Трамп: Она што се случува со Израел може да заврши со светска војна


Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат за овогодишните избори, Доналд Трамп изјави дека „она што се случува со Израел може да заврши со светска војна“, пренесоа денеска израелските медиуми. – Имаме нешто помалку од седум месеци до претседателските избори на 5 ноември, но тоа е вечност кога луѓето се неспособни, рече Трамп, според „Џерусалим […]

Спасени се сите 174 заробени лица во кабините на жичарницата во Анталија


Успешно е завршена операцијата за спасување на 174 лица заробени во кабините на жичарницата во Анталија, соопштија денеска локалните власти. Во соопштението се наведува и дека едно лице загинало, а седум лица се повредени кога потпорниот столб на жичарницата се урнал и удрил во кабина со патници, која паднала на земја, пренесува турскиот портал Сабах. […]

Трамп: Републиканците ќе поддржат помош за Украина само во форма на заем


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека републиканците ќе ја поддржат помошта за Украина во американскиот Конгрес, но само „во форма на заем“. – Во однос на законот за помош на Украина, во моментов го разгледуваме. Размислуваме да го направиме тоа во форма на заем, а не само подарок. Продолжуваме да даваме подароци од […]

Значително е влошена ситуацијата на источниот фронт на Украина


Изминатите денови значително е влошена ситуацијата на источниот фронт, изјави денеска началникот на украинската армија Олександар Сирски. Тој наведе дека е интензивирана руската офанзива, посебно на подрачјето на градот Часив Јар. – Ситуацијата на Источниот фронт значително се влоши изминатите денови. Ова главно се должи на зголемената непријателска офанзива по претседателските избори во Русија, што […]

Русија успешно тестираше интерконтинентална балистичка ракета


Руското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека успешно тестирало интерконтинентална балистичка ракета на полигонот Капустин Јар во јужниот дел на Астраханската Област. На 12 април 2024 година, од четвртиот државен централен интерконтинентален полигон Капустин Јар во регионот Астрахан, борбениот екипаж на Стратешките ракетни сили изврши успешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од мобилен ракетен систем […]

Најмалку пет луѓе убиени во напад со нож во трговски центар во Сиднеј


Најмалку шест луѓе се убиени во напад во трговски центар во Сиднеј близу познатата плажа Бондај, а има и повредени. Полицијата кажа дека еден маж бил застрелан по извештаите дека неколкумина луѓе се избодени.   Најмалку седум амбулантни возила пристигнаа на местото на нападот, при што локалните медиуми објавија дека неколкумина од повредените се во […]

Кристалина Георгиева останува на чело на ММФ


Управниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа соопшти дека генералната директорка Кристалина Георгиева доби уште еден мандат. Вториот петгодишен мандат на Георгиева беше потврден со консензус. Новиот мандат на Георгиева (70), која беше единствената кандидатка, ќе почне на 1 октомври, на крајот на нејзиниот досегашен мандат.

Наскоро е можна воена операција на Иран врз Израел


Откако на 1 април беше нападнат Конзулатот на Иран во Сирија, при што загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои седуммина високи членови на Иранската револуционерна гарда, не престануваат обвинувањата и заканите од Техеран кон Израел. Иран за нападот го обвинува Израел и вети дека ќе возврати за смртоносниот напад, но Ерусалим не го коментираше инцидентот. […]

Белгиските обвинители истражуваат можна руска вмешаност во кампањата за европските избори


Белгиските обвинители истражуваат можно руско мешање во претстојните избори за Европскиот парламент по информациите што ги добиле од разузнавачките служби, изјави денеска премиерот Александар Де Кро. Инспекторите, рече Де Кро, откриле дека руските групи форсираат проруските кандидати за да ја ослабат поддршката на ЕУ за Украина во борбата против руската инвазија започната пред две години. […]

Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава


Норвешка е подготвена да ја признае палестинската држава во соработка со други земји, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стјоре во присуство на неговиот шпански колега Педро Санчез, кој се залага за такво признавање. „Норвешка е подготвена да донесе одлука за признавање на палестинската држава. Таа одлука мора да се донесе врз основа на време […]

Катедралата Нотр Дам ќе се реновира до крајот на годинава


Пет години  по разорниот пожар, реставрацијата на катедралата Нотр Дам е при крај, бидејќи очите на светот се свртени кон Париз, домаќин на Олимписките игри. Катедралата треба да ги отвори вратите на 8 декември годинава. Вечерта на 15 април 2019 година се запали покривот на катедралата. Огнот брзо ја зафатил кулата и речиси ја урнал […]

Шведска нема да ги исполни своите цели за климата без промени во политиката


Шведска нема да ги исполни своите климатски цели без нови политички мерки за намалување на емисиите на јаглерод, предупреди Агенцијата за заштита на животната средина. Според агенцијата, со сегашните политики, земјата ќе ја пропушти и целта за нето нула мисии до 2045 година и пократкорочните цели и нема да ги исполни своите обврски во овој […]

Белгија отвори истрага против европратениците поради сомневање дека работеле за интересите на Русија


Белгискиот сојузен обвинител отвори истрага против претставниците на Европската унија (ЕУ) обвинети за примање плаќања за ширење проруска пропаганда. Премиерот Александар Де Кро изјави за новинарите дека белгиските разузнавачки служби го потврдиле постоењето на проруска мрежа што се гони во земјата. Неодамнешната истрага на чешките власти откри дека европратениците кои седат во Европскиот парламент во […]

Американските вселенски сили ќе ја изведат својата прва воена вежба во орбитата


Вселенските сили на САД соопштија дека се здружуваат со приватните вселенски компании Rocket Lab и True Anomaly за да спроведат воена демонстрација во орбитата. Мисијата, наречена The Victus Haze Tacticically Responsive Space (TacRS), ќе покаже како војската би одговорила на агресија во орбитата. Ова е прва мисија од ваков вид, што ја одразува тековната воена […]

Данска ја продолжува контролата на границите со Германија поради заканата од тероризам


 Данското Министерство за правда денеска соопшти дека земјата ја продолжува заострената контрола на границите со Германија за уште шест месеци поради, како што се наведува, континуираната висока закана од тероризмот. „Заканата од тероризам останува сериозна и дополнително се засили по конфликтот меѓу Израел и милитантните групи на палестинските територии. Центарот за анализа на тероризмот во […]

Бајден ќе отпише студентски долгови од 7,4 милијарди долари


Владата на американскиот претседател Џо Бајден ќе отпише долг од 7,4 милијарди долари за 277.000 студенти, соопшти денеска Белата куќа. На почетокот на овој месец, Бајден најави мерки за олеснување на студентскиот долг од кои ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци. Ова е клучно прашање за младите гласачи, чија поддршка му е потребна на […]

Навални напиша автобиографија пред неговата смрт – наскоро ќе биде објавена


Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални пред смртта напиша автобиографија, која ќе биде објавена во октомври, објави денеска неговата вдовица Јулија Навална. Навални (47) почина во февруари во затвор во Арктичкиот круг. Водечкиот руски опозициски политичар сакаше да стане претседател на Русија и беше најжесток критичар на Владимир Путин во земјата. Неговите сојузници, кои властите ги […]

Постои ризик од колапс на украинската одбрана во наредните месеци


  Во следните неколку месеци може да дојде до колапс на одбраната на Украина и колапс на украинската армија, изјавија за Блумберг неколку информирани западни претставници. Тие велат дека Украина е во својот „најранлив момент“ од февруари 2022 година поради големиот недостиг на муниција и персонал, празнините во воздушната одбрана и воениот замор. Еден од […]

Нов воен ласер ќе соборува руски дронови во Украина


Британскиот министер за одбрана Грант Шапс изјави дека новиот британски воен ласер „Драгон Фајр“може да се користи во Украина за соборување руски дронови. Тој рече дека оружјето, кое се очекува да биде подготвено за распоредување најдоцна до 2027 година, може „сериозно да влијае“ на конфликтот меѓу Русија и Украина, пренесува „Скај њуз“. Новите реформи насочени […]

Кличко: Ова не е војна, ова е тероризам


Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко итно побара дополнителни испораки на оружје од сојузниците на Украина за да се спречат засилените руски напади врз земјата. – Ова е војна на ресурси и затоа ни е потребна поддршка од нашите партнери, рече Кличко синоќа за германската јавна телевизија ЗДФ. На Украина итно и требаат повеќе системи за […]