Русија соборила два украински дрона во близина на Москва и Санкт Петербург


Руското Министерство за одбрана рано утрово соопшти дека противвоздушната одбрана пресретнала и уништила два украински дрона, едниот над Москва, а другиот во околината на Санкт Петербург.

Министерството на Телеграм соопшти дека инцидентот се случил околу 1:30 часот по полноќ.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно на Телеграм напиша дека противвоздушната одбрана го соборила дронот на пат кон главниот град, дека делови од него паднале на земја, но нема штета или повредени луѓе.