НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина


Министрите за одбрана на државите од НАТО го одобрија денеска планот за долгорочно снабдување со воена опрема и обука на Украина, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека оваа помош за Украина ќе биде спроведена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе. […]

Доналд Трамп им се додворува на врвните извршни директори, ветува помали даноци и помала бирократија


Доналд Трамп во четвртокот им се обрати на некои од главните извршни директори во Америка, ветувајќи дека ќе ги намали даноците и бирократијата во обид да ја придобие корпоративната Америка. Поранешниот претседател беше меѓу говорниците на настанот на Бизнис тркалезна маса во Вашингтон, на кој присуствуваа титаните на Волстрит, вклучувајќи го извршниот директор на JPMorgan, […]

Во Германија запленет кокаин вреден милијарди евра


 Германски истражители извршиле рации во седум сојузни држави и заплениле кокаин вреден неколку милијарди евра, пренесува „Билд“. Инспекторите објавија дека тоа е најголемата заплена на кокаин во Германија. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени. Рациите се извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија. Засега не се […]

Доналд Трамп и Џозеф Бајден, најстарите претседателски кандидати во американската историја


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска полни 78 години, што, според американски медиуми, е пресвртница што ќе ги потсети американските гласачи дека двајцата кандидати на претстојните избори се најстарите кандидати во американската историја. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Американците се позагрижени за возраста на актуелниот претседател на САД, Џозеф Бајден, кој има 81 година, […]

Путин ќе ја запре војната ако Украина се откаже од НАТО и од анектираните територии


  Рускиот претседател Владимир Путин во петокот вети дека „веднаш“ ќе нареди прекин на огнот во Украина и ќе започне преговори, доколку Киев почне да ги повлекува трупите од четирите региони кои ги анектираше Москва во 2022 година и се откаже од плановите за приклучување кон НАТО. Ваквиот договор се чини дека не е почеток […]

Самитот за Украина ги привлече светските лидери, но нема да ја изолира Русија


Светските лидери ќе му се придружат на украинскиот претседател Володимир Зеленски овој викенд на самит на кој ќе се истражат опциите за ставање крај на најкрвавиот конфликт во Европа од Втората светска војна, но Русија не е поканета и настанот нема да ја исполни целта на Киев да ја изолира Москва. Американската потпретседателка Камала Харис, […]

Француските левичарски партии формираа „народен фронт“ за изборите


  Четирите главни левичарски партии во Франција се согласија да формираат „Народен фронт“ (НПФ) за предвремените избори, да водат кампања на заедничка платформа и да изнесат единствен кандидат во секоја изборна единица. Социјалистичката партија (ПС), Зелените, комунистите и Непокорна Франција (ЛФИ) предводена од крајниот левичар Жан-Лук Меланшон изјавија дека постигнале договор по неколкудневни тешки разговори […]

Украинска армија соборила седум проектили и 17 руски беспилотни летала


Украинската армија денеска соопшти дека соборила седум од 14 проектили и сите 17 беспилотни летала кои Русија ги лансираше во ноќниот напад. Силите за воздушна одбрана соборија седум од 10 крстосувачки ракети Kh-101/Kh-555. Во својот напад, Русија лансираше и три балистички ракети Искандер-М и една балистичка ракета Кинжал лансирана од воздух. Украинската армија собори цели […]

Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, на Куба и руски бродови


Подморница на американската морнарица вплови во заливот Гвантанамо, еден ден откако флота руски воени бродови пристигна во Куба и треба да учествува на воени вежби на Карибите. Американската јужна команда соопшти дека подморницата на нуклеарен погон УСС Хелена синоќа влегла во водите во близина на американската база на Куба, само еден ден откако руска фрегата, […]

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина


Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори. Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат […]

Француските левичарски партии излегуваат на избори во коалицијата „Народен фронт“


Француските левичарски партии соопштија дека постигнале договор за коалиција наречена Народен фронт, со која ќе учествуваат на претстојните избори што ги распиша претседателот Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент. Во соопштението на Француската комунистичка партија, Екологистите, Непокорна Франција […]

Шарл Мишел кова план Мицотакис да го преземе местото на Фон дер Лајен


  Шарл Мишел излезе со својот последен план за соборување на Урсула фон дер Лајен. Претседателот на Европскиот совет им ја пренесува идејата на лидерите на ЕУ дека грчкиот премиер Киријакос Мицотакис треба да ја преземе работата на Фон дер Лајен, изјавија за „Политико“ пет дипломати и официјални претставници на ЕУ на кои им беше […]

САД и Украина потпишаа долгорочен безбедносен договор на Г7


Претседателите на Соединетите Американски Држави и Украина денеска потпишаа договор со кој се утврдуваат долгорочните безбедносни односи на Вашингтон со Киев на маргините на Г7 што се одржува во јужна Италија, јави ДПА. Американскиот претседател Џо Бајден и украинскиот претседател Володимир Зеленски го потпишаа билатералниот договор што доаѓа откако 15 земји склучија слични долгорочни безбедносни […]

Прогласена вонредна состојба во САД – Опасно е по живот, пристигнуваат урагани


Гувернерот на Флорида Рон де Сантис денеска прогласи вонредна состојба во пет јужни окрузи на американската сојузна држава, откако обилните дождови ја поплавија областа во која живеат повеќе од осум милиони луѓе. Некои области, вклучително и делови од окрузите Бровард и Мајами-Даде, се изложени на ризик од поплави опасни по живот, соопшти Националната метеоролошка служба, […]

„Франкештајн дрога“ се шири низ Европа, луѓето умираат: 100 пати e посилна од хероинот


На европскиот пазар се појави нова синтетска дрога нитазен, која е сто пати посилна од хероинот и е одговорна за наглото зголемување на смртните случаи, па некои ја нарекуваат „Франкештајн дрога“. Новата синтетска дрога нитазен се повеќе продира на европскиот пазар на хероин и ги убива оние кои масовно ја земаат. Главно се наоѓа во […]

Тепачка во италијанскиот парламент


  Тепачка избувна во италијанскиот парламент во средата, при што еден пратеник беше однесен од салата во инвалидска количка. Тепачката започна за време на гласањето во Домот на пратениците, долниот дом на италијанскиот парламент, за контроверзниот предлог-закон на владата што го отвора патот да им се даде поголема автономија на италијанските региони. Како што се […]

Осум земји од ЕУ бараат да се ограничи движењето на руските дипломати


Осуммина министри за надворешни работи на Европската унија повикаа Унијата да им забрани на руските дипломати слободно да се движат низ блокот и да ги ограничи во земјите каде што се акредитирани. Тоа се наведува во писмо до шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел. „Слободното движење на сопственици на руски дипломатски и службени […]

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради непочитување на правилата за азил


Европскиот суд на правдата и нареди на Унгарија да плати казна од 200 милиони евра и уште еден милион евра дневно доцнење поради непочитување на правилата за азил на Европската унија. Во декември 2020 година, судот пресуди дека Унгарија не ја почитувала политиката на Унијата за доделување меѓународна заштита и враќање на илегалните мигранти. „Судот […]

Бројот на присилно раселени лица бележи рекорди – лани 120 милиони


Присилното раселување се искачи на највисоко ново ниво во светот минатата и оваа година, покажуваат податоците од  годишниот Извештај од 2024 за глобалните трендови, клучна публикација на Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР. Во извештајот се посочува дека растот во глобалното присилно раселување се искачил на 120 милиони лица до мај 2024 година, кое како што […]

Судот на ЕУ ја казни Унгарија со 200 милиони евра поради кршење на правата на барателите на азил


Судот на ЕУ денеска ја казни Унгарија со 200 милиони евра затоа што не ја спроведе претходната пресуда со која беше осудена за кршење на правата на барателите на азил. Во декември 2020 година, Судот на ЕУ пресуди дека Унгарија не го почитува правото на Унијата во областа на, меѓу другото, процедурите за признавање на […]