„Волстрит журнал“: Украина се снабдува со десетици илјади дронови од Кина


Иран продава на Русија илјадници дронови за бомбардирање на украинските градови, а 6.000 треба да бидат произведени во руски фабрики по иранска лиценца, но за нападите на руските позиции на фронтот Украина се снабдува со многу повеќе дронови од партнерот на Русија – Кина. Како што денеска објави весникот „Волстрит журнал“, Украина нашла начин да […]

Во Русија и Казахстан евакуирани над 100.000 лица поради големите поплави


Русија и Казахстан наредија евакуација на повеќе од 100.000 лица по брзото топење на снегот што придонесе за надоаѓање на реките и доведе до нивно излевање и најголемите поплави во областа во последните 70 години. Големите поплави им се заканија на многу населени места во планината Урал, во Сибир, како и Казахстан, во близина на […]

Драстично зголемeн извозот на германско оружје и опрема во првите три месеци од годинава


Вредноста на одобрениот германски извоз на оружје и воена опрема во првите три месеци од годината речиси ја достигна вредноста од првата половина на рекордната 2023 година, пред се, поради зголемените испораки за Украина, јави Хина. Од почетокот на јануари до 27 март Владата на канцеларот Шолц одобри извоз на воена стока во вредност од […]

Зеленски: Украина разви план за нова контраофанзива


Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека Украина развила план за нова контраофанзива. -Да, имаме контраофанзивен план. Немаме алтернатива, но не можам да дадам датум, нагласи Зеленски во интервју за Билд, истакнувајќи дека за да се постигне оваа цел, на украинската армија и треба оружје, вклучително и оружје од САД. Според него, Русија има повеќе луѓе […]

Белата куќа оценува дека изјавите на Хамас за прекин на огнот во Газа не се охрабрувачки


 Белата куќа денеска соопшти дека изјавите на Хамас во врска со предлогот за прекин на огнот во Газа поврзан со ослободувањето на заложниците „не се многу охрабрувачки“, иако посредниците се уште чекаат официјален одговор од палестинското исламистичко движење. -Го видовме Израел како прави неколку чекори напред во однос на она што го нуди на преговарачката […]

Американската држава Аризона ги забрани речиси сите абортуси, Бајден ја осуди одлуката


  Врховниот суд во Аризона денеска го оживеа законот од 1864 година со кој се забрануваат речиси сите абортуси, симболична одлука со важни изборни импликации неколку месеци пред претседателските избори во оваа клучна јужна сојузна држава. Законот од пред речиси 150 години забранува секаков абортус од моментот на зачнувањето, освен ако животот на мајката не […]

ОН: Драстичен пораст на бројот на загинати и ранети цивили во Украина во март


Набљудувачите на Обединетите нации забележаа ненадејно зголемување на цивилните жртви во Украина минатиот месец поради засилените напади на руските сили, соопшти денеска Канцеларијата на ОН за човекови права. Во март меѓу жртвите   најмалку 57 деца се убиени или повредени, што е двојно повеќе од февруари, јави Хина. Набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови […]

Новите шпионски мрежи на Путин во Европа


На покривот има неколку обични и неколку сателитски антени, иако некои од нив очигледно веќе не се функционални. Она што може да се види на покривот на Генералниот конзулат на Руската Федерација во Бон изгледа прилично истрошено. Впечатокот, меѓутоа, лаже: структурите на покривите на тој комплекс згради не откриваат што се крие зад нив, а […]

Пристапот на Нетанјаху во војната во Газа е погрешен, вели Бајден


 Пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон војната во Газа е „погрешен“, изјави американскиот претседател Џо Бајден во интервју за Унивизион, американската ТВ мрежа на шпански јазик, што беше објавен вчера, притоа нудејќи дополнителни критики за справувањето со конфликтот од страна на Израел. -Мислам дека тоа што го прави е погрешно. Не се согласувам со […]

Дводневно пленарно заседание на Европскиот парламент


Новите правила за миграцијата и азилот во ЕУ, реформата на европскиот енергетски пазар, зајакнувањето на борбата против сексуалната онлајн злоупотреба на деца, руските претседателски избори и неколку законски регулативи поврзани со заштита на животната средина, се главни теми за кои ќе се изјаснат европратениците на пленарната сесија на Европскиот парламент што ќе се одржи денеска […]

Почина „таткото“ на Хигсовиот бозон, нобеловецот Питер Хигс


 Британскиот физичар Питер Хигс, добитник на Нобеловата награда за физика во 2013 година за неговата работа на „Хигсовиот бозон“, елементарна честичка која се смета за клучна за основната структура на материјата, почина на 95-годишна возраст, соопшти денеска Универзитетот во Единбург. . Според Универзитетот, каде Хигс беше долгогодишен почесен професор, научникот починал вчера, мирно во својот […]

Четворица работници загинаа во експлозија во хидроцентрала во Италија, петмина се водат за исчезнати


Во експлозија за време на одржувањето на хидроцентралата на браната Сувијана меѓу Болоња и Фиренца во Италија попладнево, најмалку четири лица загинаа, тројца се повредени, додека пет лица се водат како исчезнати, извести полицијата во Болоња. Во претходниот извештај беше кажано дека има тројца загинати и шест исчезнати. Претседателот на општината Камуњано, каде што се наоѓа хидроелектраната, […]

Прва пресуда за родители на дете кое изврши масовно убиство во училиште во САД


Џенифер и Џејмс Крамбли, родителите на малолетникот од Мичиген кој во 2021 година во средно училиште во Оксфорд, Мичиген уби четворица ученици, се осудени на затворска казна од 10 и 15 години, откако претходно беа прогласени за виновни за убиство од небрежност. Тие се осудени поради масовното убиство сторено од нивниот син Итан, и се […]

Израел првпат ја употреби морската верзија на Железната купола и собори дрон над Ејлат


Израел по првпат ја искористи морската верзија на својот систем за противвоздушна одбрана Железна купола, соборувајќи беспилотно летало над Црвеното Море. Беспилотното летало било насочено над Црвеното Море кон израелскиот пристанишен град Ејлат, каде што биле активирани сирените за воздушен напад, соопшти израелската армија. Ејлат често е мета на ракети и беспилотни летала истрелани од […]

Облак со прашина од Сахара ја покри Европа


 Облак со прашина стигна од Сахара до делови од Европа, предизвикувајќи лош квалитет на воздухот и покривајќи ги прозорците и автомобилите со нечистотија, објави Службата за следење на атмосферата Коперникус. Службата соопшти дека најновиот облак, трет од ваков вид во последниве недели, носи магла во јужна Европа и ќе се прошири на север до Скандинавија. […]

МААЕ: Нуклеарната централа Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба


Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска соопшти дека безбедноста на нуклеарната електрана Запорожје во Украина не била директно загрозена од нападот со дрон, што предизвика експлозијата. Но, МААЕ потенцира дека Запорожје е во „исклучително сериозна“ состојба. МААЕ соопшти дека експлозијата се случила во тренинг центарот до електраната и дека добиле информација дека причината е […]

Русија бара помош од Казахстан во бензин по украинските напади со дронови


  Русија побара од Казахстан да биде подготвен да му испорача 100.000 метрички тони бензин што ќе се користат во случај на недостиг што ќе се влоши од украинските напади со дронови. Ова го пренесува Ројтерс, повикувајќи се на три извори од индустријата. Според еден од нив, зделката е веќе договорена. Советникот на министерот за […]

Макрон, Шолц и Туск: Пакт за изолација на Фон дер Лајен и Мелони


  Се формира нов сојуз кој е способен да ги дефинира односите на моќ во Европската унија. Да се изберат нови лидери на ЕУ, да се намалат шансите за реизбор на Урсула фон дер Лајен и да се маргинализира десницата, вклучително и онаа на Џорџа Мелони. „Вајмарскиот триаголник“, групата за соработка меѓу Франција, Германија и […]

Украинската војска очекува голема руска офанзива врз Харков


Украина „ги максимизира напорите да ги спречи руските планови против Харков“, рече нејзиниот претседател Володимир Зеленски додека украинската војска ја зајакна заштитата на вториот по големина град во земјата, за кој се верува дека е цел на следната руска офанзива. „Работиме со нашите партнери на зајакнување на воздушната одбрана“, рече Зеленски во своето секојдневно обраќање […]

СБ на ОН одлучи да одговори на барањето на палестинските власти за полноправно членство


 Советот за безбедност на ОН одлучи до крајот на овој месец да одговори на барањето на палестинските власти да добијат статус на полноправна членка на светската организација. За ова прашање било разговарано на вчерашната средба. Во септември 2011 година, палестинскиот претседател Махмуд Абас покрена иницијатива за „приклучување на државата Палестина во Обединетите нации“, која никогаш […]