УНИЦЕФ: Помошта за децата во Газа е прашање на живот и смрт


 Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) предупреди дека доставувањето помош за децата во блокираниот Појас Газа е прашање на живот и смрт. „Обезбедувањето помош на децата во Газа е прашање на живот и смрт“, се наведува во објавата на УНИЦЕФ на социјалната мрежа Х. Во соопштението се нагласува дека потребата од вода, храна, лекови и […]

Почина американскиот војник кој се самозапали поради војната во Газа


Почина воздухопловецот Арон Бушнел (25), кој се самозапали пред израелската амбасада, јавуваат светските медиуми. Поради повредите тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал. Како што пренесува „Дејли мејл“, тој додека бил под оган извикувал „Ослободете ја Палестина“. Оваа веб-страница наведува дека тој бил инженер во воздухопловната база во Тексас. Според информациите, тој е израснат […]

Борел ја обвинува Лајен за произраелски став


Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел ја обвини претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен дека „зазема целосно произраелски став. -Геополитичката цена на патувањето на Фон дер Лејен (во Израел), каде таа зазеде целосно произраелски став и не претставуваше никој друг освен себе во меѓународната политика, беше доста […]

Навални умре пред да биде разменет за руски затвореник, тврди неговиот тим


  Алексеј Навални требаше да биде ослободен во размена на затвореници кога умре, изјави неговата соработничка Марија Певчих. Таа рече дека рускиот опозициски лидер ќе бил разменет за Вадим Красиков, руски платен убиец кој отслужува доживотна казна затвор за убиство во Германија. Двајца американски државјани кои моментално се држат во Русија, исто така, требаше да […]

Хаос во Брисел: Демонстрантите запалија гуми, полицијата активираше водени топови


Огромен конвој трактори го блокира Брисел во понеделникот, заглавувајќи го сообраќајот во градот додека земјоделците протестираа против зелената политика на ЕУ. Стотици белгиски земјоделци се упатија кон кружниот тек Шуман, каде што денеска се состануваат министрите за земјоделство на ЕУ Земјоделците во неколку земји, вклучително и Франција, Италија и Шпанија, протестираат против еколошките политики на […]

Новата палестинска влада можно е да биде формирана до крајот на неделата


Новата влада на палестинската управа можно е да биде формирана до крајот на оваа недела, според палестински извори. Претходно денеска, палестинскиот премиер Мохамад Штајех соопшти дека му ја врачил оставката на неговата влада на Западниот Брег на палестинскиот претседател Махмуд Абас, како подготовка за повоениот период, во услови на зголемен притисок на САД и меѓународен […]

Талибанците повторно извршија егзекуција на стадион пред илјадници гледачи


Талибанците денеска јавно егзекутираа маж осуден за убиство на стадион во северен Авганистан пред илјадници гледачи. Тоа е трето вакво погубување во последните пет дена и петто откако Талибанците ја презедоа власта во земјата по повлекувањето на американските и НАТО трупите во август 2021 година. Очевидец изјавил дека денешната егзекуција била извршена во градот Шибирган, […]

Како Трамп ја победи Ники Хејли во нејзината родна држава Јужна Каролина


Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во саботата ја освои матичната држава на својот примарен противник Ники Хејли со разлика од 20 процентни поени, што е негова четврта последователна победа. Додека славеше, Трамп не ја спомна Хејли, која вети дека ќе остане во трката. Наместо тоа, тој се насочи кон општите избори во ноември. Тоа […]

Австралискиот пилот и патниците се ослободени по краткото киднапирање во Папуа Нова Гвинеја


Австралиски пилот на хеликоптер и двајца локални работници беа ослободени неповредени во понеделникот во Папуа Нова Гвинеја, неколку часа откако беа киднапирани во оддалечените ридови, соопшти полицијата. Ослободувањето следело по преговорите со безбедносните сили, велат од полицијата. Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечена телекомуникациска постројка во близина на планината Сиса во провинцијата Хела […]

Луѓе во болница поради смрдеата во шведската шпионска агенција. Не се знае за што се работи


Осум лица од шпионска агенција во Шведска вчера завршиле во болница со респираторни проблеми откако пријавиле силна смрдеа. Полицијата која ја спроведува истрагата смета дека смрдеата настанала од истекување на гас, пренесува АП. „Околу 13 часот имаше индикации дека има опасна супстанца во канцелариите на Шведската служба за безбедност (САПО) во Стокхолм“, рече Патрик Содерберг, […]

Австралиски пилот на хеликоптер и двајца работници киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја


 Австралиски пилот и двајца локални работници се киднапирани во оддалечените ридови на Папуа Нова Гвинеја, соопшти полицијата. „Пилотот на хеликоптерот и патниците слетале во оддалечен телекомуникациски објект во близина на планината Сиса во провинцијата Хела, по што биле киднапирани од вооружена група“, изјави висок претставник на папуанската полиција Дејвид Менинг. Посочи дека сè упатува на […]

Нетанјаху: Офанзивата во Рафа може да се одложи доколку се постигне договор за прекин на огнот


Израелската воена офанзива врз јужниот палестински град Рафа може да биде „донекаде одложена“ доколку се постигне договор за повеќенеделен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека апсолутна победа над Хамас би можела да се постигне неколку недели по почетокот на офанзивата. Нетанјаху за Си-Би-Ес синоќа потврди дека разговорите […]

Најмалку четворица скијачи загинаа во снежна лавина во Франција


Најмалку четири лица загинаа во лавина во Централниот масив, планински венец во јужниот дел на централна Франција, соопштија синоќа локалните медиуми. Наводно има уште три повредени лица, додека две се водат за исчезнати. Несреќата се случила вчера попладне во Вал д’Енфер, во близина на ски-центарот Мон Доре, што се наоѓа на надморска височина меѓу 1.200 […]

Во досега невидено интервју, Навални остро го обвинил Западот: „Тие им служат на целосни бандити“


Во едно досега невидено интервју, Алексеј Навални ги нападна „корумпираните функционери“ кои живеат во Лондон и му помагаат на режимот на Владимир Путин да ги скрие валканите пари. Скај њуз доби интервју во кое покојниот руски опозициски лидер зборува за неговата надеж за подобра иднина на својата земја и за ризиците за кои знаел дека […]

Вагнер во Африка: Како Русија ја ребрендираше платеничката група


Русија им нуди на африканските власти „пакет за преживување на режимот“ во замена за пристап до стратешките природни ресурси, открива новиот извештај заснован на внатрешни документи на руската Влада, до кој увид имаше Би-Би-Си. Во нив детално се објаснува како Русија активно лобира за промена на законите за рударство во Западна Африка во обид да […]

Американски војник се самозапали пред израелската амбасада во Вашингтон


 Американски воен пилот се замозапали пред израелската амбасада во Вашингтон во знак на протест против војната во Газа и во моментов е во критична состојба. Човекот бил пренесен во болница откако пожарот бил изгаснат од припадници на американската тајна служба, соопшти противпожарната служба на Вашингтон. Портпаролот на американските воздухопловни сили потврди дека во инцидентот бил […]

Трамп ја продолжува кампањата со игнорирање на Хејли и фокусирање на Бајден


Кандидатот за републиканска номинација за претседател на САД Доналд Трамп во остатокот од кампањата ќе ја третира противничката Ники Хејли како „небитна“, па ќе ги прескокне нападите врз неа и ќе се фокусира на реваншот со актуелниот претседател Џо Бајден, соопшти изборниот штаб на Трамп. Поранешниот претседател победи на пет прелиминарни избори на републиканците во […]

Буркина Фасо: Најмалку 15 убиени во напад на исламистите врз католичка црква


Најмалку 15 лица загинаа, а уште двајца се повредени во вчерашниот напад врз католичка црква во североисточниот дел на Буркина Фасо, јавува Би-Би-Си. Нападот се случил за време на неделната црковна служба во селото Есакане, во провинцијата Удалан, во близина на границата со Мали. Прислужник во црквата посочил дека напаѓачите биле исламистички милитанти. Властите во […]

Навални почина од природна смрт, од откачен тромб, вели шефот на украинското воено разузнавање


Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почина од природна смрт, од згрутчување на крвта, изјави шефот на украинската воена разузнавачка служба (ГУР) Кирил Буданов, пренесен од украинските медиуми. -Можеби ќе ве разочарам, но она што го знаеме е дека тој навистина починал од згрутчување на крвта. И тоа е горе-долу потврдено. Тоа го знаеме, им рече […]

Бразил: Илјадници приврзаници на Болсонаро маршираа против истрагата за државен удар


 Десетици илјади приврзаници на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро вчера излегоа на улиците на Сао Паоло, за да протестираат против кривичната истрага против поранешниот десничарски шеф на државата. Како што пренесе ДПА, приврзаниците на Болсонаро марширале по булеварот Авенида Паулиста во знак на протест против истрагите за наводната вмешаност на Болсонаро во обидот за државен […]