Зеленски: На Украина не и треба француската армија, вашите деца нема да умираат кај нас


На Киев не му треба присуството на француски воен персонал, изјави претседателот на Украина Володимир Зеленски. -Сè додека Украина издржува, француската армија може да остане на француска територија. Вашите деца нема да умираат во Украина. Доколку Русија дојде во конфликт со земја на НАТО, вашите деца може да бидат испратени во една од земјите на […]

Украина го повика амбасадорот на Ватикан поради „белото знаме“


Украинското Министерство за надворешни работи го повика папскиот нунциј да изрази „разочарување“ поради изјавите на папата Франциско дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да започне преговори со Русија за ставање крај на двегодишната војна. На папскиот амбасадор во Украина, литванскиот надбискуп Висвалдас Кулбокас, му било кажано дека Папата треба да […]

Бајден: Нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека нема потреба од дополнителни американски војници на полската граница. Бајден ставот го кажа на еден ден пред да се сретне со полскиот претседател Анджеј Дуда и премиерот Доналд Туск. 

Украински дронови нападнаа руска фабрика за гориво


Украина изврши напади со беспилотни летала врз фабрика за гориво и енергија во руската провинција Ориол, изјави денеска гувернерот на централната руска покраина. Тој додаде дека остатоците од дронот паднале на комплексот. „Немаше жртви“, напиша гувернерот Кличков на Телеграм. Според службата за итни случаи, еден танкер бил запален како последица на нападот.

ЕУ воведува нови правила за политичко рекламирање


Советот на ЕУ усвои нова регулатива за транспарентност и таргетирање на политичкото рекламирање, чија цел е да се спречи манипулирањето со информациите и странското мешање во изборите.  Регулативата треба да им олесни на граѓаните да ги препознаат политичките реклами, да дознаат кој стои зад нив и да знаат дали биле изложени на таргетирани реклами, со […]

Воените гробишта во Русија се шират во огромни размери, покажуваат сателитските снимки


  Бројот на гробови на гробиштата поврзани со елитните единици на руското Министерство за одбрана и платеничката група „Вагнер“ нагло се зголеми од почетокот на војната во Украина, пишува британски „Телеграф“. Иако Русија не дава податоци за бројот на загинати војници, сателитските снимки обезбедени од Maxar Technologies ги потврдуваат западните проценки за значителни загуби, забележува […]

Путин одобри употреба на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања


 Рускиот претседател Владимир Путин одобри декрет со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања. Според декретот потпишан од Путин, дигиталните финансиски средства може да се користат како платежно средство за увоз и извоз на стоки и услуги во рамки на законот за регулирање на валутата. Претходно, мерката ја најави Анатолиј Аксаков, […]

Нетанјаху: Го убивме четвртиот по важност член на Хамас, следуваат третиот, вториот и првиот


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека војската го убила четвртиот најважен приоадник на Хамас, алудирајќи на заменик-политичкиот лидер на палестинскиот исламистички Хамас, Салех ал-Арури и најави дека наскоро ќе стасаат и до други високи команданти. Нетанјаху го рече ова во видео изјава додека Израел ја истражува судбината на Марван Иса, кој е заменик-лидерот на […]

Ако биде избран Трамп нема да даде ниту цент за Украина, вели Орбан


  Поранешниот американски лидер Доналд Трамп нема да даде пари за да ѝ помогне на Украина во борбата против Русија, ако повторно ја добие претседателската функција и тоа ќе го забрза крајот на војната, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан во неделата (10 март) по средбата со него. Националистичкиот премиер Орбан, кој ја поддржува желбата на […]

Селфи на израелските војници со урнатините во Газа


  Фотографот на Асошиетед прес, Цафрир Абајов, ја покрива границата меѓу Израел и Газа речиси 20 години. Тој на 19 февруари направи една амблематична фотографија како израелски жени војници прават селфи пред огромната девастација на Газа. Таа стана приказна која зборува за себе за војната на Израел против Хамас. Цафрир Абајов напиша за АП како […]

(Видео) Големо невреме во Франција: автомобили однесени од пороен дожд, четворица мртви


Најмалку четири лица загинаа во поројните поплави во југоисточна Франција, според новите податоци на локалните власти, откако уште еден маж беше пронајден мртов. Телото е пронајдено во околината на Дионс, село северно од Ним, каде исчезнале три лица – таткото и неговите две деца, соопшти префектурата на департманот Гард. 40-годишната мајка била спасена пред нивниот […]

Принцезата Кејт се извини, фотографијата со децата била преправана


  Британската принцезата од Велс се извини за „недоразбирањето“ што доведе до тоа големите фотоагенции да ја повлечат официјалната фотографија на Кејт Мидлтон и нејзините деца. Изјавата на принцезата се појави на социјалните мрежи на палатата Кенсингтон. „Како и многу фотографи аматери, од време на време експериментирам со уредување. Сакам да се извинам за недоразбирањето […]

Португалија се сврте в десно на тесните избори


  Португалската централно-десничарска коалиција Демократска алијанса извојува победа на вонредно тесните предвремени избори во неделата, на кои екстремната десница значајно порасна и ниту една партија не обезбеди мнозинство во парламентот. „Португалскиот народ зборуваше“, рече лидерот на Демократската алијанса Луис Монтенегро. „Тие сакаат различна влада, различни политики, обновени партии и дијалог меѓу нивните лидери… И тоа […]

Ни Ерин Брокович не може да им помогне – оваа фабрика во Италија ги убива сите


Тереза Батиста секојдневно ги брише густите слоеви прашина што ги покрива гробовите на гробиштата Сан Бруноне во областа Тамбури во Таранто во јужна Италија. Но, и покрај сите нејзини напори, оваа чистачка, која работи на гробиштата 35 години, не можела да спречи појава на црвени лузни на мермерните гробници – резултат на токсичната прашина од […]

Ќе изгориме, а не сме подготвени за тоа


Европа не е подготвена за огромните и се побројни климатски ризици со кои се соочува, велат од Европската агенција за заштита на животната средина (ЕЕА). Во извештајот, објавен од Гардијан, се вели дека шумските пожари горат домови во Европа, а хаотичното време ги оптоварува јавните финансии. ЕЕА, исто така, пишува дека се потребни дополнителни активности […]

СИПРИ: Увозот на оружје во Европа е двојно зголемен во последните пет години


 Увозот на оружје во Европа е речиси двојно зголемен во последните пет години, најмногу поради војната во Украина, објави денеска Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања (СИПРИ). Во извештајот на СИПРИ се наведува дека меѓу 2019 и 2023 година увозот на оружје од европските земји се зголемил за 94 отсто во споредба со периодот од […]

Двајца 10-годишни близнаци пронајдени мртви во Романија


Две деца се пронајдени мртви во романското село Деса во Долје, во близина на српската граница, јавуваат медиумите во регионот.   Десетгодишни близнаци се пронајдени мртви во нивната куќа во селото Деса во Долје, Романија, а првите резултати од истрагата покажуваат дека децата починале како последица од труење со јаглерод моноксид. Во куќата утрово биле […]

Силиконската долина тргна в десно


  Откако го презеде Твитер, Илон Маск политички скршна надесно, пркосејќи ѝ на идејата дека Силиконската долина е бастион на добростоечки либерали и демократи. Иако тој долго време беше идеолошки некласифициран, политиката на Маск сега е цврсто десна бидејќи тој ја користи својата платформа Икс, порано Твитер, за да ги поттикне темите што ги привлекуваат […]

Поплавите и свлечиштата во Индонезија однесоа 26 животи, најмалку 11 се водат како исчезнати


Поплавите и свлечиштата на островот Суматра во Индонезија однесоа 26 животи, а најмалку 11 лица се водат како исчезнати, соопштија денеска службите за вонредни состојби. „Единаесет лица се сметаат за исчезнати, а 26 загинаа“, соопшти портпаролот на Агенцијата за управување со катастрофи, Абдул Мухари. Привремено засолниште мораа да бараат 75.000 луѓе, повеќе од 20 луѓе […]

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи, по шестиот се трага


Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат. Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС. Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на […]