Крај за ерата на популистите во Полска, фантомската влада не доби доверба


  Конзервативната влада на Матеуш Моравјецки го загуби гласањето за доверба во полскиот парламент, отворајќи го патот за коалицијата под водство на Доналд Туск да ја преземе функцијата оваа недела и ставајќи крај на осумгодишното владеење на партијата Право и правда (ПиС). Неприкосновен владетел на Полска во овие години беше лидерот на ПиС, Јарослав Качињски. […]

КОП29 идната година ќе се одржи во Азербејџан


Домаќин на самитот на Обединетите нации за клима КОП29, идната година ќе биде Азербејџан, беше одлучено денеска на КОП28 во Дубаи. Кандидатурата на Азербејџан беше одобрена од речиси 200 земји кои учествуваат во КОП28. Азербејџан ја доби поддршката од другите источноевропски земји во саботата по неколкумесечно застој и откако беше постигнат договор со Ерменија да […]

Навални не се појави на денешното судење, никој не знае каде е


Соработниците на водечкиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, денеска изјавија дека неговите адвокати, а ниту тие, не го слушнале ниту виделе веќе шест дена. „Навални, кој отслужува затворска казна поради повеќекратни пресуди, требаше да се појави денеска на суд преку видео врска, но не се појави“, изјави неговата портпаролка Кира Јармуш. […]

(Видео) Краток, но остар разговор меѓу Зеленски и Орбан во Аргентина


  Претседателот Володимир Зеленски имаше краток – но интензивен – разговор со човекот кој се заканува дека ќе ги блокира аспирациите на Украина за ЕУ. Тој се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан на инаугурацијата на новиот претседател на Аргентина во неделата. Орбан гласно се спротивстави на напредокот на апликацијата на Киев за пристапување во […]

Кулеба: Ако ЕУ неделава не отвори преговори со Украина тоа ќе има погубни последици


 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги предупреди лидерите на Европската Унија дека ако не успеат да се согласат да ги отворат преговорите за членство со Киев на нивниот Самит оваа недела, тоа ќе има „погубни последици“. – Не можам ни да замислам, им рече Дмитро Кулеба на новинарите во Брисел. „Не сакам […]

Во железничка несреќа во Италија повредени најмалку 17 лица


Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска […]

Декемвриско заседание на Европскиот парламент во Стразбур


Брисел – Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарна седница на Европскиот парламент, во чии рамки ќе биде организирана и церемонија на врачување на овогодишната Награда за слободата на мислата „Сахаров“, јави дописникот на МИА од Брисел.  Заседанието почнува попладнево со дебата за предложените измени на правилата на ЕУ за попрецизно означување […]

Трамп нема да сведочи по втор пат во случајот со граѓанска измама


Њујорк – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека одлучил да не сведочи по втор пат на судењето за граѓанска измама во Њујорк. Трамп на својата социјална мрежа Truth Social напиша дека многу успешно сведочел минатиот месец и дека не гледа потреба повторно да се појавува. Трамп денеска требаше да се врати на говорницата како […]

Бајден утре ќе го пречека Зеленски за разговори во Белата куќа


Вашингтон – Претседателот на СAД Џо Бајден утре ќе биде домаќин на својот украински колега Володимир Зеленски, со кого ќе има средба во Белата куќа. Бајден го повика Зеленски за „да ја нагласи непоколебливата посветеност на САД да го поддржат народот на Украина додека тие се бранат од бруталната руска инвазија“, рече портпаролката на Белата куќа, […]

На ОН им требаат 46,4 милијарди долари за помош во „мрачната“ 2024 година


Њујорк – Обединетите нации соопштија дека им се потребни 46,4 милијарди долари следната година за  помош на околу 180 милиони луѓе ширум светот. ОН соопштија дека глобалната хуманитарна перспектива за 2024 година е „мрачна“, со конфликти, климатски вонредни состојби и економии во колапс што „прават хаос“ на најранливите. Додека глобалното внимание се фокусира на конфликтот […]

Во Италија се судрија два воза, најмалку 17 повредени


Во судир на два воза во Италија полесно се повредени 17 лица. Возовите се судриле со мала брзина и не излетале од шините, при што е причинета материјална штета на предниот дел на возовите. Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца меѓу Кастелболоњезе и Форли. […]

Трагедија во Бразил, девет лица загинаа во пожар во камп за фармери


Најмалку девет лица загинаа, а осум се повредени откако пожар избувна во камп за фармери во северната бразилска држава Пара. Пожарот предизвика краток спој во електричната мрежа за време на инсталацијата на безжичен интернет во кампот на фармерите, кој се наоѓа во градот Парауапебас, соопштија од кампот. Водачите на локалната заедница на заедничката прес-конференција изјавија […]

Откриена голема мрежа на тунели и канцеларија на лидерот на Хамас во Газа


Израелската армија откри голема мрежа на тунели во градот Газа и канцеларијата на лидерот на Хамас Јахја Синвар, под таканаречениот плоштад Палестина, изјави денеска портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари. -На подрачјето на плоштадот Палестина, има канцеларија на Јахја Синвар, владини канцеларии, имот на високи функционери на Хамас, а има и мрежа на терористички […]

Нетанјаху го критикуваше рускиот став за Газа во разговорот со Путин


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го критикуваше ставот на Русија за војната во Газа во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин. Канцеларијата на Нетанјаху денеска објави дека израелскиот лидер го изразил своето незадоволство од ставовите на руските претставници во Обединетите нации и на други меѓународни форуми. Нетанјаху, исто така, „искажа остри критики за опасната соработка меѓу […]

Новиот претседател на Аргентина, Милеи, положи заклетва


Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми. Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека […]

Од почетокот на конфликтот, 425 израелски војници се убиени, 1.593 ранети


Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од 7 октомври досега се убиени 425 израелски војници, а 1.593 се ранети, според новоотворената веб-страница која го ажурира бројот на загинати и ранети војници за време на војната со Хамас. Од 1.593 ранети, 255 се тешко ранети, 446 со полесни повреди, а 892 се полесно ранети, објави […]

Лавров: За мир во Украина неопходна промена на декретот на Зеленски


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека заради мирот во Украина, неопходно е да се промени претседателскиот декрет издаден од Володимир Зеленски минатата година. -Ќе треба да го поканите господинот Зеленски, бидејќи пред година и пол потпиша декрет со кој се забрануваат преговори со Владимир Путин, рече Лавров на прашањето за дипломатскиот […]

Досегашните ветувања на КОП28 ќе донесат само 30 отсто намалување на емисиите до 2030 година


Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) денеска предупреди дека емисиите на стакленички гасови може да се намалат само за 30 отсто до 2030 година врз основа на ветувањата на земјите на климатската конференција на ОН во Дубаи (COP28). Ако земјите не преземат поамбициозни мерки, светот нема да ги избегне најлошите последици од климатските промени, смета агенцијата. […]

Доделени нобеловите награди на церемонии во Стокхолм и Осло


 Затворената иранска активист за човекови права Наргес Мохамади е наградена со Нобеловата награда на денешната церемонија во Градското собрание во Осло. Нејзините деца Киана и Али Рахмани ја примија наградата во име на Мохамади (51), кој останува во ирански затвор, јави ДПА. Седумнаесет-годишните близначки го прочитале говорот на нивната мајка, кој таа го напишала во […]

Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во Појасот Газа


 Израелските тенкови стигнаа до центарот на градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, објавија британските медиуми. Жителите на градот велат дека тенковите стигнале до главната сообраќајница која минува низ централниот дел на градот и ги поврзува северните и јужните делови на Појасот Газа. Ова се случи по интензивните ноќни борби, кои сепак успеаја […]