Ниту еден хуманитарен конвој на ОН не стигна до северниот дел на Газа од 23 јануари


Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дижариќ укажа на страшната хуманитарна ситуација во Појасот Газа, изјавувајќи дека ниту еден од конвоите со хуманитарна помош на ОН не стигнал до северните делови на Појасот Газа од 23 јануари. -Колегите од УНРВА не потсетуваат дека ниту еден од нашите хуманитарни конвои не можеше да стигне […]

Гувернерот на Тексас прогласи катастрофа поради влошените шумски пожари


Пожарникарите во Тексас се борат со неколку шумски пожари кои брзо се шират во американската сојузна држава. Гувернерот на Тексас, Грег Абот прогласи катастрофа за 60 окрузи во државата за „да се осигура дека критичните ресурси за справување со пожарите брзо се распоредуваат во областите во Тексас Панхендл кои се погодени од разорни шумски пожари“. […]

Медиуми: Трамп победи на прелиминарните републикански избори во Мичиген


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп победи на републиканските претседателски прелиминарни избори во државата Мичиген, јавија американските телевизиски канали Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си врз основа на нивни прогнози. Ривалката на Трамп, Ники Хејли, претрпе пораз. Тие имаа 30 процентни поени разлика откако беа преброени околу 10 отсто од гласовите. Трамп и Хејли водеа уште еден дуел за […]

Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во Мали


Најмалку 31 лице загина во автобуска несреќа во западниот дел на Мали во близина на градот Кениеба, соопшти Министерството за транспорт. Несреќата се случила кога автобус на пат кон Буркина Фасо паднал од мост во реката. „Веројатна причина за несреќата е губење на контролата над возилото од страна на возачот“, се наведува во соопштението. Меѓу […]

Полицијата уби девет лица во рации на криминални босови во Рио де Жанеиро


Најмалку девет лица се убиени во голема полициска операција во неколку сиромашни населби во бразилската метропола Рио де Жанеиро, објавија вчера бразилските медиуми, пренесе ДПА. Двајца полицајци се повредени, а пет лица се приведени, јавуваат локалните медиуми. Според полицијата, убиените се криминалци. Многу училишта со илјадници ученици беа затворени поради операцијата, а жителите не ги […]

Уапсен адвокатот кој ја придружуваше мајка му на Навални во потрагата по телото на синот


  Рускиот адвокат од Новосибирск, Василиј Дубков, е приведен во Москва. Ова го објавија неколку руски медиуми, меѓу кои и „Нова газета Европа“, повикувајќи се на извори. Како што пишуваат новинарите, адвокатот се товари за нарушување на јавниот ред и мир. Дубков застана во одбрана на Алексеј Навални. Минатата недела, тој ја придружуваше мајката на […]

Си-би-ес: Потрошени 12 милиони долари за лично обезбедување на двајца поранешни советници на Трамп поради ирански закани


 Џон Болтон и Роберт О’Брајан, поранешни советници за национална безбедност во администрацијата на Трамп, побарале спроведување постојана заштита од тајната служба на САД што чинела над 12 милиони долари. Заштитата била побаранa поради наводна опасност од Иран и се спроведувала долго откако тие заминале од позициите, јави Си-би-ес. Според документи од Министерството за внатрешна безбедност […]

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција


 Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран во Малезија поради инфекција која ја добил додека бил на одмор. „Неговото височество кралот се разболе за време на неговиот одмор во Малезија и таму беше хоспитализиран поради инфекција“, се вели во соопштението на норвешкото кралско семејство. Во соопштението се наведува дека за 87-годишниот крал Харалд Петти се грижи […]

Главниот истражител во процесите против Навални доби унапредување


  Рускиот истражител за особено важни случаи, полковник Роман Видјуков, кој водеше случаи против опозицискиот политичар Алексеј Навални, е унапреден. Ова го објави екс-директорот на Фондацијата за борба против корупцијата, Иван Жданов, на својот Телеграм канал. „Иследникот Видјуков е главен истражител во случаите против Навални. Беше истражител, а сега е заменик-началник на Главното одделение за […]

САД застанаа цврсто зад барањето да се одземе замрзнатиот имот на Русија


Американскиот министер за финансии Џенет Јелен денеска ја изрази својата силна јавна поддршка досега за идејата за трајно одземање на околу 300 милијарди американски долари замрзнат имот на Централната банка на Русија и нивно користење за долгорочна обнова на Украина. „Неопходно е и итно нашата коалиција (за поддршка на Украина) да најде начин да ја […]

Бајден: Трамп е стар колку и јас


Претседателот на САД, Џо Бајден, возврати на критиките за неговата возраст, истакнувајќи дека неговиот главен политички ривал Доналд Трамп е само четири години помлад. Американскиот претседател даде ретко интервју еден на еден за  Ен-Би-Си и беше запрашан како гледа на загриженоста на гласачите за неговата соодветност за втор мандат со оглед на неговите поодминати години. […]

Сардинија избра левичарски претседател, болен удар за премиерката Мелони


  Италијанската премиерка Џорџија Мелони го претрпе својот прв неуспех на регионалните избори откако ја презеде власта откако левичарски кандидат беше избран за претседател на Сардинија. Алесандра Тоде, политичарка од Движењето пет ѕвезди (М5С), која беше поддржана од Демократската партија (ПД), стана првата жена претседател на островот, тесно победувајќи го Паоло Труцу, десничарскиот кандидат избран […]

Волков: Протестот на кој повика Навални на 17 март ќе биде негов последен аманет


  Леонид Волков, близок соработник на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, денеска изјави дека протестот на кој Навални повика да се одржи на 17 март, последниот ден од претседателските избори во Русија, ќе биде негов „последен аманет“. Во видеото на Јутјуб, Волков ги повика Русите да се појават во голем број на протестот тој […]

Столтенберг: НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата не планира да испрати борбени трупи во Украина. Тој рече дека земјите-членки на НАТО и даваат поддршка без преседан на Украина. „Тоа го правиме од 2014 година. Меѓутоа, нема планови за распоредување борбени трупи на НАТО во Украина“, посочи Столтенберг. Отфрлајќи ја можноста за воена […]

Унгарија, Полска и Чешка не планираат да испратат војници во Украина


Официјални лица на Унгарија, Полска и Чешка денеска изјавија дека не планираат да испраќаат војници во Украина. -Унгарија нема да испрати оружје или војници во Украина и цврсто ќе стои на тој став. Ја слушнавме и видовме веста за синоќешната средба во Париз. Ставот на Унгарија е јасен и цврст, не сме подготвени да испратиме […]

Песков: Војници на НАТО во Украина ќе значат директен судир со Русија


Појавувањето на војници на НАТО на територијата на Украина ќе доведе до директен конфликт со Руската Федерација и ескалација на ситуацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.  Одговарајќи на новинарско прашање за ризикот од ескалација и директен конфликт со НАТО во случај на појава на војници на Алијансата на територијата на Украина, Песков посочи […]

Членка на Црвената армија уапсена по 30 години во бегство


  Поранешната терористка на германската Црвена армија (РАФ), Даниела Клете, наводно била уапсена во Берлин. „Билд“ и „Шпигел“ известуваат за ова апсење. Сега 65-годишникот беше во бегство повеќе од 30 години со поранешните левичарски терористи Ернст-Фолкер Штауб (69) и Буркхард Гарвег (55). Се вели дека триото ограбувало транспорт на готовина и супермаркети помеѓу 1999 и […]

Рогозин го спореди Остин со Горила


Поранешниот руски амбасадор во НАТО и висок актуелен функционер  во Москва, Дмитри Рогозин, објави расистички пост на Твитер кој се споделува масовно, со главна оценка дека е несфатливо како им се дозволува на руски функционери  да постираат вакви работи и да покажуваат што мислат за тие што имаат поинаква боја на кожа, особено што Русија […]

Ќе побара ли утре Приднестровје спојување со Русија?


  Сецесионистичкиот регион Приднестровје, меѓународно признат како дел од Молдавија, може да додаде нова тензија во руската војна во Украина. За 28 февруари во главниот град Тираспол е свикан конгрес на пратеници од сите локални административни нивоа. Сецесионистите претходно прибегнаа кон овој формат на состанок само во значајни прилики, почнувајќи од нивното еднострано прогласување независност […]

Макрон не исклучува испраќање западни војници во Украина


  Францускиот претседател Емануел Макрон не ја исклучува можноста од распоредување на копнени војници во Украина од страна на неговата земја. Ништо не е исклучено за постигнување на целта – спречување на руска победа во Украина, изјави Макрон синоќа во Париз, по завршувањето на конференција за помош на Украина. На неа учествуваа повеќе од 20 […]