Два авиони се судрија на аеродром во Јапонија


Два патнички авиони се судрија на аеродромот „Њу Читозе“ на северниот јапонски остров Хокаидо, неколку недели откако патнички авион се судри со авион на крајбрежната стража, кога загинаа пет лица.

„Несреќата се случи кога авионот на „Коријан ер“ се подготвувал да полета“, изјави претставник на авиокомпанијата.

Засега нема извештаи за повредени и не се познати деталите за сударот. Аеродромот претходно соопшти дека има доцнења и откажувања на летови поради обилниот снег во областа.

Според Противпожарната служба, во авионот на „Коријан ер“ имало 276 патници и 13 членови на екипажот, а авионот на „Катаи Пацифик ервејз“, стоел на пистата и во него немало патници.