Полска планира во 2025 година да лансира воени сателити за надзор


Полска планира да лансира серија воени сателити за надзор во 2025 година, изјави денеска заменик-министерот за одбрана на земјата Цезари Томчик. „Следната година, како Министерство за одбрана и Армија на Полска, сакаме да ги ставиме нашите први полски сателити во орбитата. Полска планира да набави сателитски систем опремен со радарски и оптички технологии кои ќе […]

Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна


Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си. Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во […]

Остин: Израел уби над 25 илјади жени и деца во Газа


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека над дваесет и пет илјади жени и деца се убиени од Израел од 7 октомври. Шефот на Пентагон додаде дека Израел е способен и должен да стори повеќе за да ги заштити цивилите во енклавата. Остин беше прашан за време на сослушувањето во американскиот Конгрес колку […]

Израелската армија уби најмалку 104 луѓе додека чекаа хуманитарна помош


 Најмалку 104 луѓе загинаа, а 760 се повредени во денешниот напад на израелските сили јужно од градот Газа. Според очевидци жртвите чекале хуманитарна помош во близина на Довар ал-Наблус. Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ашраф ал-Кудра истакна дека повредените се префрлени во болниците во северниот дел на појасот Газа. Според сведоците, израелските […]

Украина собори за три дена уште пет авиони „Су-34“. Како ѝ успева?


  Командантот на украинските воздухопловни сили Николај Олешчук изјави дека украинските вооружени сили собориле уште два авиони „Су-34“ во правците кон Авдиивка и Мариупол. Русија не ги коментираше овие информации. Претходно во четвртокот Олешук пријави уште еден соборен авион. Така, според изјавите на украинската војска, во последните три дена биле соборени пет руски авиони. „Форбс“ […]

Русија напредува метар по метар со смрт по смрт


  Кога руската војска ја започна својата офанзива врз источниот украински град Авдиивка минатата есен, украинските војници забележаа промена во нивната тактика додека колона по колона руски сили беа опустошени од артилериски оган. Руските сили ги поделија своите пешадиски формации на помали единици за да избегнат гранатирање, додека бројот на руски воздушни напади се зголеми […]

Киев: Русија подготвува „Мајдан-3“ за крајот на мандатот на Зеленски


Русија ја подготвува операцијата „Мајдан-3“ за крајот на мандатот на Зеленски, објави Украина. Имено,Русија ќе се обиде да фрли сомнеж во легитимноста на одлуките донесени по завршувањето на претседателскиот мандат. Ова го соопштија Службата за безбедност на Украина (СБУ) и Воената разузнавачка служба (ГУР). Целта е по 20 мај Украинците да се сомневаат дали Зеленски […]

Путин пак му се заканува на Западот со нуклеарна војна


  МОСКВА – Претседателот Владимир Путин во четвртокот им кажа на западните земји дека ризикуваат да предизвикаат нуклеарна војна доколку испратат војници да се борат во Украина, предупредувајќи дека Москва има оружје за да напаѓа цели на Запад. Војната во Украина ја предизвика најтешката криза во односите на Москва со Западот од Кубанската ракетна криза […]

Европски суд за ревизори: Извештајот за владеењето на правото во ЕУ е премногу „дипломатски“


Годишниот извештај на Европската комисија за владеење на правото во земјите членки на ЕУ е недоволно транспарентен и во него недостига соодветна документација за изнесените наводи, се посочува во оценката на Европскиот суд на ревизори за документот на извршното тело на Унијата.  Според Судот, методологијата што ја користи Комисијата им нуди „ограничени податоци“ на заинтересираните […]

Украина загубила 20-ина елитни специјалци во неуспешна операција


  Силите за специјални операции на украинските вооружени сили во четвртокот вечерта известија за смрт на војници на поморскиот центар за специјални операции. Руските Z-канали тврдат дека убиените се обиделе да се истоварат на песочниот остров Тендра во регионот Керсон. Според пораката од Генералштабот на украинските вооружени сили, борците загинале „обезбедувајќи го заминувањето на главните […]

Украина соборила уште еден руски борбен авион „Сухој Су-34“


  Киев денеска објави дека соборил борбен авион на Русија над источните региони на Украина. Микола Олешук, командант на украинските воздухопловни сили, во изјава за Телеграм вели дека е соборен рускиот авион „Сухој Су-34“. Дополнителни информации за инцидентот не се објавени, а руските власти сѐ уште не ги коментирале тврдењата на Украина. 

Судијка во Илиноис му забрани на Трамп да учествува на републиканските прелиминарни избори


Судијката на американската сојузна држава Илиноис, Трејси Портер, забрани името на поранешниот претседател Доналд Трамп да се појавува на гласачкото ливче на прелиминарните избори на Републиканската партија, поради неговата наводна вмешаност во немирите во американскиот Капитол во јануари 2021 година. Таа ја одложи таа одлука, бидејќи се очекува тимот на Трамп да поднесе официјална жалба […]

Нов Зеланд го прогласи Хамас за терористичка организација


 Нов Зеланд денеска го прогласи палестинското исламистичко движење „Хамас“ за терористичка организација. Премиерот на Нов Зеланд Кристофер Луксон рече дека нападот на Хамас врз Израел минатиот октомври бил брутален и оти Нов Зеланд го осудува. Досега Нов Зеланд го сметаше само военото крило на Хамас за терористичка организација. Министерот за надворешни работи Винстон Петерс рече […]

Иранците утре избираат, се очекува доминација на конзервативците и ултраконзервативците


Иранците утре ќе гласаат на изборите за националниот Парламент и за Собранието на експерти, а во отсуство на сериозна конкуренција, се очекува конзервативците да зајакнат на власт. Изборите доаѓаат во услови на растечки економски тешкотии во Иран, кој исто така се бори со последиците од масовните протести предизвикани од смртта на Махса Амини во притвор […]

Ердоган им понуди на Русија и на Украина мировни преговори во Турција


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку видео порака, соопштена на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ во Тирана, нагласи дека неговата земја е подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина. Ердоган кажа дека неговата земја продолжува да го поддржува мирното решение за сеопфатната руска инвазија врз Украина и е подготвена да понуди платформа за […]

Бела куќа: Израел мора да им обезбеди на муслиманите пристап до Ѕидот на плачот во текот на Рамазан


Портпаролот на Белата куќа, Метју Милер, го повика Израел да им го олесни пристапот на муслиманските верници до Ѕидот на плачот во Ерусалим за време на Рамазан. -Не само што е вистинската работа, не е само прашање да им се даде на луѓето верската слобода што ја заслужуваат, на која имаат право, туку тоа е […]

Сунак: „Владеењето на толпата“ ја заменува демократијата во Британија, ќе се преземат мерки


Велика Британија запаѓа во „владеење на толпата“ и полицијата ќе стори повеќе за да ја заштити демократијата во земјата, рече премиерот Риши Сунак, откако британската влада најави дополнителни средства за заштита на пратениците. – Има се поголем консензус дека владеењето на толпата го заменува владеењето на демократијата. И заедно, сите ние, тоа мора итно да […]

Остин ќе се појави на сослушување пред Конгресот за криењето на болеста


Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска ќе се појави на сослушување пред американскиот Конгрес, бидејќи отишол на операција на рак на простата без да го извести американскиот претседател Џозеф Бајден или неговиот заменик во Пентагон. -Целосно е неприфатливо што беа потребни повеќе од три дена за да се извести претседателот дека министерот за одбрана […]

Во Конгресот постигнат договор за привремено финансирање на американската Влада


Демократските и републиканските лидери во Конгресот на САД постигнаа договор за финансирање на 12 федерални програми во тековната фискална година, што ќе спречи делумно затворање на американската федерална Влада, што ќе се случеше во сабота, пренесува Гласот на Америка. Договорот, одобрен од лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, треба да биде усвоен како привремен нацрт-закон […]

Бајден го помина лекарскиот преглед, способен е да биде претседател


Американскиот претседател Џозеф Бајден „останува подготвен за должност“, напиша синоќа неговиот лекар откако беше подложен на „годишен претседателски преглед“ додека 81-годишниот шеф на државата бара реизбор. -Претседателот Бајден е здрав, активен, робустен 81-годишен маж кој останува способен успешно да ги извршува должностите на претседателството, напишал лекарот Кевин О’Конор во меморандумот на шест страници за здравјето […]