Во ОН симболично пуштија снимка од предупредување за воздушен напад во Украина


Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA) на својот профил на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави снимка од ОН во Женева на која се слуша звукот на сирената.

Во канцеларијата на ОН лоцирана во Женева, светлото накратко беше исклучено и се слушаше звукот на сирената од предупредување за воздушен напад, снимен во Украина.

Во соопштението се наведува дека Канцеларијата на OCHA се собрала за да ги повика земјите-членки на ОН да ги поддржат цивилите кои секојдневно го доживуваат тоа.

На социјалните мрежи често се шират видеа кои ја покажуваат реакцијата на децата и возрасните на сирената која се огласува речиси секојдневно во многу делови на Украина.