Најмалку пет луѓе убиени во напад со нож во трговски центар во Сиднеј


Најмалку шест луѓе се убиени во напад во трговски центар во Сиднеј близу познатата плажа Бондај, а има и повредени. Полицијата кажа дека еден маж бил застрелан по извештаите дека неколкумина луѓе се избодени.

 
Најмалку седум амбулантни возила пристигнаа на местото на нападот, при што локалните медиуми објавија дека неколкумина од повредените се во критична состојба.
Џејсон, еден од купувачите евакуирани од центарот, изјави за австралиски „9 Вести“ дека го видел наводниот напаѓач со „голем нож“.
 
– Сите почнаа да трчаат кон крајот на зградата- изјавил тој.
 
Тој тврди дека подоцна бил сведок на моментот кога полицијата пукала во наводниот напаѓач. 

– Таа (полицајката) го застрела, а потоа пробаа да му го реанимираат срцето со ЦПР – истакна Џејсон.

Помошник началник во австралиската полиција, Ентони Кук изјави дека напаѓачот најверојатно дејствувал сам. Претходно дел од медиумите објавија дека во трговскиот центар имало двајца напаѓачи.

Додека вршителката на должност премиерка на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, Пени Шарп наведе дека е шокирана од нападот.

– Шокирана сум од извештаите за повеќекратни жртви во Бондаи. Моите мисли и мислите на Владата се со жртвите, нивните семејства и првите лица кои реагираат во овој момент, како и со оние кои можеби биле сведоци на овие ужасни настани, истакна Шарп.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои посетителите на трговскиот центар се обидуваат да му се спротивстават на напаѓачот. Исто така се појави и фотографија од напаѓачот.

По нападот од трговскиот центар беа евакуирани најмалку стотина луѓе. Повредени се неколку лица, меѓу кои и деветмесечно бебе на кое му била извршена операција.Како што неофицијално јавуваат австралиските медиуми, мајката на бебето им подлегнала на повредите во болница и таа е шестата жртва во нападот. Таа му го спасила животото на бебето давајќи го на случаен минувач.Како што пренесува DailyMail, бебето било оперирано.

„Мајката дојде со бебето и ми го даде. Само помогнав со тоа што го држев бебето и се обидов да го стиснам Беше многу лошо… многу крв на подот… Се надевам дека бебето е добро“, рекол сведок на настанот.

Се верува дека мајката и нејзиното бебе биле првите мети на наводниот напаѓач, пренесуваат медиумите.

Австралискиот премиер Ентони Албанез изрази сочувство до семејствата на жртвите. – Информиран сум за ужасните настани на Бонди Џанкшн.За жал, пријавени се повеќе жртви и првите мисли на сите Австралијци се со жртвите и нивните најблиски.

Нашите срца се со повредените и им благодариме на оние што се грижат за нив, како и нашите храбри полициски и служби за прва помош, напиша тој на Х. .