Новата премиерка на Северна Ирска сака референдум за обединување со Република Ирска


Новата премиерка на Северна Ирска, Мишел О’Нил денеска изјави дека е за референдум за обединување со Република Ирска во следните десет години. Во своето прво интервју откако во саботата беше избрана да ја води владата на таа британска провинција, таа рече дека нејзиниот избор за премиер ја покажува промената што се случува на островот, објави […]

Канада го одложи воведувањето на можноста за евтаназија на ментално болни лица


Канадската влада одлучи да го одложи воведувањето на можноста за евтанзазија на ментално болни луѓе што требаше да почне во март годинава. Министерот за здравство Марк Холанд и министерот за правда Ариф Варани соопштија дека оваа мерка засега ќе биде одложена, откако специјалната парламентарна комисија заклучи дека земјата нема доволно ресурси за да изврши ваков […]

Пожарите во Чиле излегуваат од контрола, бројот на жртви достигна 51, загрозени се и поголеми градови


Бројот на жртвите од шумските пожари во Чиле се зголеми на 51, а како исчезнати се водат над 370 лица. Се стравува дека бројот на жртвите не е конечен. Во делови од земјата е прогласена вонредна состојба и полициски час. Чилеанските власти оценуваат дека ова е најголемата катастрофа од земјотресот во 2010 година кога загинаа […]

Зеленски ги посети војниците на бојното поле (видео)


 Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги посети украинските војници на југоисточниот фронт и им додели медали, соопшти денеска неговиот кабинет. И Зеленски преку социјалните мрежи информира дека ги посетил војниците во селото Роботина, на јужната линија на фронтот „Запорожје. Роботина. Локација на 65-та механизирана бригада. Разговарав со бранителите, им се заблагодарив и им врачив државно одликување. […]

Нетанјаху: Израел нема да ја заврши војната додека не го уништи Хамас и не ги ослободи сите заложници


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок на владата изјави дека Израел нема да ја прекине војната додека не се постигнат сите негови цели – уништување на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе не претставува закана за Израел. Нетанјаху повтори дека уништувањето на Хамас е главната воена цел на […]

За качување по национални споменици во Велика Британија ќе се одговара кривично


Британската влада денеска ги објави плановите за воведување кривични казни од три месеци затвор плус парична казна од илјада фунти за лицата кои се качуваат на националните споменици. Соопштението доаѓа по антиизраелските демонстрации во Лондон. Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека инцидентите на неодамнешните протести биле предизвикани од „мало малцинство посветено на […]

Најмалку 27.365 Палестинци убиени и 66.630 ранети во Газа од 7 октомври


  Најмалку 27.365 Палестинци се убиени, а 66.630 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа. Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа во Газа загинале околу 127 Палестинци, а 178 се повредени. Израел започна со операции во Појасот Газа откако палестинската милитантна […]

Бен Гвир: Американската поддршка за Израел би била поинаква доколку Трамп беше на власт


Ултрадесничарскиот министер за национална безбедност на Израел, Итамар Бен Гвир, изјави за Волстрит џурнал дека неговата земја ќе добие поголема поддршка од САД доколку ја предводи Доналд Трамп. -Наместо да ни даде целосна поддршка (американскиот претседател Џо) Бајден е зафатен со давање хуманитарна помош и гориво (за Газа) што оди за Хамас. Ако Трамп беше […]

Последниот италијански принц Виторио Емануеле од Савој почина на 86-годишна возраст


Виторио Емануеле од Савој, синот на последниот италијански крал, почина на 86-годишна возраст во својот дом опкружен со неговото семејство во Женева, пренесе ДПА. Виторио Емануеле беше официјално последниот престолонаследник на Италија долго време по смртта на неговиот татко. Во средниот век, семејството владее со Савој, кој се наоѓа во делови од денешна Италија, Франција […]

Над 50 лица загинаа во шумските пожари во Чиле


Во шумските пожари кои беснеат во централниот дел на Чиле досега загинаа најмалку 51 лице, а бројот на жртвите веројатно ќе се зголеми, предупредија властите, пренесе БТА. Службите за итни случаи се обидуваат да се справат со пожарите што им се закануваат на урбаните области. Црн чад се издига од многу места во централниот регион […]

Висок функционер на Хамас во Либан: Прерано е за примирје со Израел


Висок функционер на палестинското движење Хамас во Либан синоќа изјави дека неговото движење е отворено за какви било разговори за да се стави крај на „израелската агресија во Газа“, но рече дека е „прерано во моментов се зборува за постигнување договор за примирје“. Нацрт-договорот за примирје меѓу Израел и Хамас, подготвен од катарските, американските и […]

Во украинските напади врз Лисичанск загинале 28 лица, тврди Москва


Бројот на жртвите од украинските напади во кои беше погодена пекара во Лисичанск се зголеми на 28, а меѓу нив е и едно дете, соопшти администрацијата на првиот човек на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), Леонид Пашечник. Руското Министерство за вонредни состојби претходно соопшти дека нивните службеници извлекле тела на 20 лица од урнатините по […]

САД и Велика Британија погодија најмалку 30 цели во Јемен


САД и Велика Британија синоќа погодиле 36 цели на 13 локации на Хутите во Јемен, во вториот ден од големите операции на САД против групите поврзани со Иран по смртоносниот напад врз американските војници минатиот викенд. Нападите ги погодија затрупаните складишта за оружје на Хутите, ракетните системи и лансери што ги користеа Хутите за напади […]

Бајден победи во Јужна Каролина, држава каде што бараше поддршка од Афроамериканците


Американскиот претседател Џо Бајден победи на прелиминарните избори на Демократската партија вчера во Јужна Каролина – првата официјално одобрена трка во сезоната на номинации на партијата – покажувајќи дека доминира над двајцата други кандидати. Гласањето беше внимателно следено поради загриженоста за неговата популарност, особено меѓу афроамериканските гласачи. Пред четири години, гласањето на Афроамериканците во Јужна […]

Борел: ЕУ не ја прекина помошта за УНРВА


Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изјави дека Европската комисија не го суспендирала финансирањето на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), нагласувајќи дека во последно време имало многу дезинформации за ова прашање. Борел рече дека денеска во Брисел разговарале за ситуацијата во Газа и обвинувањата против […]

Десетици новинари упасени во Москва за време на протестот на сопругите на мобилизираните


  Голем број луѓе, вклучително и новинари од странски новинарски организации, се приведени во Москва, откако властите презедоа мерки против демонстрантите кај изборниот штаб на рускиот претседател Владимир Путин, објавија независните медиуми во саботата. Протестот беше организиран од сопругите на мобилизираните мажи во услови на растечко движење на жени кои бараат нивните сопрузи и синови […]

Папата Франциск ги осуди нападите врз Евреите


Папата Франциск денеска го осуди „ужасниот пораст на нападите врз Евреите ширум светот“, наведувајќи дека овие напади претставуваат „напад врз Бог“. -Патот по кој тргна Црквата со вас, старите луѓе на Пактот, ја отфрла секоја форма на антијудаизам и антисемитизам, недвосмислено осудувајќи ги манифестациите на омраза кон Евреите и јудаизмот, како грев против Бога, напиша […]

Блокирани приодите кон аеродромот во Франкфурт


Стотици земјоделци рано утринава со своите трактори ги блокираа пристапните патишта до аеродромот во Франкфурт. Блокадата настана поради владината одлука за укинување на даночните олеснувања за набавка на дизел за земјоделска механизација. Protestos dos agricultores. Manifestação boqueia acesso ao aeroporto de Frankfurt https://t.co/BJwdNp3PlU pic.twitter.com/EYPR7oZfwe — Diário de Notícias (@dntwit) February 3, 2024 Ситуацијата некако се […]

Полицијата смета дека нападот во Париз не е терористички чин, напаѓачот имал психички проблеми


Според првичните сознанија од истрагата за нападот со нож изутрината на железничка станица во Париз во кој беа повредени три лица, не станува збор за теростички чин, а напаѓачот е лице со психички проблеми, соопшти француската полиција.  Напаѓачот, државјанин на Мали, е со пријавен статус во Италија од 2016 година и кај него е пронајден […]

(Видео) Нападната руска рафинерија


Украинската армија во последните 24 часа извршила 32 напади врз цивилна инфраструктура во девет населени места во областа Керсон. По нападот со дрон врз нафтена рафинерија во Волгоград, на југот на Русија, избувна пожар, кој подоцна беше изгаснат, соопштија локалните власти. Another deep strike by Ukraine in its campaign to undermine the funding for Putin's […]