Бразил: Илјадници приврзаници на Болсонаро маршираа против истрагата за државен удар


 Десетици илјади приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера излегоа на улиците на Сао Паоло, за да протестираат против кривичната истрага против поранешниот десничарски шеф на државата. Како што пренесе ДПА, приврзаниците на Болсонаро марширале по булеварот Авенида Паулиста во знак на протест против истрагите за наводната вмешаност на Болсонаро во обидот за државен […]

Унгарскиот парламент треба да одлучува за кандидатурата на Шведска за НАТО


Унгарскиот парламент денеска се очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО, пренесе ДПА. Пратениците треба да гласаат за барањето на Шведска за членство во НАТО на првата пленарна седница по враќањето на парламентот од зимскиот распуст. Се очекува гласањето да биде попладне. Собраниските комисии веќе ја одобрија ратификацијата, недостасува само согласност од целосното […]

Крузер со 3.000 луѓе во карантин кај Маурициус поради сомневање за колера


Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на брод за крстарење во близина на источноафриканскиот остров Маурициус поради сомневање за појава на колера. По серијата гастроинтестинални заболувања на бродот „Норвешката зора“, властите во Маурициус одбија да му дозволат на бродот да се закотви во пристаништето на главниот град Порт Луис во неделата, откако францускиот остров Ла […]

Зеленски: Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници


Киев – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека во војната загинале 31.000 украински војници. „Во оваа војна загинаа 31 илјада украински војници. Не 300 илјади, не 150 илјади… Путин лаже за овие работи… Сепак, загубата за нас е голема“, истакна Володимир Зеленски на прес-конференција во Киев. Тој изрази уверување дека Конгресот на САД ќе одобри […]

Во Шпанија уапсен еден од најбараните криминалци од марсејскиот клан


Мадрид – Французин за кој се верува дека е „главниот член на марсејскиот клан“, вклучен во шверц на дрога, е уапсен денеска во Шпанија, соопшти шпанската полиција, која го опиша како „еден од најбараните бегалци во Франција“. „Криминалецот, против кого е распишана европска потерница, е уапсен во бар на брегот јужно од Барселона, а идентификуван […]

Четири жени и девојче убиени во петокот во Виена


Четири жени и една тинејџерка биле убиени во Виена во петокот, соопшти Би-би-си. Телата на три жени, за кои се верува дека се кинески државјани, биле пронајдени во зграда во централниот кварт Бригитенау откако сведок повикал брза помош. Тие биле прободени од маж во петокот во бордел, а осомничениот е уапсен. Осомничениот, кој полицијата го опиша […]

Украинскиот премиер побара од САД економска помош во износ од 11,8 милијарди долари оваа година


Киев – Украина очекува да добие 11,8 милијарди американски долари економска поддршка оваа година, изјави денеска нејзиниот премиер Денис Шмигал. Киев се соочува со буџетски недостиг од 37 милијарди долари во 2024 година поради двегодишната руска инвазија и се потпира на западните партнери за оваа витална помош. Шмигал изрази надеж на форумот во Киев по […]

Литванија собра околу девет милиони долари за украинските војници


Рига – Граѓаните, компаниите и организациите во Литванија донираа околу 8,3 милиони евра (девет милиони американски долари) во четиринеделната кампања за собирање средства за купување заштитна опрема за украинските војници. Две години по почетокот на руската инвазија врз Украина, „Радаром“! кампањата, која ја иницираа литванското радио и неколку јавни личности, заврши синоќа со хуманитарен концерт. […]

Горат куќи во пожарите во Австралија


Мелбурн – Шумските пожари кои беснеат во австралиската сојузна држава Викторија веќе неколку дена зафатија живеалишта, соопштија денеска властите предупредувајќи дека прогнозата за „екстремна“ топлина за вториот дел од неделата може дополнително да ги поттикне шумските пожари. Премиерката на Викторија Џасинта Алан потврди дека се уништени шест домови, додавајќи дека тоа е многу тешка вест […]

Хутите нападнаа американски танкер, САД и Велика Британија го ракетираа главниот град на Јемен


Сана – Јеменските бунтовници Хути го нападнаа американскиот танкер „МВ Торм Тор“ во Аденскиот залив, соопшти денеска портпаролот на оваа милитантна група Јахја Сареа, додека САД и Велика Британија извршија воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен. Групата го гаѓала танкерот со нафта „со неколку бродски проектили“, рекол Сареа. Американската централна команда (ЦЕНТКОМ) соопшти […]

Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина


Берлин – Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок вчера во украинското црноморско пристаниште Одеса изјави дека Германија се уште размислува дали да испорача оружје со долг дострел на Украина. – Се разбира, сè што даваме во однос на воената поддршка е премалку, рече таа на прес-конференција по ненајавената посета на Украина. Таа додаде дека […]

Трамп победи и во Јужна Каролина


Вашингтон – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп (77) победи на партиските избори во државата Јужна Каролина, откако освои 61 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка Ники Хејли 39 отсто, со што се доближи до републиканската номинација за претседателските избори во ноември. – Никогаш не сум ја видел Републиканската партија толку обединета како што е сега. […]

Британија издвојува 245 милиони фунти за помош на украинската армија


 Велика Британија ќе одвои 245 милиони фунти за помош на вооружените сили на Украина, за набавка на муниција и ревитализација на синџирот за снабдување со гранати, соопшти денеска британската влада. Најавено е и потпишување на серија договори во вредност од милион фунти, меѓу агенцијата за набавка на оружје на британското Министерство за одбрана и компанијата […]

Украина потпиша билатерални безбедносни договори со Италија и Канада


Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека потпишал билатерални безбедносни договори со италијанската премиерка Џорџа Мелони и канадскиот премиер Џастин Трудо. Договорите имаат за цел да ја зајакнат безбедноста на Украина додека таа не ја постигне својата цел да стане членка на НАТО. Во објава на социјалните мрежи, Зеленски рече дека документот „поставува силна основа […]

Телото на Навални предадено на неговата мајка


  Телото на рускиот опозиционер Алексеј Навални е предадено на неговата мајка, соопшти неговата портпаролка Кира Јармуш на Икс. „Људмила Ивановна сè уште е во Салехард. Погребот сѐ уште се чека. Не знаеме дали властите ќе се мешаат да се спроведе како што сака семејството и како што заслужува Алексеј. Ќе ве известиме штом има […]

Во Црвеното Море се формира 30 километарска нафтена дамка откако Хутите нападнаа британски брод


 Бунтовниците Хути, поддржани од Иран, нападнаа носач на нафта во сопственост на Велика Британија во Црвеното Море, предизвикувајќи нафтена дамка, соопшти денеска американската војска. Бродот Рубимар, кој пловел под знамето на Белизе, бил нападнат на 18 февруари, се вели во соопштението на американската централна команда (CENTCOM) и се додава дека бродот „е закотвен, но во […]

Зеленски: Ќе дојде најдобриот ден во нашите животи


Украина ќе ја „победи“ Русија, изјави во саботата украинскиот претседател Володимир Зеленски, во време кога Украина е ослабена и влегува во третата година од војната, помошта од сојузниците постепено „пресушува“, а руската воена машинерија напредува. „Ние се бориме за тоа 730 дена. И ќе победиме… и тоа ќе биде најдобриот ден во нашите животи“, рече Зеленски […]

Авганистанец (27) уби три жени во Виена


Три жени се пронајдени мртви во салон за масажа во Виена кој наводно служел како бордел, а се претпоставува дека биле избодени со нож, јавуваат австриските медиуми. Полицијата уапси осомничен во парк недалеку од местото на злосторството, изјави портпаролот на полицијата Филип Хаслингер за австриската новинска агенција АПА. Тој додаде дека и уапсениот има расекотини, […]

Хаос во Париз: Земјоделци ја пробиле капијата сакајќи да стигнат до Макрон (видео)


Неколку лица се уапсени по судирите меѓу француските фармери и обезбедувањето на Меѓународниот земјоделски саем во Париз. Инцидентот се случил кога активисти на синдикатот на земјоделците ја пробиле капијата и влегле во оградената област додека францускиот претседател Емануел Макрон разговарал со претставници на синдикатот во близина, објавија француските медиуми. Најголемото градилиште во Европа – работата […]

Две години од почетокот на руската инвазија на Украина


Во Италија, која оваа година претседава со Групата седум индустриски развиени земји (Г7), ќе се одржи виртуелен самит со претседателот на Украина Володимир Зеленски во знак на поддршка за неговата земја. Собири ќе се одржуваат во повеќе градови како Берлин и Варшава, а некаде ќе има и пред руските амбасади. Во пресрет на годишнината беа […]