Иран и Израел се две воени суперсили: Во бројки кој има поголема војска, кој има повеќе борбени авиони


Страницата World of Statistics ги спореди иранските и израелските воени капацитети во бројки, како и некои други интересни информации за овие две земји.

И Израел и Иран се воени суперсили. Иран има 610.000 активни војници од 87,6 милиони жители, додека Израел има 170.000 од околу девет милиони.

Но, затоа Израел има повеќе резервисти – дури 465.000 – во споредба со 350.000 во Иран. Затоа пак Иран има многу поголеми паравоени сили во споредба со Израел – 220.000 во споредба со 35.000 на Израел.

Иако Израел има помала армија според овие бројки, нивниот буџет за одбрана изнесува огромни 24,4 милијарди долари. Буџетот на Иран, пак, е 9,95 милијарди. Можеби не е лошо да се спомене дека надворешниот долг на Иран е осум милијарди долари, додека надворешниот долг на Израел е неверојатни 135 милијарди.

Кога станува збор за воздухопловните сили, Израел повторно е во водство – има 612 авиони, додека Иран има 551. Израел има и 241 борбен авион, додека Иран има 186. Исто така, Израел има 48 нападни хеликоптери, додека Иран има 13.

Што се однесува до копнените сили, Иран е поброен со 1.996 тенкови во споредба со израелските 1.370 оклопни возила. Иран има 65.765 оклопни возила, додека Израел има 43.407. Во самоодната артилерија Израел сепаке е нешто посилен со 650 парчиња во споредба со иранските 580. Иран има повеќе подморници – 19, додека Израел има пет.