Младите во Европа масовно се свртуваат кон екстремната десница


Има сѐ повеќе докази дека европската екстремна десница ќе постигне историски добри резултати на претстојните избори за Европскиот парламент од 6 до 9 јуни и дека младите гласачи ќе го поттикнат нејзиниот подем. Младите луѓе кои сега гравитираат кон екстремната десница не се нацисти или ксенофобични расисти, но тие би можеле да влијаат на промената […]

Ентони Блинкен свиреше со украински бенд во познат бар во Киев


  Тоа беше неочекуван момент на крајот на долгиот ден во Киев за Ентони Блинкен, по бројните состаноци на високо ниво и сериозни изјави кои ветуваа брза испорака на американската воена помош. Државниот секретар зеде гитара и ја изведе преработката на Rockin’ in the Free World на Нил Јанг со украински рок бенд. Сликите, брзо […]

Макрон свика кризен состанок за немирите во Нова Каледонија


 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска итно свика состанок на Советот за одбрана и национална безбедност на кој ќе се разговара за немирите во кои загинаа две лица, а стотици беа повредени во Нова Каледонија, соопшти неговиот кабинет. Макрон го откажа патувањето во францускиот регион планирано за денеска за да се справи со кризата на територијата […]

ОН: Речиси 5,9 милиони деца во Нигерија се соочуваат со криза со храна и неухранетост


Обединетите нации објавија дека 5,9 милиони деца во североисточна Нигерија се соочуваат со сериозна криза со храна и неухранетост. Во Абуџа, главниот град на Нигерија, ОН организираа настан наречен „План за безбедност на храната во сушната сезона 2024 година“. Координаторот на ОН за хуманитарна помош за Нигерија и резидентен координатор Мохамед Фол, говорејќи на отворањето […]

Потрага по избеган затвореник во Нормандија откако двајца затворски службеници беа убиени во заседа


Стотици полицајци денеска во Нормандија се во потрага по затвореник кој побегна вчера по судското сослушување во Руан. Двајца затворски чувари загинаа, а тројца се тешко ранети во заседа во која комбе со затвореник беше нападнато во близина на Руан, град на северот на Франција, недалеку од Париз. Затвореникот и напаѓачите побегнаа, јавуваат француските медиуми. […]

„Боинг“ може да се соочи со кривично гонење поради две несреќи на „737 Макс“


Американското Министерство за правда соопшти дека размислува дали да ја гони компанијата Боинг за двете фатални несреќи на авионот „737 Макс“. Министерството за правда тврди дека „Боинг“ ги прекршил условите од договорот од 2021 година што ја заштити компанијата од кривични пријави поврзани со инцидентите, што компаниите ги негираат. Вкупно 346 лица загинаа во несреќи […]

Немири во Нова Каледонија поради реформи. Изгореа згради и училишта, едно лице загина


Повеќе од 130 лица се уапсени во Нова Каледонија, француска прекуморска територија, по втората ноќ на насилни протести, соопшти француската висока комисија, а телевизијата БФМ објави дека едно лице загинало во немирите. Немирите започнаа во понеделникот додека Франција расправаше за планираниот закон со кој на илјадници француски граѓани на јужниот пацифички архипелаг ќе им се […]

Блинкен свиреше гитара и пееше со локален бенд во Киев


Американскиот државен секретар Антони Блинкен му се придружи на локалниот бенд во Киев денеска за да ја изведе песната „Rockin’ in the Free World“ на Нил Јанг. U.S. Secretary of State Antony #Blinken played and sang "Rockin' In The Free World" with a band in one of #Kyiv's bars. pic.twitter.com/j2qjZsbGYX — KyivPost (@KyivPost) May 14, […]

ЕУ ќе распореди пожарникари од 12 земји на потенцијалните места за шумски пожари


Европската унија планира да распореди повеќе од 500 пожарникари од 12 земји на клучни локации во Европа ова лето за да помогнат во борбата против шумските пожари. Тие ќе им помогнат на локалните противпожарни бригади во Франција, Грција, Португалија, Шпанија и други земји, пишува dpa повикувајќи се на соопштение на Европската комисија објавено во вторник. […]

Вашингтон загрижен поради усвојувањето на контроверзниот закон за странско влијание во Грузија


Белата куќа денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради усвојувањето на контроверзниот закон за „странско влијание“ во Грузија, предупредувајќи дека САД би можеле да ги преиспитаат своите односи со земјата. – Очекуваме (грузискиот) претседател да стави вето, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Таа додаде дека не е јасно дали грузискиот парламент ќе се […]

Китови убијци потонаа едрилица – Шпанија издаде предупредување


Орки, познати и како „китови убијци“, ја потопиле 15-метарската едрилица „Алборан Коњак“ во мароканските води во Гибралтарскиот теснец, потврди шпанската поморска спасувачка служба. Инцидентот се случил во неделата околу 9 часот по локално време. Две лица од едрилицата биле спасени од танкер со нафта што случајно се нашол таму. Ова беше само последниот во серијата […]

Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата


Половина од украинските бегалци во Германија, Полска и Чешка се подготвени да се вратат во Украина доколку дозволат условите. Ова го покажува социолошкото истражување спроведено на крајот на минатиот месец од Киевскиот меѓународен институт за социологија, објави Укринформ. Мнозинството од испитаниците се подготвени да се вратат доколку критичната инфраструктура работи нормално (34 проценти) и доколку […]

Американски изум: Украинците почнаа да ја користат „дивата ласица“ против руската армија


Децениската американска тактика ја користеа украинските воздухопловни сили во обид да ги елиминираат руските радари и противвоздушни системи. Како што пренесува порталот Business Insider, станува збор за таканаречената „дива ласица“, која ја измислиле американските пилоти за време на Виетнамската војна. „Дивата ласица“, според Business Insider, се однесува на пилоти на авиокомпании кои одат на мисии […]

ЕУ подготвува мерки за поддршка на позитивното влијание на инфлуенсерите


Советот не ЕУ денеска одобри заклучоци со кои се повикува на зголемена поддршка за поттикнување на позитивното влијание на инфлуенсерите, имајќи предвид дека нивните онлајн содржини и информации секојдневно ги консумираат се поголем број луѓе во Унијата.  Во документот се посочува дека влијанието на инфлуенсерите, кои се дефинирани како „онлајн креатори кои објавуваат содржини на […]

Кина започна кампања против насилничкото однесување во училиштата


Министерството за образование на Кина објави дека започнува кампања за справување со проблемите, вклучително и прекумерните домашни задачи и малтретирањето во училиштата, како дел од напорите за зајакнување на менталното здравје на учениците. Министерството завчера соопшти дека спроведува едукација за ментално здравје за наставниците и учениците, со посебен осврт на децата на мигрантите од руралните […]

Путин во посета на Кина на 16 и 17 мај


Рускиот претседател Владимир Путин ќе ја посети Кина на покана на кинескиот претседател Си Џинпинг на 16 и 17 мај, соопшти денеска Кремљ. Тоа ќе биде прва посета на Путин на една земја откако на 7 мај положи заклетва и го започна својот петти мандат. 

Нетанјаху го отфрли барањето на Хамас за прекин на војната


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше вербално нападнат за време на говорот на Меморијалниот ден на Израел во Ерусалим. Мрачниот календарски настан беше надополнет со тагата и зовриениот јавен гнев поради неуспесите на 7 октомври, кога борците на Хамас од Газа упаднаа во јужен Израел и убија 1.200 луѓе, главно Израелци, чин што ја поттикна војната. […]

Трамп води пред Бајден во шест од седум „неодлучни“ држави


 Гласовите во седум „неопределени“ американски држави најверојатно ќе одлучуваат за исходот на претстојните претседателски избори во САД, каде главни кандидати се претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин. Во анкетата спроведена заеднички од Њујорк Тајмс, колеџот Сиена и Филаделфија Инквајер, се наведува дека Трамп води […]

Сојузната држава Минесота си го смени знамето


Американската сојзуна држава Минесота минатата недела официјално си го смени знамето и отсега старото знаме усвоено во 1957 година повеќе нема да се вее на ниту еден владин објект. Старото знаме го симна Националната гарда на Минесота и на негово место е подигнато новото. Старото знаме кое се вееше над локалниот Капитол ќе се чува […]

Зошто Путин избра економист, а не генерал, да го води министерството за одбрана


  Назначувањето на економистот Андреј Белоусов за министер за одбрана значи дека Владимир Путин има намера да го направи воено-индустрискиот комплекс мотор на економијата и преку неговата милитаризација да ја продолжи војната долго време. Белоусов треба да обезбеди непречено снабдување на армијата и тој е подготвен да го стори тоа, бидејќи долго време се залага […]