Огромно невреме ги погоди Оман и Дубаи – има мртви


Осумнаесет лица загинаа во поплавите во Оман, а се трага по исчезнатите. Како последица на обилните дождови, поплави го погодија Дубаи и во соседните Обединети Арапски Емирати.

Во текот на ноќта почна да врне дожд, а луѓето ги оставија своите автомобили на поплавените улици.

Силните ветрови го нарушија и воздушниот сообраќај на меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е најфреквентен во светот кога се во прашање меѓународните трансфери.