Прекинато работењето на француската нуклеарна централа поради топлотен бран


 Нуклеарна централа во Франција го прекина работењето поради „еколошки ограничувања“ поврзани со топлотниот бран, изјави нејзиниот портпарол. Нуклеарната централа Голфеш, која се наоѓа на југозападот од земјата, има два реактори со вода под притисок од 1,3 гигавати и ги користи водите на реката Гарон за ладење на своите реактори. Еден реактор е исклучен после полноќ […]

Украински дронови го претвораат Крим во пламен и чад


  Во ноќта на 23 јуни, украински дронови започнаа масовен напад врз цели во анектираниот Крим. Според украинскиот ресурс за следење „Супернова“, погодена е големата електрична трафостаница во округот Советски. Според сателитските снимки на НАСА, во објектот избувнал пожар. Претплатниците на каналот на Телеграм „Кримски ветер“ пријавиле „силна експлозија“ во округот Советски околу 2 часот […]

Најтопла ноќ во Франција откако се мерат температурите


  Франција ја доживеа својата најжешка ноќ од понеделникот до вторникот откако започнаа мерењата во 1947 година, соопшти националната метеоролошка агенција. Националниот индикатор за температура – просек од мерењата од 30 станици низ цела Франција – достигна 21,6 Целзиусови степени, според прелиминарните бројки направени во вторник наутро. Претходниот рекорд беше 21,4 Целзиусови степени, поставен на […]

Јужна Кореја е подготвена да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина


 Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина. – Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението […]

Чешка ќе ги забрани мобилните телефони во училиштата


Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со […]

Естонија го доби првиот германски систем за ПВО, ИРИС-Т


Талин – Естонија вчера го доби својот прв систем за воздушна одбрана со среден дострел ИРИС-Т, произведен во Германија, соопшти естонската армија. – Ова е важен ден за естонските вооружени сили и естонските воздухопловни сили. Тукушто го започнуваме нашето патување кон зајакнување на нашата воздушна одбрана и иако може да ни требаат месеци за да ја […]

Конфликт во Прага: Владата го исклучи претседателот Павел од делегацијата за Самитот на НАТО


Чешката влада денеска соопшти дека нема да го вклучи претседателот Петр Павел, поранешен висок функционер на НАТО, во чешката делегација за самитот на Алијансата следниот месец, со што ја наруши традицијата и предизвика правна битка со државниот врв. Премиерот Андреј Бабиш, лидер на популистичката партија „Акција на незадоволните граѓани“ (АНО), кој ги загуби претседателските избори […]

Иран тврди дека нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД


Иран за време на разговорите со Соединетите Американски Држави во Швајцарија не преговарал за својата нуклеарна програма, ниту, пак, прифатил какви било нови обврски – изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, за иранската новинска агенција ИРНА. Тој истовремено наведе дека соработката на Техеран со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) […]

Австралиската полиција заплени кокаин во вредност од 500 милиони евра


Австралиската полиција заплени 2,7 тони кокаин скриени во подземен систем од скривници во западниот дел на Сиднеј, јави денеска Би-Би-Си, истакнувајќи дека ова е најголемата ваква операција во историјата на земјата. Наркотиците, чија приближна пазарна вредност се проценува на 816 милиони австралиски долари (околу 500 милиони евра), биле откриени во петокот, сокриени под двојни подови […]

Маѓар најави уставни измени за смена на унгарскиот претседател Суљок


Будимпешта – Унгарскиот премиер Петер Маѓар, на вонредна седница на Парламентот – изјави дека неговата влада ќе иницира уставни измени за разрешување на претседателот на земјата, Тамаш Суљок. Локални медиуми посочуваат дека владата ќе ја започне уставната реформа наесен. Во своето обраќање пред пратениците, премиерот нагласи дека неговиот кабинет ќе преземе и широк спектар економски, […]

Стармер поднесе оставка, Бернам го чека крунисувањето за премиер


  Две години по големата изборна победа британскиот премиер Кир Стармер денеска поднесе оставка осрамотен поради драматично големата непопуларност во земјата и неколкуте големи изборни порази на локалните избори. Во емотивно обраќање пред Даунинг стрит 10, на кое не му недостасуваа и солзи, Старемр рече дека ќе се повлече од функцијата лидер на Лабуристите и […]

Екстремен топлотен бран во Европа, температури до 45° Ц. И тоа е само почеток


  Западна Европа е погодена од жесток топлотен бран за кој се очекува да ги сруши температурните рекорди. Половина од Франција е под црвена тревога, железничките услуги во Белгија се прекинати, а спортските настани во Шпанија и Германија се откажани или одложени. Француските власти во понеделник издадоа највисока црвена тревога за 49 од 96 континентални […]

Поранешен шпански министер за транспорт осуден на 24 години затвор, местел тендери за време на Ковид-19


Врховниот суд на Шпанија денеска го осуди поранешниот министер за транспорт Хосе Луис Абалос на 24 години затвор поради корупција, што претставува прва пресуда од серијата скандали кои ја засегаат владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија. Абалос беше прогласен за виновен по обвиненијата за учество во криминална организација, примање поткуп, злоупотреба на средства и за трговија […]

Трамп го поддржа, десничарот де ла Есприела победи на изборите во Колумбија


  Десничарскиот кандидат Абелардо де ла Есприела тесно победи на претседателските избори во Колумбија, покажува првичното пребројување на гласовите, што означува драматична промена во начинот на кој владата ќе се справи со внатрешниот вооружен конфликт и насилство во земјата. Де ла Есприела, кој беше поддржан од Доналд Трамп, вети воена акција против нелегалните вооружени групи, […]

Во Иран измерени речиси 50 степени, минус 70 степени на Антарктикот


Највисока температура од 49,8 степени е измерена во градот Омдије во Иран во последните 24 часа, објавено е на веб-страницата Огимет, која од интернет собира податоци за времето од целиот свет. Најстудено во светот во последните 24 часа беше во поларната станица Амундсен-Скот на Антарктикот, каде се измерени минус 69,8 степени. Најмногу дожд наврна во Череповец, […]

Лошо почнаа, но разговорите меѓу Иран и САД завршија со „прогрес“


  Министерот за надворешни работи на Иран прогласи „напредок“ откако првиот ден од разговорите меѓу високи функционери од Вашингтон и Техеран заврши во Швајцарија, и покрај напнатиот почеток обележан со заканите на Доналд Трамп за повторно започнување на нападите. Во заедничка изјава од медијаторите Катар и Пакистан се вели дека САД и Иран се согласиле […]

Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со САД во протест околу заканите на Трамп


  Иранските преговарачи ги прекинаа разговорите со висок ризик со САД во Швајцарија во знак на протест поради низата закани упатени од Трамп за бомбардирање на Иран, па дури и за киднапирање на иранскиот преговарачки тим доколку Ормускиот теснец не се отвори повторно. Не беше јасно дали одлуката на Иран беше траен или симболичен протест. […]

Складовите за нафта на Крим горат, запрена е продажбата на бензин


  Во анектираниот Крим, по украинските напади врз нафтено складиште и фериботски премин во Керч, продажбата на гориво на граѓаните и бизнисите е целосно суспендирана. Ограничувањата стапија на сила во 9 часот наутро на 21 јуни за физички и правни лица, според Сергеј Аксјонов, „гувернер“ на регионот назначен од Русија. Бензинот и дизел горивото се […]

Трамп повторно во гневен филм: „Ако го затворите нема ни да се вратите во својата е***а држава“


  Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за Фокс њуз во неделата упати остро предупредување до Иран во врска со Ормускиот теснец, заканувајќи се дека ќе ги „разнесе во воздух“ ако Техеран го затвори виталниот воден пат, објави Фокс њуз. Трамп разговараше со главниот странски дописник на Фокс њуз, Треј Јингст, велејќи дека упатил директно предупредување […]

Кир Стармер ќе поднесе оставка в понеделник како британски премиер


  Се очекува Кир Стармер во понеделник да објави дека ќе се повлече од функцијата британски премиер, по огромниот притисок од пратениците на Лабуристичката партија да му се направи место на Енди Бернам да стане лидер на Лабуристичката партија. Премиерот и неговите сојузници со недели инсистираа дека ќе се борат против лидерскиот предизвик од Бернам […]