Францускиот Сенат одобри абортусот да стане уставно право


Францускиот Сенат денеска донесе закон врз основа на кој правото на жената на абортус ќе стане дел од францускиот Устав. Ова го вети претседателот Емануел Макрон, откако Врховниот суд на САД минатата година престана да го штити абортусот како федерално уставно право на жените и ја препушти регулативата на земјите-членки на федерацијата. На усвојувањето во […]

Вулканот Попокатапетл предизвика хаос на аеродромите во Мексико


 Мексиканскиот центар за превенција од катастрофи вчера соопшти дека вулканот Попокатепетл, што се наоѓа на само 80 километри од главниот град, еруптирал дури 13 пати во претходните 24 часа и го повика населението на внимателност од лавата и пепелта што ги исфрла. Вулканската пепел уште во вторникот ги прекина летовите од најголемиот аеродром во Мексико […]

Трамп не може да ја плати казната од 450 милиони, каматата расте за 112.000 долари секој ден


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп не може да плати целосна кауција по пресудата за измама од 454,2 милиони долари и предлага банкарска гаранција од 100 милиони долари под закана од одземање, изјавија вчера неговите адвокати. Трамп ја обжали пресудата од 16 февруари на судијата Артур Енгорон од државниот суд на Њујорк во Менхетен, според која […]

Хамас: Во Појасот Газа над 30.000 загинати, само ноќеска 79


Министерството за здравство на Хамас утринава соопшти дека бројот на загинати во Појасот Газа се зголемил на „повеќе од 30.000“ од почетокот на конфликтот со Израел на 7 октомври. „Бројот на убиените се зголеми на повеќе од 30.000“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство на палестинското движење Хамас. Оттаму додаваат дека само ноќеска […]

Чешките законодавци го отфрлија барањето за легализирање на истополовите бракови


 Долниот дом на чешкиот Парламент вчера го отфрли барањето за легализирање на истополовите бракови, јави ДПА. Истополовите двојки во земјата со 10,5 милиони жители можеа да регистрираат граѓанско партнерство од 2006 година. Сепак, паровите не можат заеднички да посвојуваат деца, да поседуваат заеднички имот или да добиваат пензии за вдовци или вдовици. Пратениците вчера се […]

Врховниот суд на САД ќе одлучува за имунитетот на Трамп од кривично гонење


Врховниот суд на САД вчера го прифати барањето да одлучува дали поранешниот претседател Доналд Трамп има имунитет од гонење под обвинение за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година. Судот првпат одлучува да разгледува ваков случај, а од девет врховни судии, шест се конзервативци. Тие ќе ги слушнат тврдењата на Трамп […]

За Нобеловата награда за мир номинирани 285 кандидати


Вкупно 285 кандидати се номинирани за овогодишната Нобелова награда за мир, вклучувајќи 196 поединци и 89 организации, соопшти Норвешкиот Нобелови комитет. Тоа значи дека овогодишното поле на кандидати е значително помало од лани кога имаше 351 валидна номинација. Најголем број номинирани е постигнат во 2016 година со 376 кандидати, пренесе ДПА. Крајниот рок за номинирање […]

САД го ограничуваат трансферот на лични податоци на Американците на Кина и Русија


Администрацијата на претседателот Џо Бајден денеска претстави указ за заштита на личните податоци на Американците со ограничување на нивно предавање на Кина, Русија и низа други земји. Според указот, се забранува масовно предавање на геолокациска, биометриска, медицинска и финансиска информација за Американците „во земјите кои предизвикуваат загриженост“. Документот исто така забранува трансфер во тие земји […]

Велика Британија воведува телохранители за пратениците


 Британскиот парламент утринава соопшти дека пратениците за првпат во историјата ќе добијат телохранители, за што кабинетот на Риши Сунак одвои триесет и еден милион фунти. Минатонеделната дебата за Газа во Долниот дом на Парламентот се претвори во хаос откако претседателот на Парламентот даде предност за амандманот на лабуристите, иако беше планирано да се дебатира за […]

Шумски пожари во Австралија, повик за евакуација на 30.000 луѓе


Поради шумските пожари што избувнаа во Викторија на југоистокот на Австралија на 22 февруари, властите повикаа да се евакуираат околу 30.000 луѓе. Властите соопштија дека неконтролираните шумски пожари достигнале „катастрофално“ ниво и дека околу 30.000 луѓе кои живеат во западниот дел на земјата веднаш треба да ја напуштат областа. Веб-страницата „VicEmergency“, која обезбедува информации за […]

Отцепеното Приднестровје побара од Москва да го „заштити“ од притисокот на Молдавија


  Политичарите во молдавскиот отцепен регион Приднестровје, поддржан од Кремљ, апелираа до рускиот претседател Владимир Путин да го „заштити“ од „притисокот“ од Кишињев. „[Решивме да] поднесеме жалба до Советот на Федерацијата и Државната Дума на Руската Федерација, барајќи мерки за заштита на Приднестровје во услови на зголемен притисок од Молдавија“, се вели во резолуцијата усвоена […]

Навални ќе биде погребан в петок, сала за простување не е одобрена


  Алексеј Навални ќе биде погребан в петок, но без можност за оние кои сакаат да се поклонат на неговите посмртни останки. Ќе има богослужба во првата црква изградена во Москва во 21. век, „Икона на Богородица“, а телото ќе биде положено на гробиштата „Борисов“ – едни од најстарите во градот. Според неговата портпаролка Кира […]

Западни специјални сили се веќе во Украина, пишува „Фајненшел тајмс“


  Западните специјални сили се во Украина, изјави за „Фајненшел тајмс“ висок претставник на европската одбрана. „Сите знаат дека има западни специјални сили во Украина, тие едноставно не го признаваат тоа официјално“, рече соговорникот на весникот. Сепак, тој не прецизираше кои земји ги испратиле своите специјални сили во зоната на конфликтот. Дискусијата за испраќање западни […]

Црвена тревога во Италија поради екстремни временски услови


Италијанските власти денеска прогласија црвена тревога за делови од регионот Венето поради екстремни временски услови. Тоа се случува во време кога бранот обилни врнежи и силен ветер продолжува да погодува поголем дел од Италија. Останатите делови од регионите Венето и Емилија-Ромања се под портокалова тревога, втора по сила, поради временските услови кои исто така донесоа […]

Кој е Вадим Красиков, човекот за кого требаше да биде разменет Алексеј Навални


  На 26 февруари, претседателката на меѓународната антикорупциска фондација и соработничка на Алексеј Навални, Марија Певчих, рече дека било планирано рускиот опозиционер да биде разменет за Вадим Красиков, наводен офицер на тајната служба ФСБ, осуден во Германија за убиство. Во 2019 година, тој застрела и уби поранешен чеченски теренски командант во Берлин. Малку е познато […]

Во Тексас поради пожарите затворена фабрика за нуклеарно оружје, загрозени 11 милиони луѓе


 Серија шумски пожари го зафатија северниот дел на американската сојузна држава Тексас, што доведе до евакуација на илјадници жители, прекин на електричната енергија во илјадници домови и принудно затворање на фабрика за производство на нуклеарно оружје во Пантекс. Пожарите ги разгорува и силниот ветер и невообичаено високите температури. Републиканскиот гувернер Грег Абот прогласи катастрофа во […]

(Видео) 11-годишно девојче известува од Газа


Сумаја Вушах има 11 години е една од најмладите нови новинари во Газа кои известуваат за Палестинците. Девојчето во интервју за Ал Џезира изјави дека не се плаши да известува од завојуваниот Појас Газа, каде од 7 октомври во израелските напади се убиени повеќе од 100 новинари. Meet Gaza’s 11-year-old war reporter Sumayya Wushah, who […]

ЕУ во моментов преплавена со 1,14 милиона барања за азил


 Бројот на барања за азил во 2023 година е скокнат за 18 отсто, на 1,14 милиони, што е најголем број од мигрантската криза 2015/2016 година, покажаа денеска податоците на Европската агенција за азил –ЕУАА (EUAA).  Новите податоци најверојатно ќе додадат масло на веќе вжештената дебата за миграцијата и зајакнувањето на екстремната десница пред серијата локални […]

Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на Авдиивка


  Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на источниот град Авдиивка, кој беше заземен од руските сили претходно овој месец. Висок украински командант изјави дека украинските војници ги зајакнале новите одбранбени позиции западно од Авдиивка, чие заземање е најголемата победа на Русија на бојното поле во последните девет месеци. […]

Исламски екстремисти му се закануваат со смрт на градоначалникот на Лондон


Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, добил смртни закани од исламски екстремисти, објави вечерва Гардијан. Кан доби полициска заштита, која генерално им се дава на членовите на владата или на кралското семејство од 2017 година. Извор запознаен со безбедносните протоколи изјави дека покрај заканите од исламските екстремисти, на Кан му се заканува и екстремната десница. Градоначалникот […]