Г7 го осуди иранскиот напад врз Израел и повика на воздржаност


Лидерите на земјите-членки на Г7 на денешниот вонреден состанок го осудија нападот на Иран врз Израел и повикаа на „воздржаност“ од сите страни. – Едногласно го осудивме нападот без преседан на Иран против Израел, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на Икс. Ќе продолжиме со сите наши напори да работиме на деескалација. Завршувањето на […]

Во вторник вонредна средба на министрите за надворешни работи на ЕУ иранскиот напад врз Израел


Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел соопшти дека на 16 април ќе се одржи вонреден видео состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ поради синоќешните ирански напади врз Израел. – Нашата цел е да придонесеме за деескалација и безбедност во регионот, објави Борел на мрежата Икс. Поради ирански […]

Њујорк тајмс: Нетанјаху го откажа итниот одмазднички напад врз Иран по телефонскиот разговор со Бајден


Американскиот претседател Џо Бајден го одврати израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да одобри итен одмазднички напад против Иран, откако Техеран синоќа лансираше околу 300 нападни беспилотни летала и проектили врз Израел, објави Њујорк Тајмс. Според весникот, неколку членови на воениот кабинет на Израел биле за итен одговор, но поради што иранскиот напад не предизвикал сериозни штети, […]

Престрелка во Чикаго, убиено седумгодишно девојче, две деца се во критична состојба


Осум лица се застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во престрелка поврзана со ривалство на локалните банди во јужниот дел на Чикаго, соопшти денеска полицијата. „Девојче беше застрелано во главата синоќа и им подлегна на повредите, додека едногодишно и седумгодишно момче беа застрелани повеќекратно и се во […]

Иран ги информирал САД и земјите од регионот 72 часа пред нападот врз Израел


Шефот на иранската дипломатија Хосеин Амирабдолахиан изјави дека соседните земји биле информирани 72 часа пред одмаздничките напади врз Израел. – Приближно 72 часа пред нашите операции ги информиравме нашите пријатели и соседи во регионот дека одговорот на Иран против Израел е сигурен, легитимен и неотповиклив, истакна Амирабдолахиан. Тој додаде дека биле информирани и САД дека […]

Тајната на „Железната купола“: Моќниот одбранбен систем кој никој друг во светот го нема


Никој во светот нема ваков одбранбен систем: Моќната „Железна купола“ целосно ги уништи иранските беспилотни летала, уништувајќи ги сите закани во воздухот за неколку секунди. Израелската војска во саботата доцна навечер и во текот на ноќта во неделата собори речиси 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран во остра ескалација на конфликтот на Блискиот […]

Во фарма во Германија изгореа илјадници свињи


Илјадници животни загинаа во пожар во голем објект за товење свињи во регионот Алтмарк во Саксонија-Анхалт во северно-централна Германија. Пожарникарите првично соопштија дека во пожарот загинале околу 20.000 свињи. Портпаролот на компанијата подоцна изјави дека умреле 1.750 маторици и непознат број прасиња. Според претставник на областа Салцведел, во регионот Алтмарк, вобичаено на една маторица доаѓале […]

Таткото на девојчето повредено во иранскиот напад врз Израел: Дел од ракета падна врз нашата куќа, веднаш ја однесовме во болница


Мохамад, татко на седумгодишното девојче кое во текот на изминатата ноќ беше тешко рането кога Израел пресретна ирански проектил, денеска изјави дека врз нивната куќа паднале шрапнели од соборен проектил. Семејството живеело во бедунинска куќа во градот Арад. -Падна врз нашата куќа околу два часот по полноќ. Таа спиеше во куќата и веднаш ја однесовме […]

Иранците го славеа нападот врз Израел


 Неколку илјади луѓе се собраа во големите ирански градови за да го поздрават и поддржат нападот врз Израел. Во Техеран демонстрантите почнаа да се собираат на плоштадот „Палестина“, во центарот на градот, веднаш откако Револуционерната гарда објави дека започнала операција против Израел. Демонстрантите извикуваа „Смрт за Израел“, „Смрт за Америка“, традиционални пароли од Исламската револуција […]

ИДФ: На Израел во одбраната од иранскиот напад му помогнаа САД, Велика Британија, Франција и Јордан


САД, Велика Британија, Јордан и Франција му помогнаа на Израел да се одбрани од иранскиот напад, јавија израелските одбранбени сили (ИДФ). Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, говорејќи за француската помош, рече дека Франција има многу добра технологија, авиони, радари и дека тие придонеле во патролирањето на воздушниот простор, додавајќи дека нема точни детали дали француските […]

Иран ги предупреди САД и Израел на посилни напади во случај на одговор на синоќешниот напад


Иранските власти испратија порака до официјален Вашингтон преку Швајцарија, предупредувајќи дека американските бази ќе бидат цел на ирански напади доколку САД поддржат израелска одмазда за синоќешните воздушни напади на иранските вооружени сили, објави денеска иранската државна телевизија. Иран, исто така, го предупреди Израел дека ќе биде изложен на поголем напад доколку се одмазди за ноќните […]

Мосад соопшти дека Хамас ја одбил понудата за примирје


 Израелската разузнавачка агенција Мосад соопшти дека палестинското движење Хамас го отфрлил најновиот предлог за примирје претставен пред една недела во Каиро од посредници. „Одбивањето на понудата претставена од САД, Египет и Катар покажува дека лидерот на Хамас во Појасот Газа Јахја Синвар не сака хуманитарен договор или враќање на заложниците“, се вели во соопштението на […]

Светот изрази голема загриженост поради иранскиот напад врз Израел


Американскиот претседател Џо Бајден изрази солидарност со Израел по нападот од Иран и се сретна со неговиот тим за национална безбедност за да разговара за ситуацијата, пренесоа светските агенции. „Нашата посветеност на безбедноста на Израел наспроти заканите од Иран и неговите полномошници (во регионот) е непоколеблива“, напиша Бајден на социјалната мрежа Х, објавувајќи фотографија од […]

Иран истрелал повеќе од 300 дронови и проектили, 99 отсто биле пресретнати


Експлозии и сирени за воздушен напад се слушнаа во Израел рано утринава откако Иран истрела стотици беспилотни летала, балистички крстосувачки ракети во директен напад, објавија израелските медиуми. Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари изјави дека биле истрелани повеќе од 300 беспилотни летала и проектили, но 99 отсто од нив биле пресретнати. Хагари рече дека Иран […]

Ирска, Полска и Словенија во трка за местото претседавач на Воениот комитет на ЕУ


Функцијата претседавач на Воениот комитет на ЕУ (ЕУМЦ) не спаѓа во групата позиции од висок профил во рамките на Унијата, но нејзиниот носител има значајна улога како советник на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност. Неговата позиција доби на значење и со руската агресија во Украина и наметнувањето на одбранбената политика меѓу […]

Израел го отвори својот воздушен простор по синоќешните ирански воздушни напади


Израел утрово го отвори својот воздушен простор, кој беше затворен поради иранскиот напад со околу 300 проектили и борбени дронови, јавуваат израелските медиуми. Во соопштението на израелските аеродромски власти се вели дека израелскиот воздушен простор е повторно отворен, но на патниците од Тел Авив им се советува да го проверат распоредот на летовите поради нарушување […]

Блискиот Исток на работ. „Црвената линија исчезна“: Вака изгледаше синоќа небото над Израел (видео)


Иран лансираше повеќе од 200 беспилотни летала и други проектили кон Израел, но досега без поголеми последици. Многу беспилотни летала и проектили беа соборени уште пред границите на Израел, но тие сè уште пристигнуваат, објави портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Мал број проектили земја-земја го погодија Израел, при што беше повредено едно дете. […]

Иран започна масовен напад на Израел


  Иранските беспилотни летала и проектили лансирани во невиден напад од големи размери врз Израел почнаа да навлегуваат во израелскиот воздушен простор, активирајќи сирени за воздушен напад низ целата земја. Се чини дека израелскиот систем за противвоздушна одбрана ги уништува дојдовните проектили пред каков било удар на земјата. Силни експлозии и блесоци на светлина можеа […]

Израел се подготвува за напад од Иран, САД му даваат воена поддршка


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска имаше втор телефонски разговор за три дена со министерот за одбрана на Израел Јоав Галант, соопшти Пентагон. Двајцата разговараа за „итните регионални закани и ја повторија непоколебливата поддршка на САД за одбраната на Израел“. „Секретарот Остин јасно стави до знаење дека Израел може да смета на целосна американска […]

Трамп: Она што се случува со Израел може да заврши со светска војна


Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат за овогодишните избори, Доналд Трамп изјави дека „она што се случува со Израел може да заврши со светска војна“, пренесоа денеска израелските медиуми. – Имаме нешто помалку од седум месеци до претседателските избори на 5 ноември, но тоа е вечност кога луѓето се неспособни, рече Трамп, според „Џерусалим […]